Најголемата санта мраз, оди кон Екваторот


Според НАСА, најголемата санта мраз на светот, А-76А навлезе во преминот Дрејк – воден пат познат по брзите океански струи кај Антарктикот, кои може да го испратат леденото парче кон север – до неговото конечно топење. Ледениот брег, имено, е двојно поголем од Лондон. Тој е најголем на планетава и наскоро би можел да се […]

Дождот како можна заштита на градот од недостиг на вода


Дождот може да стане клучен природен извор за заштита на градовите од можен недостиг на вода. Холандската компанија „Вејвин“ (Wavin) веќе работи на тоа, па директорот Фрисо Клапвијк објасни за што се работи. – Единственото нешто што го правиме кога ќе почне да врне е отворање чадор, а дома ја пренасочуваме водата да тече во […]

„Невера“ на Римац е најбрз електричен автомобил на светот


„Невера“ им се испорачува на купувачите со најголема брзина од 350 километри на час. „Римац Невера“ развила брзина од 412 километри на час, што го прави овој модел најбрз електричен сериски автомобил на светот, пренесува „Аутоблог“. Како што објаснуваат од компанијата, посебно барале патека со овален облик со доволно долги рамнини за да и овозможи […]

ТикТок „падна“ низ светот


Услугите на социјалната мрежа ТикТок попладнево се недостапни за корисници ширум светот, објавија светските медиуми. Падот на апликацијата се случил околу 16 часот денеска по наше време. ТикТок се соочува со сериозни технички проблеми по вторпат во последниот месец. Апликацијата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на почетокот на овој месец беше недостапна […]

(Видео) Ракетата на НАСА полета кон Месечината


Новата пробна ракета на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли во мисија околу Месечината, што по 50 години и завршување на програмата „Аполо“ е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината, пренесе Бета. Доколку сè биде во ред за време на тринеделниот пробен лет, ракетата ќе ја […]

Во Канада пронајдена англиска паричка искована 70 години пред откривањето на Америка


  Откритието на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада може да ги доведе до историскиот наратив за првиот европски контакт во регионот, затоа што претходи на доаѓањето на истражувачот Џон Кабот на островот најмалку 70 години. Во соопштението за јавност минатата недела, Владата на Њуфаундленд и Лабрадор рече дека англиската паричка во […]

(Видео) Уред произведува струја од влажноста на воздухот


Група истражувачи од Националниот универзитет на Сингапур создале уред кој произведува електрична енергија од влажноста на воздухот, пишува Факултети.мк. Новиот уред содржи само морска сол, јаглеродно мастило и специјален гел што апсорбира вода. Уредот произведува електрична енергија кога јоните во морската сол се одвојуваат при апсорпцијата на водата, предизвикувајќи промени во површината и создавајќи електрично […]

Ракетата на НАСА треба утре да полета кон Месечината


Мисијата на НАСА на Месечината изминатиот период беше соочена со бројни проблеми што го одложија полетувањето, а сега лансирањето на „Артемис 1“ е закажано за утре, јавија дел од светските медиуми. Лансирањето се одложуваше поради проблеми со моторот, истекување на гориво, како и двата урагана што ја погодија Флорида. Опишана како најсилна и најсложена ракета […]

Генетски модифицирано растение ја врши работата на 30 прочистувачи на воздух


Француски стартап наречен Neoplants генетски модифицираше растение за да може да заврши работа заменувајќи 30 прочистувачи на воздух. Neoplants генетски го модифицирале растението Epipremnum aureum, или златен ползавец или ѓаволски бршлен, како и неговиот коренски микробиом за да го создадат Neo P1, моќен прочистувач на воздухот. Сега оваа супер ефикасна билка се појави на пазарот […]

Илон Маск на Г20 како Волшебникот од Оз: Вонземјани, длабоки тунели, транспорт на ракети


  Седејќи во мракот, облечен во традиционална индонезиска батик кошула и опкружен со свеќи, Илон Маск понуди визија за иднината која вклучува вонземјани, длабоки тунели и ракетен транспорт. Сопственикот на Твитер преку видео врска разговарал со бизнис лидерите на Бали на маргините на самитот на Г20, а само лицето и рацете можеле да му се […]

Вселенскиот авион „X-37B“ се врати на Земјата по рекордни 908 дена во вселената


Вселенскиот авион на Американските вселенски сили, „X-37B“ се врати на Земјата откако мина рекордни 908 дена во орбитата. Леталото слета во вселенскиот центар „Кенеди“ викендов, со што успешно ја заврши својата шеста мисија. Американската вселенска агенција НАСА не открива подробности за тоа што всушност, во вселената, прави вселенскиот авион на „Боинг“. Потврдено е само дека […]

Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“


Бранот нови платени таканаречени „blue tick” или (сина штикла) профили кои лажно се претставуваат како влијателни поединци и брендови доведе до сеопшт хаос на Твитер. Тие лажни „проверени“ налози (сината штикла означува дека налогот е проверен) со имиња на политичари, славни сличности, големи организации и компании, почнаа да се појавуваат на оваа социјална мрежа во […]

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида. „Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се […]

„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС


„Ауди“ Q8 E-Tron е новото име за подобрениот E-Tron, а променетото име им овозможува на купувачите да разберат дека се работи за flagship електричен SUV од германскиот бренд. Новиот модел доаѓа во стандардна „кутиеста“ каросерија и како „заоблен“ Sportback. Q8 E-Tron го одликува подобрениот дизајн кој вклучува нов „нос“, предната решетка сега има самозатворувачки систем, […]

Корисниците масовно го напуштаат Твитер


  Голем број корисници на Твитер не се задоволни како Елон Маск управува со платформата, ни со промените кои милијардерот ги внесува во сервисот, па се во потрага по алтернативни платформи. Радикалните потези на Маск, по преземањето на Твитер (отпуштање голем број вработени, воведување задолжителни претплати за верификација на налозите, најава за враќање на блокирани […]

Тестирано безжично напојување од вселената


Европската вселенска агенција ЕСА преку проектот Соларис истражува иновативни можности за технологија со кои соларната вселенска енергија може да се примени во пракса, односно безжично да се пренесе на кое и да е подрачје на Земјата. Еден таков метод е демонстриран во Минхен, во објектот на „Ербас“. Стручњаците по пат на микробраново емитирање префрлија таканаречена […]

Како да ги блокирате здодевните реклами на мобилните?


Без разлика дали имате iPhone или Android паметен телефон, овој водич ќе ви објасни како да ги блокирате рекламите на вашиот омилен уред. Малкумина сакаат да гледаат реклами додека користат апликации или сурфаат на интернет. Тие се еден од изворите на приход за различни услуги и веб-страници, па затоа треба да имате одредено разбирање за […]

Утре ќе има помрачување на „крвавата Месечина“, следното 2025 година


 Ретко затемнување на „крвавата Месечина“ ќе се случи утре и ќе биде видливо речиси од целиот свет. Инаку, ова ќе биде последна ваква појава до март 2025 година. Тој астрономски феномен е познат како „крвавата Месечина“ поради необичната црвеникава нијанса што Месечината ја добива. Помрачувањето, инаку, може да се набљудува без специјална опрема. Целосно затемнување […]

Вештачка крв првпат е пренесена во човек


 Крв направена во лабораторија првпат е пренесена во човек, а тоа – како дел од новото клиничко тестирање вештачка крв во светот. Тоа било мало количество крв, за да се дознае како телото ќе реагира на неа. Научниците веруваат дека трансфузијата ќе продолжи да се заснова на дарувањето крв, но тука нивната цел е да […]

Французин осмисли нараквица за спречување напад, поттикнат од лично трагично искуство


Поттикнат од лично трагично искуство, Французинот Александре Сере осмисли и дизајнираше уред-нараквица за спречување напад на улица. По три години работа, иноваторот, со неговиот петчлен тим го претставија „Сарат“ (Carrat) – уред во облик на стилска нараквица поврзана со мобилна апликација Александре живее во центарот на Париз, па пред три години, една вечер ја чекал […]