Skip to content
28/08/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Скрининг-тестирање ќе покаже каков е имунитетот на населението на КОВИД-19

11/02/2022 07:29

 

Од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните активности.Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални  податоци за имунизацијата во вој момент.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера информираше дека вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет. Тогаш, како што кажа, нивниот имунитет се должеше исклучиво на прележаната болест.

-Тестирањето ќе го почнеме од понеделник и ако не собереме доволен број испитаници ќе го продолжиме и за следната недела. Очекуваме да дознаеме во овој момент, една година после првото истражување, каква е серопреваленцата односно колку од тестираните луѓе имаат некаков имунитет. Точно пред една година кога го правевме испитувањето немаше достапни вакцини и тие триесеттина отсто серопозитивни се должеа исклучиво на прележана болест. Сега има многу повеќе прележани и вакцинирани, така што ќе добиеме некаква насока, рече Петличковски.

Со илјада испитаници од Скопје или две до три илјади од земјава, нагласи, нема да имаме најпрецизни податоци, но, ќе имаме патоказ на каде се движиме, а тоа ни е неопходно за да може да ги планираме следните мерки како Комисија и како држава.

Во последното деноноќие од направени 3.824 тестови беа регистрирани 1.409 нови случаи на КОВИД-19, меѓу кои 206 реинфекции, како и 1.455 оздравени пациенти. Регистрирани беа и 18 починати лица, сите во болнички услови на возраст од 54 до 90 години. Дополнително согласно регистарот од Мој Термин пријавени беа и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, на возраст од 40 до 89 година од кои четири починале во болнички, а шест во домашни услови. Од 28-те починати лица,  17 биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Најмногу од новозаболените 783 се од Скопје, по што следи Битола со 76, Куманово – 67, Кавадарци – 55, Тетово – 50, Велес – 45, Прилеп и Гостивар – по 42, Струмица и Неготино – по 30, Гевгелија – 24, Охрид – 21, Штип и Кичево – по 19, Кочани – 14, Ресен – 13, Крива Паланка – 12, Валандово – 11, Радовиш – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6, Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5, Берово и Богданци – по 4, Дебар и Пробиштип – по 2, Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1.

Скопје има и најмногу оздравени пациенти – 298, Битола – 129, Кавадарци – 123, Куманово – 112, Тетово – 98, Гостивар – 77, Велес – 76, Прилеп – 72, Струмица – 51, Валандово – 42, Неготино – 40, Штип – 39, Охрид – 37, Гевгелија – 35, Кичево – 34, Радовиш – 28, Ресен и Крива Паланка – по 21, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Струга – 14, Богданци – 13, Дебар – 12, Делчево – 9, Демир Капија и Демир Хисар – по 8, Виница – 7, Дојран и Крушево – по 3, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Од почетокот на епидемијата во земјава се дијагностицирани  283.547 заразени со КОВИД-19, 263.196 оздравени пациенти и 8.686 починати, а бројот на активни случаи изнесува 11.665. Најмногу активни случаи 6.955 во моментов има Скопје, а најмалку седум има Дојран.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 


Поврзани содржини

Од утринава почна метежот на ГП ,,Богородица” за влез во Грција
27/08/2026 11:08
Герасимовски со есенска офанзива ќе ги лоцира сите проблеми во Центар
27/08/2026 10:08
Секојдневно се миело околу контејнерите!? „Комунална хигиена“ убедува – никој не верува
27/08/2026 09:08
ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола
27/08/2026 08:08

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“
27/08/2026 07:08
Презентација на информации поврзани со досегашните истражувања на локалитетот „Пенелопа“ во Охрид
27/08/2026 07:08
Денеска ќе бидат објавени конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ
27/08/2026 07:08
Топло со умерена локална облачност, попладне нестабилно
27/08/2026 07:08

Најчитани


  • Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни
    25/08/2026 14:49
  • Земјоделците на нов протест за „ајварката“. Мицкоски повикан на „екскурзија до Струмица“
    24/08/2026 11:36
  • Научници нурнаа на дното на океанот и се запрепастија од она што го открија
    23/08/2026 20:33
  • „Пародија“ во Струмица – МВР ќе ги казнува земјоделците што ќе протестираат со нерегистрирани трактори
    25/08/2026 10:46
  • Таткото на големата лага
    24/08/2026 08:08
  • На денешен ден пред 97 години, Скопје било погодено од големата поплава
    23/08/2026 15:17

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење