Официјално претставена новата генерација на „Самсунг“ телефони на преклоп


  По глобалната премиера на традиционалниот настан Unpaked кој се одржа минатата недела, вчера во Скопје беше свечено претставена новата серија на телефони на преклопување, серијата Samsung Galaxy Z. Посетителите имаа можност да ги пробаат уредите Galaxy Z Fold4 и Z Flip4, како и паметните часовници од најновата серија Galaxy Watch5 и безжични слушалки Galaxy […]

Фејсбук и Инстаграм отстранија сметки на антиваксерска организација предводена од Роберт Кенеди Јуниор


  САД– Компанијата Мета,   сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, ги отстрани од тие платформи сметките на влијателната американска антиваксерска организација „Заштита на здравјето на децата“, предводена од Роберт Кенеди Јуниор, внук на убиениот претседател Џон Кенеди. Организацијата ја критикува безбедноста на вакцините против Ковид-19. Мета објави дека ги отстранува сметките поради постојано прекршување на […]

Џиновската ракета на НАСА висока 98 метри подготвена за првата вселенска мисија


  Огромната месечева ракета на НАСА, „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System) го почна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа денеска додека се подготвува нејзиното прво пробно испраќање на Месечината за нешто помалку од две седмици. Ракетата висока 98 метри треба да отпатува на својата прва вселенска мисија на Месечината без екипаж на […]

Роскосмос откри модел од новата руска вселенска станица во развој


  Откако Русија објави дека има намера и одлука за напуштање на Меѓународната вселенска станица (МВС), сега руската државна вселенска агенција Роскосмос посочи и како ќе изгледа нејзината нова станица во развој, т.е. претстави модел од неа. Станува збор за руската вселенска станица наречена РОСС, која ќе биде лансирана во две етапи – за почеток […]

„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата


  Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето  од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. Мрежата Старлинк […]

Млазните струи и топлотните бранови: каква е врската?


  Млазните ветришта или струи (jet streams) – силните ветрови над Земјата – го поттикнуваат зголемениот број топлотни бранови што ги доживува светот, велат научниците. Доказите сугерираат дека промените во однесувањето на млазните струи се поврзани со зголемувањето на температурите на Арктикот. Што се млазни струи? Млазните струи опстојуваат во горните делови на атмосферата и […]

Русија наскоро ќе претстави нов проектил, лета со брзина од 1000 км/ч


  Рускиот државен производител на оружје КТРВ најави дека во рамки на меѓународниот форум Војска-2022 прв пат ќе претстави нова крстосувачка воздушна ракета Kh-69. „Што се однесува до тој производ, на форумотВБојска-2022 прв пат ќе ја претставиме повеќенаменската, нископрофилна, високопрецизна крстосувачка ракета Kh-69″, објави корпорацијата. Проектилите Kh-69 се дизајнирани за уништување широк спектар на стационирани […]

Кога си вљубеник во „бе-ем-ве“, па мора да имаш и соодветна камп-куќичка


  Полицијата сопрела возач со необична приколка, но по проверката го пуштиле да продолжи. Оваа оригинална камп-приколка, која полицијата ја сопрела во германскиот град хаген, се состои од два заварени задни дела на „бе-ем-ве“ серија 3 туринг (легендарната серија Е30). За сѐ стилски да биде дотерано и возилото кое ја влече приколката исто така е […]

Колку и како се заработува на Инстаграм


Инфлуенсерите и активните корисници можат да заработат илјадници долари за објави на Инстаграм. Како резултат на тоа, добро познатите личности со голем број следбеници добиваат големи зделки, додека други се борат да ги зголемат своите следбеници, репутација, ангажман и многу повеќе. Но, колку навистина можете да заработите на Инстаграм и кои корисници влијаат на тоа? […]

(Видео) Кина дозволи да се возат автомобили без возач, еве како изгледа тоа


Иако голем број прототипови на возила без возач веќе успешно ги поминаа првите тестови на јавните патишта, овој пример досега е најблиску до она што не очекува во иднина. Deeproute.ai објави видео од тест рута, каде што прототипот на автономно возило успешно ги надминува сите предизвици во возењето без учество на возачот. На пробната патека […]

Во Помпеа откриен животот на средната класа


  Археолозите открија ќетири нови соби во куќа во Помпеа полни со садови, амфори и други секојдневни предмети, давајќи слика за животот на средната класа во моментот кога ерупција на вулканот Везув го затрупала римскиот град во 79 година. Остатоци од тањири, на брзина испразнет ковчег, кревет и пламеници за парфеми од теракота во облик […]

Русија ќе ги шпионира Американците и во вселената


Русија го лансираше својот нов воен сателит чија цел е да ги шпионира американските воени сателити во орбитата. Според неговата траекторија, тој треба веќе да е пристигнат на својата дестинација. Гласините се појавија уште пред лансирањето на сателитот, а се вели дека станува збор за „инспекторски сателит“ специјално дизајниран да ги шпионира другите сателити и […]

Зошто Елон Маск лансира илјадници сателити во орбитата?


Компанијата на Елон Маск, „Спејс икс“, во орбитата лансираше илјадници сателити. Многумина велат дека ги виделе на небото. Сателитите се дел од проектот „Старлинк“, чија цел е пружање интернет услуги од вселената до оддалечените места на Земјата. „Старлинк“ пружа интернет услуги по пат на огромна мрежа сателити и наменет е за луѓето кои живеат во […]

НАСА ќе испрати два нови хеликоптери на Марс за транспорт на примероци


 По успешното тестирање на Инџинуити (генијалност), малиот хеликоптер што го придружуваше роверот на НАСА до Марс, американската вселенска агенција НАСА сака да испрати уште два мини хеликоптери на Црвената планета. Двата хеликоптери потенцијално би можеле да помогнат во собирањето примероци што ќе се вратат на Земјата, објавија на прес конференција НАСА и Европската вселенска агенција […]

Периодот поминат во играње видеоигри не влијае на чувството на среќа


  Истражувањето спроведено на повеќе од 39.000 испитаниви кои играат компјутерски игри покажа дека речиси и да нема докази оти времето поминато пред компјутер влијае на чувството на среќа и задоволство. Некој би морал да игра по 10 часа дневно повеќе од инаку за да забележи каква и да е разлика, со тоа дека веројатно […]

Во Ангола ископан розов дијамант, најголем во последните 300 години


Рударите во Ангола, ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголем пронајден во последните 300 години. Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола наведе дека розовиот дијамант од 170 карати наречен е Луло роуз. Дијамантот е пронајден во рудникот Луло на североистокот на земјата кој е богат со дијаманти и е еден од најголемите […]

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата


За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите. Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите […]

ЕСА објави нови фотографии од Марс


Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс. Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија – на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од Земјината пустина Сахара […]

Робот му скрши прст на момче на шаховски турнир во Москва


На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат. Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми. Ова го потврди […]

Милијардерот Сергеј Брин се разведува поради Илон Маск


  САД – Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка […]