Променет режим на сообраќај на патиштата Скопје – Неготино и Ресен – Битола
На патот Скопје – Неготино во наредните 30 дена ќе се врши електрично осветлување на крстосницата Велес – Југ , додека на делницата Ресен – Битола каде ќе има градежни активности при поставување индуктивни јамки промената на режимот на сообраќај ќе трае еден ден.