Потопло и стабилно време, од понеделник дожд
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од дожд ќе има од понеделник до среда, кога се очекуваат и громотевици.
Утринската температура ќе биде во интервал од минус еден до четири степени, а дневната од 13 до 24 степени.