Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва


 На северот на Авганистан синоќа се урна руски цивилен авион „Фалкон 10“, а според првичните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници , пренесуваат руските медиуми. Британските медиуми пренесуваат дека авганистанската полиција добила информации за пад на авион во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област. Таа засега нема потврда за типот […]

Белгија ќе се приклучи на европскиот проект за производство на борбени авиони на иднината


Во следните недели Белгија ќе се приклучи на проектот за производство на европските борбени авиони од следната генерација, наречен Борбен воздухопловен систем на иднината (ФЦАС), најави белгиската министерка за одбрана Лудивин Дедондер.   – Белгија ќе биде подготвена да го потврди својот статус на набљудувач во програмата ФЦАС за неколку недели и да им се […]

Авион на „Алјаска ерлајнс“ принудно слетал откако во лет му се откачиле прозорец и дел од трупот


 Авион „Boеing 737-9 Max“ на „Алјаска ерлајнс“ вчера принудно слетал во американската држава Орегон откако му испаднале еден прозорец и дел од трупот на височина од 5.000 метри, набргу по полетувањето. Авиокомпанијата објави дека авионот со 174 патници и шест члена на екипажот слетал безбедно, пренесува Бета. – Се случи инцидент на летот на авиокомпаниите […]

Како современите материјали и процедури ги спасија животите на 379 патници на аеродромот во Токио


Воздухопловни експерти ја анализираа авионската несреќа што се случи на аеродромот во Токио и конкретно се осврнаа на фактот дека современите материјали всушност ги спасиле патниците од речиси сигурна смрт. Според анализа на британски Телеграф, ова е првпат Ербас А350 да биде уништен во несреќа. „Овој модел е првиот патнички авион кој е направен главно […]

(Видео) Во сударот на два авиона во Токио загинаа пет лица


  Пет лица во авион на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио загинаа како последица на судир со патнички авион, потврди полицијата, јавува телевизијата NHK. Во авионот Bombardier Dash-8 на крајбрежната стража, кој требало да донесе помош за жртвите од земјотресот, имало шест лица. Авион на Japan Airlines се судри со авионот на крајбрежната […]

Патување низ времето е можно: Овие патници полетаа на 1 јануари, а слетаа на 31 декември


Летот на „Ал Нипон Ервејс“ од Токио до Лос Анџелес полета на 1 јануари 2024 година и слета на 31 декември 2023 година. Имајќи ја предвид големата временска разлика меѓу овие два града, патниците кои биле на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и […]

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада. „Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори […]

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион


Според еколошката организација Гринпис, патувањето со воз е генерално поскапо од патувањето со авион. Како што покажа анализата, системот поттикнува и користење на авиони за време на празниците, иако, според нив, тоа е спорно од еколошки аспект. Тие ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки. Во декември, Гринпис ги спореди трошоците за железничко и […]

Јутјуберот Тревор Џејкоб мора да оди во затвор за намерно уривање на авион


Случајот со познатиот јутјубер Тревор Џејкоб заврши со пресуда според која тој треба да помине шест месеци во федерален затвор откако намерно урнал авион заради гледаност. Поранешниот олимпиец призна дека ги лажел инспекторите и отстранувал докази. Сега конечно треба да заврши долгата истрага, при што Џејкоб ја изгубил пилотската дозвола. Сè започна во декември 2021 […]

Велика Британија испраќа авиони над Газа, ќе се обидат да ги лоцираат заложниците


Велика Британија ќе му помогне на Израел да бара заложници на Хамас во Појасот Газа, објави британската влада. „Како поддршка на активностите за спасување заложници, Министерството за одбрана на ОК ќе спроведе воздушни патроли над источниот Медитеран, вклучително и операции во воздушниот простор над Израел и Газа“, соопшти вчера вечерта британската влада. Претставници на Министерството […]

(Фото) Авион од Лондон полета со четири скршени стакла, два немаа стакло


 Авион на Ербас А321 полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“ минатиот месец со оштетени два прозорци, додека другите два се водат за исчезнати, според британските истражители на воздушни несреќи. Девет патници и 11 членови на екипажот се наоѓале во авионот кој летал за меѓународниот аеродром „Орландо“ во Флорида на 4 октомври, со штета предизвикана од осветлувањето […]

Во Австрија се сруши авион кој полетал од Загреб, има загинати


Полицијата соопшти дека четири лица загинале кога мал спортски авион се урна во Лунгау, централна Австрија. Авионот летал од Загреб за Салцбург. Авионот Цирус СР-20 полетал во четвртокот од главниот град на Хрватска нешто пред 14 часот, додека дестинацијата бил аеродромот во Салцбург. Околу 15:45 часот авионот се урнал во шума на непрооден планински гребен. […]

Обезбеден бесплатен лет за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје


Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба.   Во услови на целосно откажани летови […]

Се урна мал авион во Грција, загина пилотот


 Во аероклубот во близина на грчкиот град Тива, претпладнево се урнал мал авион со еден мотор, а загинал пилотот, јави дописничката на МИА од Атина.  Причините за несреќата засега официјално не се познати, а според грчката државна телевизија ЕРТ, се појавил проблем при полетувањето. Веднаш по падот, како што соопшти Противпожарната служба на Грција, интервенирале […]

Единствениот авион направен во Македонија „Илинденка“ се врати дома


Првата македонска високо-способна возухопловна едрилица од стандардна класа „Илинденка“, произведена од „20 Мај“ од Скопје се врати во земјава и ќе биде изложена за време на аеромитингот по повод 100 години македонска авијација во сабота на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје. Проектант и конструктор на едрилицата бил инженерот Мирослав Илиќ, а таа за прв пат […]

Авион на „Ер Чајна“ принудно слетал во Сингапур поради чад во кабината, девет лица се повредени


 Девет патници се повредени кога во авион на „Ер Чајна“ поради пожар на моторот влегол чад во кабината и поради тоа принудно слетал во Сингапур каде патниците се евакуирани, соопштено е утринава. -Ербас А320 со 146 патници и девет членови на екипажот принудно слета вчера околу 16 часот и 15 минути, објави Аеродромската управа на […]

Се урна авион со кој се откри полот на бебе, пилотот загина


Забава која млада брачна двојка ја организираше во Мексико за да го открие полот на бебето заврши катастрофално. Двојката најмила мал авион „цесна“ кој требало да прелета, да испушти сина или розова пудра и на тој начин да им открие на гостите дали се работи за момче или девојче. Толпата го чекала авионот покрај знакот […]

Драма на небото: Авион принудно слета на аеродромот во Белград, кружеше со спуштени тркала


Авионот кој патувал од Истанбул за Париз слетал на белградскиот аеродром. Сепак, на успешното слетување му претходела вистинска драма на небото, а сведоците на социјалните мрежи споделија снимки од обидот на пилотот безбедно да го приземји патничкиот авион и шпекулираа која би можела да биде причината за драмата на небото. „Се претпоставува дека на еден […]

„Кореја ер“, освен багажот, ќе ги мери и патниците


 Јужнокорејската национална авиокомпанија „Кореја ер“ почна да ја мери и тежината на патниците, заедно со багажот при качувањето на авионот. Во соопштението на компанијата се наведува дека тоа сѐ тоа е согласно решението на Министерството за инфраструктура и транспорт на Јужна Кореја, коешто со оваа одлука цели кон поголема безбедност во воздушниот сообраќај. Станува збор […]

Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот


Мал авион се урнал во близина на Белград кај Батајница околу пладне, а екипи на Брзата помош и противпожарната бригада веднаш излегле на терен. Според информациите на српските медиуми, безживотното тело на едно лице е пронајдено во полињата со пченка, недалеку каде се урнал авионот. Најверојатно станува збор за пилотот, кој претходно побарал помош бидејќи […]