Фатен првиот радиосигнал од вселената


Оваа вест можеби на прв поглед звучи како нешто што би го поткрепило теориите за вонземјани, но, според научниците, станува збор за природен феномен – уште еден доказ дека објектот има целосно природно потекло, пишува LiveScience. Астрономите го детектираа првиот радио-сигнал од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, токму во моментот кога таа ја минуваше половината од своето […]

Урнебес во Москва: Гордоста на руската роботика падна на глава за време на премиерата (видео)


Првиот руски хуманоиден робот „АИдол“ се урна на сцената само неколку секунди по неговата премиера на технолошки настан во Москва. Снимките го прикажуваат роботот како се сопнува на сцената со музиката од филмот „Роки“ за време на презентацијата на рускиот растечки роботски сектор. Меѓутоа, кога роботот ја крена раката за да им мавне на публиката, […]

Популарен антибиотик поврзан со 30% помал ризик од шизофренија


Често препишуван антибиотик може да придонесе за намалување на ризикот од развој на шизофренија кај адолесцентите, открија научниците. Меѓународен тим научници од Универзитетот во Единбург дошол до овој заклучок анализирајќи податоци од голем фински регистар за здравствена заштита. Тимот ги проучувал податоците собрани од повеќе од 56.000 адолесценти кои разговарале со психолози или психијатри за […]

Создаден првиот атлас на човечкиот мозок: Клучен за разбирање на аутизмот и шизофренијата?


Научниците достигнаа клучна точка во амбициозната иницијатива за мапирање на потеклото и созревањето на бројни видови мозочни клетки од најраните ембрионални и фетални фази до зрелоста, откритие кое би можело да даде насоки за тоа како да се справат со состојбите поврзани со мозокот, како што се аутизмот и шизофренијата. Научниците потврдија дека го завршиле […]

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК


Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст. Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата […]

Технологија што ја дефинира новата ера на лидерството – 0Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic


Во динамичниот бизнис свет, каде времето и прецизноста се пресудни, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic се повеќе од уреди – тие се симбол на иновација, моќ и беспрекорен стил. Создадени за оние кои не прават компромиси меѓу функционалност и елеганција, овие уреди претставуваат совршен спој на технологија и визија.   Galaxy Z Fold7 […]

Лансиран нов сателит кој гледа сè – ќе ја снима Земјата и дење и ноќе


Овој радар-набљудувач се управува од контролен центар, а подоцна ќе го замени постариот сателит Сентинел како дел од програмата Коперникус. Ќе може да ја снима површината на Земјата во сите услови, дење и ноќе, без оглед на времето. Раководителот на контролниот центар на Европската вселенска агенција (ЕСА) во Дармштат, Германија, Јозеф Ашбахер, потсети дека програмата […]

(Видео) Токио развива авион „АСКА“: Патување од САД до Јапонија за само еден час преку Вселената


Воздушниот превоз се смета за брз и безбеден начин да се стигне од точка А до точка Б. Сепак, за некои луѓе, дури и тоа не е доволно брзо, па јапонската компанија „Нипон травел“, верувајќи дека патувањето меѓу Јапонија и САД трае предолго – има намера да го скрати времето, за на патниците сѐ тоа да […]

Дали знаете каде е Точката Немо, местото каде што ќе падне Меѓународната вселенска станица?


Меѓународната вселенска станица (МВС) достигна голема пресвртница, но нејзините денови се избројани. Во недела, 2 ноември, се одбележа 25-годишнината од континуираното човечко присуство на МВС, вселенска станица која заработи место во историјата како едно од најголемите и најскапите технолошки достигнувања на човештвото. Сепак, МВС е во својата последна фаза. Американската вселенска агенција НАСА и нејзините […]

Седумгодишен договор вреден 38 милијарди долари: OpenAI и AWS потпишаа стратешка соработка


Компанијата OpenAI потпиша договор вреден 38 милијарди долари со Amazon Web Services (AWS), што ќе овозможи значително поголеми капацитети за компанијата и стратешка соработка за подолг период. Седумгодишниот договор, кој ги доведува вкупните неодамнешни обврски на OpenAI на близу 1,5 трилиони долари, ќе ѝ овозможи на компанијата веднаш да ја користи AWS инфраструктурата, вклучувајќи ги […]

Половина од светот остана без интернет


AWS на Amazon и Azure на Microsoft, два од најголемите светски даватели на услуги во cloud, беа погодени од прекини во исто време, што предизвика широко распространети прекини во интернетот во голем број од најголемите светски компании. Според Downdetector, проблемите започнаа околу 11:30 часот по источно време, кога имаше пораст во извештаите за корисници кои […]

Алтман вели дека она што го правите не е „вистинска работа“


Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, е познат по тоа што дава чудни изјави, како на пример дека дете родено во 2025 година веројатно никогаш нема да биде попаметно од вештачката интелигенција. Неговите најнови коментари за технологијата на вештачката интелигенција, овој пат во врска со нејзиното влијание врз иднината на работата, повторно предизвикаа бес на […]

Електричен трактор на водород: Може да работи без возач! 


Јапонскиот гигант во областа на земјоделските машини, „Кубота“, неодамна претстави автономен водороден трактор. Овој трактор користи електрични погонски мотори напојувани од водородни горивни ќелии – а можно е да се надополни со водород произведен директно од земјоделски отпад! Се вели дека електричната енергија го движи моторот кој испорачува иста моќност и вртежен момент како дизел […]

„Шкода“ се откажува од рачните менувачи


Според извештаите на чешките медиуми, Škoda Auto постепено ќе го укине производството на рачниот менувач MQ 200 во ноември. После тоа, европските модели со мотори со внатрешно согорување ќе бидат достапни само со автоматски менувач. Škoda Trade Unionist, весникот на синдикатот на работниците во Škoda Auto, објави дека компанијата планира да престане да ги произведува […]

„Амазон“ ја откри причината за прекинот: Како мал проблем урна половина од интернетот?


Голем прекин на Amazon Web Services (AWS) што парализираше дел од интернетот и ги сруши некои од најпопуларните апликации и услуги во светот во понеделник започна со навидум мала грешка. Проблемот, кој се случи кога два автоматизирани системи се обидоа да ги ажурираат истите податоци истовремено, ескалираше во сериозен прекин што инженерите на Amazon поминаа […]

Крај на една ера: „Фиат типо“ заминува во историјата по повеќе од една деценија производство


„Стелантис“ неодамна потврди дека производството на моделите „Алфа Ромео Џулија“ и „Стелвио“ ќе трае до 2027 година, но не сите возила од овој автомобилски гигант ја делат истата судбина. Долгогодишното семејство „типо“ на „Фиат“ ќе се затвори кон средината на 2026 година, без директен наследник на повидок. Фиат првично планираше да го прекине производството на […]

Стив Вознијак, принцот Хари и уште 800 други сакаат забрана за „суперинтелигенција“


Повеќе од 800 јавни личности, вклучувајќи ги Стив Вознијак, принцот Хари, научници за вештачка интелигенција, поранешни воени лидери и извршни директори, потпишаа изјава со која бараат забрана за работа со вештачка интелигенција што би можела да доведе до суперинтелигенција, објавува The Financial Times. Реклама „Повикуваме на забрана за развој на суперинтелигенција, која не смее да […]

Фотографи во Нов Зеланд снимија редок небесен феномен: „Не можевме да веруваме“


Тројца фотографи во Нов Зеланд успеаја да ги фотографираат „црвените џуџиња“ или црвените молњи, еден од најретките светлосни феномени во светот, за време на кој на небото се појавуваат блесоци од црвена боја. Новозеланѓанецот Том Реј и шпанските фотографи Ден Зафра и Хозе Кантабрана ја фотографираа оваа необична глетка пред Млечниот пат, пишува The Guardian. […]

Најскапата улица во светот буквално се распаѓа!


Сопствениците на луксузни станови во облакодерот „Парк Авенју“ 432 во Њујорк го тужеа инвеститорот и сите други вклучени во изградбата на зградата, тврдејќи дека биле измамени и дека биле прикриени значајни структурни дефекти во зградата, како што се големи пукнатини на фасадата, објавува Њујорк Тајмс. Спорната улица е „Билионерс роу“ на Менхетен. Компаниите одговорни за […]

Поради дефект на „Амазон“ паднаа повеќе веб-страници како Снепчет, Роблокс, Фортнајт…


Многу апликации и веб-страници во светот одеднаш престанаа да работат, вклучувајќи ги Snapchat, Roblox, Fortnite, Perplexity и Canva, според Downdetector. Проблемите започнаа околу 9 часот наутро по наше време, или полноќ по пацифичко време. Дел од интернетот е исклучен, но Google, Meta и X работат нормално Додека Snapchat, Roblox и голем број други платформи беа […]