(Видео) Ракетата „Старшип“ на „Спејс-Икс“ лансирана во третиот обид


„Спејс-Икс“  (SpaceX) го лансираше 10-тиот тест лет на своето вселенско летало „Старшип“ (Starship) и ракетниот бустер „Супер хеви“ (Super Heavy). Ова беше трет обид за лансирање за мисијата откако првите два лета беа заземјени. Ракетниот бустер слета во водите на Мексиканскиот Залив, веднаш источно од лансирните објекти на „Спејс-Икс“, но компанијата вели дека не очекувале […]

Револуција во енергијата доаѓа од Јапонија. Еве како функционира технологијата на иднината


Јапонците отворија осмотска електрана во југозападниот град Фукуока, втора од ваков вид во светот. Се предвидува дека ќе произведува 880 илјади киловат-часови електрична енергија годишно, што е доволно за напојување на централите што снабдуваат вода за пиење во градот и околните области, пишува Гардијан. Ова е нова технологија која, според истиот извор, се користи во […]

Копенхаген е првиот град во светот кој целосно стана „град сунѓер“


Копенхаген е првиот град во светот кој целосно стана „град сунѓер“. Имено, низ целиот град се спроведени стотици проекти со цел да се спречат неговите поплави. Тоа треба да биде заштита од зголемување на нивото на морето и интензивните дождови во следните 100 години. „Градови сунѓери“ е концепт измислен во Кина. Вклучува природни мерки за […]

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми


  Компанијата на милијардерот Илон Маск, СпејсХ (SpaceX), го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата Старшип (Starship) од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање. Британските медиуми соопштија дека до доцнењето дојде по серијата претходни неуспеси за време на тестовите годинава, што повторно ги одложи клучните развојни фази за ракетата. Ракетата „Super Heavy“, […]

Вселенска енергија: Решение за енергетската независност на Европа?


Сончеви панели распоредени во вселената би можеле да задоволат до 80% од потребите на Европа за обновлива енергија до 2050 година, открива ново истражување. Студијата сугерира дека сончевата енергија од вселената би можела да ги намали трошоците за европскиот енергетски систем за 15% и да ја намали употребата на батерии за складирање енергија за повеќе […]

Уште еден милијардер наскоро би можел да нурне до „Титаник“


Некој очигледно се подготвува да нурка до „Титаник“ за неколку недели. Станува збор за добро позната личност која е подготвена да плати десет милиони американски долари за овој подвиг. Пред две години, Стоктон Раш почина додека ја управуваше својата експериментална подморница до местото на несреќата на бродот „Титаник“. Тој пловеше под морето заедно со уште  […]

Научниците ја решија мистеријата на „Окото на Саурон“ во вселената


Галаксијата PKS 1424+240, оддалечена милијарди светлосни години, ги збунува научниците повеќе од половина век. Сепак, се чини дека долгогодишната мистерија за нејзините необични млазови конечно е решена, пишува Science Alert. Што се блазари? Блазар е галаксија со екстремно активна црна дупка во центарот што исфрла моќни млазови плазма во вселената. За една галаксија да се […]

Телескоп „Џејмс Веб“ откри нова месечина на Уран – сега има 29


Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиниот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ открил нов, претходно непознат природен сателит што орбитира околу Уран. Оваа месечина на Уран е означена како S/2025 U1 и е 29-та откриена од оваа планета. Веста привлече голем интерес кај љубителите на вселенската наука. Група истражувачи го проучувале новиот сателит користејќи телескоп и […]

Што е Instagram Map и како да се користи оваа нова функција?


Instagram Map, нова функција што ја копира Snap Map на Snapchat, го олеснува споделувањето на вашата локација со пријателите. Толку е едноставна што можеби нема да сфатите со кого ја споделувате без да се позанимавате со поставките. Еве како да ја активирате, да ја користите и да ја исклучите ако сакате. Како да користите Instagram […]

Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица


Лос Анџелес – Екипаж од двајца американски, еден руски и еден јапонски астронаут денеска се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, каде поминаа пет месеци. Слетувањето на капсулата „Драгон“ на компанијата „Спејс Икс“ успешно е извршено во близина на Калифорнија, покажуваат видеа емитувани од вселенската компанија. Американките Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русинот Кирил […]

Македонски тим од ФЕИТ награден за научен труд за модел на вештачка интелигенција на македонски јазик


Студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ освоија награда за најдобар научен труд за модел на вештачка интелигенција на македонски јазик на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, ворамки на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL во Виена, Австрија. Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска, под менторство на професорите […]

Размислува пред да одговори: Што носи новиот модел на вештачка интелигенција GPT-5 на ОпенАИ


OPENAI вчера официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција GPT-5, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници. Според компанијата, тоа е нивниот „најпаметен, најбрз и најкорисен“ модел досега, кој обезбедува поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина. „GPT-5 е прв пат навистина да се […]

Тим од ФЕИТ доби награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена


Студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ/УКИМ) освоија награда за најдобар научен труд со наслов „Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language“ на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, одржана во рамки на 63-тото издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL (Association […]

ChatGPT одговара на прашања од мажи и жени различно, но тоа не е сè


Студијата покажува дека ChatGPT не одговорил на ист начин на прашање поставено од жена и маж. Ново истражување открива дека ChatGPT им дава различни совети на корисниците врз основа на пол и етничка припадност, честопати дискриминирајќи ги жените и малцинствата. Ова покренува сериозни прашања за пристрасноста кон вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз општеството. Некогаш […]

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината


Американската вселенска агенција НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на површината на Месечината, објави Политико, повикувајќи се на внатрешни документи на агенцијата, објави ДПА. Според информациите, вселенската агенција има намера да побара конкретни предлози од индустријата во рок од 60 дена за реактор од 100 киловати, кој треба да биде оперативен до 2030 година. Според […]

Револуција во физиката: Антиматеријата за прв пат е фатена во квантна состојба


Научниците во ЦЕРН постигнаа историски успех: за прв пат успеаја да изолираат и анализираат честичка од антиматерија во недефинирана квантна состојба позната како суперпозиција, пишува Science Alert. Иако квантното однесување на обичната материја е темелно проучено и веќе се користи за развој на квантни компјутери, овој пробив со антиматеријата има многу подлабоко значење. Не станува […]

Во ЕУ стапија во сила нови правила за „чат џи-пи-ти“, „грок“, „џемини“


Нови правила за транспарентност за моделите за вештачка интелигенција (ВИ) со општа намена, како што се ChatGPT и Gemini, стапија на сила денес низ цела Европска Унија, како дел од значајниот Закон за вештачка интелигенција усвоен минатата година. Клучни барања за развивачите на системи за ВИ Според новите правила, развивачите мора да откријат како функционираат […]

Како доматот го родил компирот пред 9 милиони години


На прва, можеби не изгледа дека има поголем контраст од крцкави помфрити и сочни, зрели домати. Сепак, научниците открија дека овие две омилени јадења делат неверојатно блиска врска. Имено, истражувањата покажаа дека компирот еволуирал од предок на доматот пред речиси девет милиони години. Сè започнало во Андите, каде што дивите домати се вкрстиле со растение […]

Студија открива шокантна количина пластика што ја дишеме секој ден


Нова студија откри вознемирувачка вистина за воздухот што го дишеме во затворен простор. Според научниците, повеќе од 70.000 микропластични честички можат да влезат во нашите бели дробови секој ден, што е значително повеќе отколку што се веруваше претходно. Уште позагрижувачки е фактот дека повеќето од овие честички се доволно мали за да навлезат длабоко во […]

ТикТок конечно воведува подобри родителски контроли, Европа добива посебен третман


  Популарноста на TikTok меѓу младите не опаѓа. Добро познатата апликација неодамна воведе серија нови функции насочени кон зајакнување на родителските контроли и подобрување на корисничкото искуство. Ова ажурирање доаѓа во време кога можните забрани за користење на социјалните мрежи за деца и млади тинејџери се повеќе се дискутираат во Европа, додека апликацијата се повеќе […]