Помалите компании регистрирале речиси четвртина од патентите во Европа, Македонија има 4 патенти


Компаниите и пронаоѓачите поднеле малку повеќе патенти до Европската канцеларија за патенти (ЕПО) во 2023 година отколку една година порано, а речиси четвртина од апликациите во Европа биле испратени од малите бизниси, покажуваат податоците објавени денес. Канцеларијата прими 199.275 барања за патент минатата година, приближно три проценти повеќе отколку во 2022 година, со речиси иста […]

SpaceX произведува стотици шпионски сателити за американската влада


SpaceX доби договор од Националната канцеларија за извидување на Министерството за одбрана за изградба на мрежа од стотици шпионски сателити во ниска орбита, кои ќе можат да работат како рој и да ги следат целите на земјата, пренесува Reuters. Угледната новинска агенција цитира пет извори запознаени со програмата и ги заснова своите тврдења на претходните […]

Дали знаете што најчесто се расипува кај електричните автомобили?


Германскиот ADAC спроведе интересна студија во врска со дефектите на автомобилите. На голем примерок (повеќе од 3,5 милиони поправки во 2023 година), ADAC го разгледа она што најчесто ги мачи автомобилите, и дизелот и бензинот, како и „електричните“. Генерално, најчеста причина за сообраќајни несреќи на германските патишта е неисправниот акумулатор – дури 44 проценти од […]

Војната се сели во вселената? Еве што велат најголемите воени сили


Американски извори сугерираат дека Русија развива вселенско анти-сателитско нуклеарно оружје, тврдење кое силно го негираа и рускиот министер Сергеј Шојгу и претседателот Владимир Путин. Што тврдат САД? Соединетите Американски Држави веруваат дека Русија развива вселенско антисателитско нуклеарно оружје, чија детонација може да наруши сè, од воена комуникација до телефонска услуга, според неименуван американски извор. Истиот […]

Легендарниот „конкорд“ по реставрацијата беше пренесен во музејот по реката Хадсон (видео)


Суперсоничниот авион „конкорд“ се врати во својот дом во музејот „Интерпид“ на Менхетен, откако патуваше по реката Хадсон во Њујорк. Авионот беше подложен на повеќемесечна реставрација во Бруклин и е еден од седумте кои некогаш биле во сопственост на „Бритиш ервејс“. Луѓето собрани покрај бреговите на реката Хадсон имаа можност да го видат легендарниот „конкорд“ […]

Што е Грок за кој зборува Илон Маск и како функционира?


Грок, одговорот на X на ChatGPT на OpenAI, е чат-бот базиран на вештачка интелигенција, слично како другите такви алатки. Може да одговори на прашања за актуелните настани, поп културата итн. Се разликува по тоа што има малку смисла за хумор и, според шефот на X, Илон Маск, бунтовност. Во моментов е достапна само за корисниците […]

Колку се безбедни медицинските податоци од хакерски напади?


Иако технолошките експерти постојано ги предупредуваат корисниците на интернет, паметни телефони и компјутери за можноста од хакерски напади, кражба на податоци, кражба на идентитет и преземање на нивните уреди со цел понатамошни напади (т.н. зомби уреди), се чини дека во пракса не се придава доволно значење за овие проблеми. Ова важи и за државните ИТ […]

Трета среќа: „Спејс икс“ на Илон Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот (видео)


Денес, „Спејс икс“ (SpaceX) успешно го лансираше „Старшип“ (Starship), најмоќната ракета во светот, во својот трет обид, што е клучно за плановите на НАСА да транспортира и приземји астронаути на Месечината и подалечни дестинации подоцна оваа деценија, како и за исполнување на надежите на Илон Маск за можна населба на Марс. Ракетата се распадна за […]

Светлана Мојсов – непризнатиот научник кој стои зад револуционерното откритие за лекување дијабетес


Светлана Мојсов, чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е добитничка на наградата Перл Мајстер Грингард за 2024 година, соопшти Универзитетот Рокфелер. Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници. Мојсов, научен вонреден професор во Рокфелер, ќе биде одликувана […]

Почина човекот кој 70 години живееше со „челични бели дробови“


Пол Александар, човекот кој помина 70 години со челични бели дробови, почина на 78-годишна возраст. Александар бил принуден да живее во метална конструкција тешка околу 270 килограми, откако во 1952 година, на возраст од само шест години, се заразил со детска парализа и бил парализиран од вратот надолу, не можејќи сам да дише. Тој итно […]

Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодром (видео)


Сателитската ракета на „Space One“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија. На ракетата Каирос, долга 18 метри, дошло до грешка за време на лансирањето од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, префектурата Вакајам, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија. Недолго потоа беше објавено дека се спроведени „мерки за прекин на летот“, […]

Милијардер сака да изгради нов Титаник. „Ќе биде многу подобар од оригиналот“


Милијардерот и рударски магнат Клајв Палмер вети дека ќе изгради брод „далеку, далеку подобар од оригиналот“. За време на откривањето на нацртите за проектот Титаник II Палмер изнајмил соба во операта во Сиднеј за да објави дека неговата визија за изградба на голема реплика на осудениот океански брод конечно ќе се оствари. Сепак, откако сподели […]

Во Европа има милиони брани, земјите почнуваат да се ослободуваат од нив. Има повеќе причини


Милиони брани долго време ги блокираа европските водни патишта. Бидејќи многу од овие вештачки градби сега се застарени, сè повеќе луѓе се залагаат за нивно уривање за реките слободно да течат. Многу брани низ Европа се при крај на работниот век, а слична е ситуацијата и во САД. Трошоците за нивното одржување често ги надминуваат […]

Има живот на Месечината. Го донесоа луѓето


Луѓето веќе посеале живот на Месечината, според научната анализа објавена неодамна во списанието Conversation. Неговиот автор го поставува прашањето дали тој живот може да го насели Земјиниот сателит. Посеан живот во 2019 година Имено, пред нешто повеќе од пет години, на 22 февруари 2019 година, вселенската сонда Берешит без екипаж, изградена од SpaceIL и Israel […]

Бебињата родени во пандемијата од корона имаат две фасцинантни промени


Научниците открија како пандемијата на корона донела промени кај бебињата родени во тој период. Заклучувањата за време на пандемијата на корона доведоа до две фасцинантни промени во телото на бебињата кои можеби ги заштитија од болести и алергии, според новото истражување објавено во списанието „Алергија“, пренесе pedijatar.mk. Истражувачите од Универзитетот во Корк, во Ирска открија […]

Конечно: Гугл мапс ја поправа болната точка


Претстојното ажурирање на Android може да значи збогум на еден од главните проблеми на Google Maps. Тоа е навигацијата со „сина точка“ која ја покажува моменталната локација на корисникот, а блогот на Android Developers вели дека API-то на Fused Orientation Provider (FOP) ќе овозможи подобра ориентација на уредот. Проблемот со погрешното читање на насоката на […]

Микропластика има насекаде. Но, постои начин да ја отстраните од водата што ја пиете


Микропластиката ја има насекаде во последно време. Во чајот што го нарачавме во кафулето, во водата, храната, во нашите крвни садови, па дури и во плацентата. Го внесуваме во телото на различни начини; за време на оброк, кога сакаме да ја задоволиме жедта или додека, едноставно – дишеме. Имено, секоја недела вдишуваме микропластика колку што […]

(Видео) Необичен објект е снимен на небото над Оклахома – се одвојува!


Во понеделникот ноќта над американската сојузна држава Оклахома е забележана малку необична глетка. На 4 март, Стив Арагона бил надвор со своите деца и соседи кога забележал мистериозен објект на небото. Тој го објави видеото на интернет. „Што е тоа?” се слуша како некој прашува. „Тоа е ѕвезда што паѓа! рече едно дете. „Не, премногу […]

Конгресот на САД усвои закон со кој бара Кина да го продаде ТикТок или ќе биде забранет во земјата


Вашингтон –  Kомитетот за енергија и трговија при Конгресот на САД усвои закон со кој на кинеската компанија ByteDance и дава рок од шест месеци да се откаже од сопственоста на платформата TikTok, во спротивно платформата ќе биде забранета во САД. „Овој закон има однапред одреден исход: целосна забрана на ТикТок во САД. Владата се […]

„Мајкрософт“ ќе го укине „Виндоус потсистемот за Андроид“ (ВСА)


„Мајкрософт“ во октомври 2021 година го претстави „Виндоус потсистемот за Андроид“ (ВСА), функција којашто му дозволуваше на „Виндоус 11“ да управува со апликации наменети за „Гугл андроид“. Сепак, крајот на сè тоа ќе се случи следната година. „Мајкрософт“ на својата страница објави дека „ВСА“ ја прекинува поддршката на 5 март 2025 година. Корисниците дотогаш може […]