Скопје авионски ќе се поврзе со Анкара, ќе има и карго железничка линија


Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу, резултураа со договори за воспоставување на директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување меѓу двете земји, објави на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамики на на македонско-турскиот […]

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“


 На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови […]

„Aџет“ од јули ќе лета директно од Скопје до Бодрум


Нискобуџетната авиокомпанија „Aџет“ (АJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“. Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат од 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток. „Aџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува […]

ТАВ Македонија: Уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром, овојпат до Штутгарт


Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз ер отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата ADP. „Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ […]

Нова авиолинија: Од 31 октомври ќе се лета од Скопје до Ларнака


Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. – На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова […]

ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона


  Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска  на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто споредпретходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.  Спореднајавите, летови за Барселона ќе […]

Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје на компанијата „Изиџет“


 На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.  Од ТАВ Македонија велат дека со оваа нова авиолинија, патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на […]

Од март 2025 повторно авиолинија меѓу Скопје и Амстердам


Нискобуџетната авиокомпанија „Трансавиа“ (Transavia) ќе започне со работа меѓу Амстердам и Скопје следниот март. Како што пишува специјализираниот портал Екс-Ју авијација овие два града ќе бидат поврзани со редовен авиопревоз по пауза од 17 години, односно од септември 2008 година. Подружницата Ер Франс – КЛМ ќе започне со летови од аеродромот Шипхол до Мешународниот аеродром […]

Авиолинија Скопје-Крф од 1 јуни со Ејџијан Ерлајнс


Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф  ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа  летна дестинација ќе трае еден час и 15-тина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми. На линијата Скопје-Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија Ејџијан Ерлајс, до крајот на септември, со две неделни фреквенции, […]

„Луфтханза“ викендов ја стартува авиолинијата Скопје – Франкфурт


 На Меѓународниот aеродром Скопје, во недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар. Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром. Предвидено е […]

Отворена иницијатива за сезонска авиолинија Белград – Охрид


Воведување авиолинија на релацијата Белград-Охрид која би оперирала два пати неделно и би имала сезонски карактер, било во фокусот на средбата  во Белград на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Северна Македонија Љупчо Јаневски, со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија и Бошко […]

Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир од утре


Нова сезонска авиолинија Скопје-Измир почнува од утре. Пегасус ерлајнс (Pegasus Airlines) и Санекспрес (Sunexpress), ќе летаат на оваа авио-рута, во текот на целата летна сезона, од почетокот на јуни до крајот на октомври. -Задоволни сме што се отвора оваа сезонска авиолинија, меѓу Скопје и Измир, како еден од главните туристички центри на Турција, до кој […]

Од утре редовна авиолинија Софија-Скопје


Редовната авиолинија Софија-Скопје-Софија стартува утре. Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“. Авионското поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се […]

Бочварски и Гарсија разговараа за обновување на авиолинијата Скопје – Барселона


Прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, било отворено на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Шпанија во државава Хозе Луиз Лозано Гарсија. Бочварски го запознал Гарсија со инфраструктурните проекти во земјава, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата, и ги повикал шпанските […]

Се преговара со авиокомпании за воведување авиолинија Софија-Скопје


Премиерот на Бугарија Кирил Петков побара да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја, изјави министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев на состанокот на Комитетот за транспорт во Националното Собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Сабев рече дека бил поканет од премиерот […]

Скопје и Варшава од 1 јуни ќе бидат поврзани со директна авиолинија


Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, објавија денеска ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс. Летови на оваа линија ќе има речиси секој ден, односно шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, […]