Нобеловата награда за физика во рацете на Аспе, Клаузер и Цајлингер


Добитници на годинашната Нобелова награда за физика се Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингер за нивната пионерска работа во квантната механика, соопшти денеска Нобеловиот комитет. Нивните резултати го отворија патот за нова технологија заснована на квантни информации, се вели во соопштението. „Ефектите на квантната механика почнуваат да наоѓаат примени, а сега […]

Универзален полнач за сите мобилни уреди од есен 2024 година


Од есента 2024 година, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им треба различен уред и кабел за полнење на своите мобилни уреди секогаш кога ќе купат нов, и ќе можат да користат еден полнач за сите нивни преносни електронски уреди со мала и средна големина. Ова законско решение денеска се усвојува во Европскиот парламент, […]

Нобеловата награда за медицина за истражувањето на ДНК на неандерталецот


Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција. Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер […]

Од утре почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловите награди


Со објавување на имињата на лауреатите за медицина, утре почнува годинашната сезона на добитници на Нобеловите награди. Традиционално најголемо внимание привлекуваат наградите за мир и литература. Според традицијата, името на добитникот на Нобеловата награда за медицина ќе биде објавено утре, во вторник за физика, во среда за хемија, во четврток за литература и во петок […]

Во Скопје стартуваше 48-часовниот хакатон „НАСА спејс апс челинџ 2022“


  Денеска стартуваше 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата, професори и наставници. На отворањето се обратија Ирена Чаушевска Даниловска лидер на натпреварот во Македонија, како и Марлин Најс, Советникот […]

Почнува 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge


 Скопје викендов 10. пат е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge кој почнува денеска и ќе трае до 2 октомври. Хакатонот е можност за двајца учесници од победничкиот тим да ја посетат NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД, заедно со нивниот ментор. Официјалното отворање е денеска од 12:00 до 14:00 […]

Дали наскоро ќе возиме автомобили со предно стоп светло?


Предното стоп светло е наменето за пешаците и велосипедистите, но и за другите возачи. Едно од главните правила за безбедност на патиштата е да видиш и да бидеш виден. Ова мото го следи Lumaco Innovations AG, кои осмислија систем за предно стоп светло, кое се пали кога возачот ќе стисне на педалата за кочење. Основачот […]

Тик-ток за три месеци отстранил 113 милиони клипови


Социјалната мрежа  Тик-ток отстрани повеќе од 113 милиони клипови помеѓу април и јуни оваа година, според кварталниот извештај на компанијата. Бројни клипови се отстранети поради прекршување на условите за користење, но ова е само мал процент во споредба со количината на содржина што е објавена на Тик-ток. Поточно, 113 милиони клипови претставуваат само 1% од […]

Мобилна телефонија во Европа може да биде во прекин поради рестрикции на струја


Мобилните мрежи во Европа би можеле привремено да останат без напојување со електрична енергија оваа зима доколку владите се одлучат на мерки за ограничување на потрошувачката на струја, предупредуваат извори од телекомуникацискиот сектор. Официјални претставници на телекомуникацискиот сектор стравуваат дека тешката зима може да ја стави на тест европската телекомуникациска инфраструктура и да ги принуди […]

Вирус што го убива ракот за првпат тестиран на луѓе и покажува одлични резултати


Медицината секој ден сè повеќе напредува, а тоа го покажуваат истражувањата на научниците кои постојано доаѓаат до нови откритија. Овојпат добри вести доаѓаат од Велика Британија, каде што научниците дојдоа до неверојатно откритие – вирус кој во иднина би можел да лекува рак. Новиот тип на терапија, кој користи вирус чија цел е да ги […]

Џеј Лено го тестираше електромобилот на Римац – „Невера“


  Електромобилот „Римац Невера“ е наводно еден од најбрзите автомобили што некогаш бил паркиран во познатата гаража на американскиот комичар, сатиричар и ТВ-водител Џеј Лено. Неговиот суд и впечатоци важат за ценети и вреднувани од многумина, а доказ за тоа е гледаноста на неговите видеа на Јутјуб. Познатиот шоумен сега ја испроба и „Неверата“ на […]

Кај Прага ископана таинствена структура постара од Стоунхенџ и од пирамидите


  Археолозите во плизина на Прага во Чешка, открија остатоци од каменото доба која е постара од Стоунхенџ, па дури и од египетските пирамиди – таинствен комплекс познат како рондела. За сега уште не е позната точната намена на оваа структура стара речиси 7.000 години, но можеби локалното земјоделско население од тој период ја користело […]

Сонда на НАСА треба да се урне на астероид и да му го смени правецот


Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска ќе изврши проба со контролирано уривање на летало со цел менување на правецот на движење на астероид. Пробата се врши за да се изучат техники за менување на правец на астероид во случај на негов судир со Земјата. Вселенската сонда на НАСА наречена Двојна измена на правец на […]

Истражување на „Мајкрософт“: Шефовите мислат дека вработените помалку работат од дома


Новото истражување на технолошкиот гигант покажува дека вработените и шефовите не се согласуваат околу продуктивноста. Едно големо ново истражување на Microsoft покажува дека шефовите и вработените фундаментално не се согласуваат околу перформансите на вработените кои работат од дома. Шефовите се загрижени дали работата од дома е исто толку продуктивна како и работата во канцеларија. Додека […]

Достапна прва едиција стикери на македонски јазик на Инстаграм


Достапна е првата едиција стикери на македонски јазик за социјалната мрежа Инстаграм. Како што информираше министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, станува збор за 13 стикери кои можат да се најдат под рубриката ГИФ, со впишување на клучни зборови како: петок, petok, петокмие, petokmie. -Станува збор за фрази, зборови кои се дел од разговорниот јазик […]

Тесла повлекува повеќе од милион возила поради софтверски дефект и ризик од повреда


Tesla повлече повеќе од милион свои возила во Америка поради софтверски дефект. Имено, дошло до грешка во системот за автоматско спуштање на прозорците, што може да доведе до тоа возилото да не открие пречка, пишува Reuters. Системот за автоматско спуштање на прозорците работи така што спречува повреда на патниците во возилото – со запирање на […]

Саудиска Арабија ќе испрати астронаутка во вселената следната година


Саудиска Арабија објави дека следната година ќе ја испрати својата прва жена астронаут во вселената како дел од амбициозната вселенска програма, јави ДПА. Саудиската вселенска комисија во четвртокот започна програма за астронаути за обука на саудиските граѓани за краткорочни и долгорочни летови во вселената, објави Саудиската прес агенција. Првиот лет е планиран за 2023 година […]

Ракета „Сојуз“ со американски и двајца руски космонаути полета кон Меѓународната вселенска станица


Руска ракета од типот „Сојуз“ денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС), со екипаж од еден американски и двајца руски космонаути.   „Стабилноста на леталото е добра, екипажот се чувствува добро“, изјави коментаторот на „НАСА“ по полетувањето што директно  го пренесуваа порталите на американската и на руската вселенска агенција. […]

ОАЕ во ноември ќе лансираат ровер на Месечината


  Обединети Арапски Емирати (OAE) во ноември ќе го лансираат својот прв лунарен ровер, вселенско летало без екипаж, кое ќе ја проучува површината на Месечината, изјави денеска директорот на мисијата Хамад Ал Марзуд. Роверот, наречен Рашид по владејачкото семејство во Дубаи, ќе биде лансиран на ракетата „Фалкон 9 Спејс Икс“ од вселенскиот центар Кенеди на […]

Нема повеќе лажирање на километражата на половните автомобили?


Уредбата на Европската унија од 2017 година за заштита за манипулација со броењето километри сè уште се применува, додека пак истражувањето на Германскиот автоклуб (ADAC), докажува дека со километражата на новите автомобили и натаму може лесно да се манипулира. Меѓутоа, два германски произведувачи на автомобили сега тврдат дека имаат решение. Подесувањето на километражата денес е […]