Два фактори ќе го разликуваат преклопливиот iPhone од неговите конкуренти


Се очекува првиот преклопен iPhone на Apple да биде претставен на есен 2026 година, или во септември. Очигледно, ќе има две предности во однос на конкуренцијата. Овој уред ќе ја носи титулата iPhone од највисока класа, што значи дека нема да биде само паралелна серија со алтернативен дизајн. За да се издвои од своите конкуренти, […]

Човечкиот развој забавува, но ВИ би можела да нè спаси, открива нова студија на ОН


Шеесет проценти од испитаниците во Програмата за развој на Обединетите нации изјавиле дека очекуваат вештачката интелигенција позитивно да влијае на нивното вработување, создавајќи можности на работни места што можеби денес дури и не постојат. Човечкиот развој стагнира, го забавува глобалниот напредок и го продлабочува јазот во еднаквоста, но вештачката интелигенција би можела да го спаси […]

Телескопот SPHEREx започна мисија за мапирање на целото небо во 3D


Вселенскиот телескоп SPHEREx, кој припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, започна мисија за мапирање на целото небо. Неговата задача е да го заврши овој процес во период од две години, со цел да го прошири разбирањето на раниот универзум. Телескопот SPHEREx беше лансиран на почетокот на март, а неодамна почна да фотографира и да прави […]

Форд би можел да ја „оживее“ фиестата со помош на Фолксваген


Легендарниот модел „фиеста“ на Форд би можел да „оживее“ благодарение на соработката со Фолксваген. Двете компании размислуваат за нова соработка по успешните искуства со моделите Explorer и Capri базирани на платформите ID.4 и ID.5, пишува Auto Express. Последната Форд Фиеста пристигна на пазарот во јули 2023 година, а оттогаш местото на компактен хечбек во европската […]

Skype од денес се исклучува


Од денес, 5 мај, популарната програма за разговор Skype официјално се исклучува. Оваа онлајн програма што поврза милиони луѓе ширум светот во единствена онлајн комуникација преку звук и слика (првата беше преку ICQ, но само преку пораки), повеќе нема да биде поддржана од Microsoft. Skype е основан во 2003 година. од скандиванците Никлас Зенстрьом и […]

Базата на Маск во Тексас официјално станува град, ќе се вика Старбејс


Подрачјето во кое работи компанијата SpaceX на Илон Маск, на самиот југ од државата Тексас, официјално ќе стане град наречен Старбејс (Starbase), објави Би-Би-Си. За статусот гласаше мнозинството вработени во SpaceX. Резултатите објавени од округот Камерон покажаа дека 212 лица се „за“ и шест „против“. Милијардерот Маск напиша на својата социјална мрежа X: „Ѕвездената база […]

Што се гради во срцето на Европа? Вреди 34 милијарди евра и ќе го промени континентот


Бидејќи ЕУ сè повеќе инвестира во реновирање и модернизација на транспортната инфраструктура, Полска станува клучна алка во идната транспортна мрежа што би можела да го редефинира начинот на кој луѓето патуваат во Европа. Амбициозниот проект на таканареченото Централно комуникациско пристаниште (ЦКП), вреден 34 милијарди долари, треба да стане голем европски транспортен центар – по воздушен, […]

За неколку дена се гаси „Скајп“


„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“ (Skype), објави дека за три дена официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење. Како што наведоа, целта е да ја поедностават својата понуда за корисниците и да се фокусираат на нивната моќна бизнис платформа „Тимс“ (Teams), каде што милиони преостанати корисници на „Скајп“ ќе бидат […]

Кинеските астронаути се вратија на Земјата по шест месеци поминати во Вселената


Тројца кинески астронаути се вратија на Земјата по шест месеци на кинеската вселенска станица. Модулот за слетување на екипажот полека се спушти во Внатрешна Монголија, Кина, откако се одвои од капсулата за враќање, спуштајќи се со голем падобран во Донгфенг, на работ на пустината Гоби. Нивното враќање беше одложено за еден ден поради силни ветрови […]

Новите ЕУ-регулативи неповолни за сопствениците на дизел-автомобили


Европската Унија најави регулативи што ќе значат преголем товар, па повлекување на автомобилите постари од 10 години. Измените, меѓу другото, се однесуваат и на тн. филтри за дизел-честички (ДПФ-филтри). Имено, Брисел, со веќе предложените измени, во своите земји-членки, наводно, цели кон намалување на бројот на несреќи. Од друга страна пак, според мнозина познавачи, овој потег […]

Нов имунотерапевтски лек способен да ги елиминира туморите кај некои видови на рак во рана фаза


Нова студија во „Њу Ингланд џурнал оф медисин“ сугерира дека некои луѓе со рак во рана фаза може да ја прескокнат операцијата по третманот со имунотерапевтскиот лек достарлимаб. Во студијата, 82 од 103 учесници реагирале толку добро на лекот што повеќе не им била потребна операција. Иако резултатите се ветувачки, студијата е спроведена во Центарот […]

Дел од советска сонда, лансирана пред 53 години, наскоро може да падне на Земјата


Кон крајот на март 1972 година, Советскиот Сојуз ја лансираше сондата Космос 482. Сепак, обидот за испраќање на сондата до Венера заврши со неуспех кога се појави дефект за време на лансирањето, оставајќи поголем дел од вселенското летало заробен во орбитата на Земјата. Горниот дел од ракетата „Сојуз“ што ја носеше сондата се исклучи предвреме, […]

Претставено уникатното охридско кајче на Меѓународниот саем за наутика во Белград (видео)


Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград. ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија. Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени […]

Слушателите на радио-станица шокирани: По шест месеци открија дека нивната омилена водителка воопшто не постои


Таа имаше своја емисија која траеше четири часа на ден, секој работен ден. Кон крајот на минатата година, една полска радио-станица отпушти вработени бидејќи пронашла, како што мислеле во тоа време, интересна и поприфатлива замена – вештачка интелигенција. Но, се покажува дека работите не се толку едноставни бидејќи луѓето не се заинтересирани за тоа што […]

Научници од шест држави добија пристап до месечевите примероци собрани од кинеската мисија „Чанг-е 5“


 Кинеската национална вселенска администрација (КНСА) соопшти дека научници од Франција, Германија, Јапонија, Пакистан, Обединетото Кралство и САД добиле дозвола за користење на месечевите примероци собрани од мисијата „Чанг-е 5“ за научни истражувања. Така, седум институции од тие шест земји добиле дозвола да ги позајмуваат примероците. КНСА го соопшти тоа на свеченоста во Шангај по повод […]

Катастрофални услови, мртви работници: Како се создава најнеобичниот град во светот,  широк само 200 m


Градот Линија во Саудиска Арабија е дизајниран како чудна градба која е широка само 200 метри, но долга 170 километри. Изградбата на најнеобичниот град во светот, наречен The Line, се уште трае и покрај бројните проблеми, огромните трошоци и катастрофалните услови на градилиштето, кои наводно убиле многу работници. Градот Линија во Саудиска Арабија е замислен […]

Инстаграм со помош на вештачка интелигенција ќе ја утврдува на возраста на корисниците


Социјалната мрежа „Инстаграм“ почнува да користи вештачка интелигенција за да утврди дали помладите корисници ја фалсификуваат својата возраст на апликацијата, соопшти денеска компанијата „Мета“, која е сопственик на оваа платформа. „Мета“ веќе некое време користи вештачка интелигенција за да ја утврди возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ од сега, како што се наведува, […]

Големи промени во новите модели на ChatGPT


OpenAI официјално ги лансираше генеративните модели o3 и o4-mini. Компанијата тврди дека o3 е нејзиниот најнапреден модел на расудување, кој обезбедува „силни перформанси“ во задачите за програмирање, математика и природни науки. Од друга страна, моделот o4-mini е претставен како поповолна алтернатива која сепак постигнува „импресивни резултати“ во истите области. Најинтересен новитет е што и двата […]

Што се случува со ботоксот, филерите и имплантите во вселената? Еве што велат експертите


Дали ботоксот и филерите ќе експлодираат во вселената? Лорен Санчез, свршеницата на основачот на Амазон и сопственик на Блу Ориџин, Џеф Безос, им се придружи на поп-ѕвездата Кети Пери, ко-домаќинот на „CBS Mornings“ Гејл Кинг и другите на ракетата Њу Шепард на вселенската технолошка компанија за историски целосно женски вселенски лет – во полн „глам“ […]

Објавена снимката од Кети Пери во вселенската капсула, пејачката стана цел на потсмев


Американската музичка ѕвезда Кети Пери полета во вселената, а сега е објавена првата снимка од вселенската капсула. Набрзо се најде на мета на бројни критики и потсмев бидејќи помина кратко време во вселената. Таа во капсулата го покажа списокот со песни кои ќе ги изведе на турнејата Lifetimes. Но, ништо не можеше да се прочита. […]