Петтото издание на Code App Level Up


После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje го најавува и петтото издание на Code App Level Up, кое ќе трае од 15 април до 21 април под темата Startup Edition powered by Vip. Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip кој ќе започне на 15 април и ќе трае до […]

„Бугати“ го направи најскапиот автомобил – чини 11 милиони евра


Францускиот производител на суперавтомобили, „Бугати“, ги засили своите напори да го привлече вниманието на оние што не жалат пари за скапи автомобили. La Voiture Noire (Црн автомобил), специјален хиперавтомобил беше претставен на саемот во Женева и веќе е продаден на неименуван купувач за 11 милиони евра. Претседателот на „Бугати“, Стефан Винкелман, рече дека автомобилот комбинира […]

Пристигнуваат Галакси С10


Трите уникатни уреди од Галакси С (Galaxy S) серијата на мобилни уреди – С10 (S10), С10+ (S10+) и С10е (S10e) кои пристигнуваат со првиот динамичен АМОЛЕД екран, камера од новата генерација и интелигентни перформанси, од 8. март ќе бидат достапни на македонскиот пазар. Новите паметни телефони од С серијата поставуваат нови стандарди и се создадени […]

Илон Маск ќе ја претстави новата „тесла“ на 14 март


На 14 март во Лос Анџелес ќе биде претставен новиот компактен кросовер „тесла“, објави на Твитер претседателот на автомобилската компанија „Тесла моторс“, Илон Маск. Тој најави дека новиот електричен автомобил ќе биде за 10 отсто поскап од моделот „тесла 3“. Кросоверот ќе ја има шасијата на „модел 3“, а некои од техничките и стилски решенија […]

Стигнуваат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата?


Јапонската вселенска сонда се подготвува за слетување на астероид на околу 280 милиони километри од Земјата. Јапонската вселенска агенција денеска соопшти дека леталото „Хајабуса 2“ почна да приоѓа до астероидот околу 13.15 часот по локално време. Почетокот на приодот е одложен за пет часот поради безбедносни проверки, но сондата ќе се приземји на астероидот според […]

Србија направи летечка бомба со GPS


На саемот за вооружување и воена опрема IDEX во организација во Абу Даби презентирани се неколку српски производи од пбласта на воената технологија. Претставено е беспилотно летало ALECS (Advanced Light Electric Composit System). Во прашање е беспилотно летало кое комбинира два мода на летање – квадкоптер мод со четири вертикални елиси за полетување и авио […]

Самсунг го претстави новиот стилски Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e)


Компанијата Самсунг (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес го најави Галакси Таб Ес5е (Galaxy Tab S5e) – потенок, полесен и внимателно дизајниран таблет со паметни карактеристики кои ќе ви помогнат да останете поврзани. Најновиот Самсунг таблет има голем екран со дијагонала од 10,5 инчи и огромен капацитет на батеријата. Галакси Таб Ес5е е прецизно изработен за […]

Смартфон LG G8 има вибрирачки OLED екран со функција на звучник


LG продолжува да открива некои детали за својот смартфон G8, а сега се појави еден многу интересен. Смартфон користи  Crystal Sound OLED технологија која LG ја искористи за некои свои ТВ уреди, што значи дека целиот екран ќе вибрира и ќе има функција на звучник. Овие вести се потврда дека  G8 ќе биде првиот flagship […]

Презентирани најголемите „QLED“ телевизори досега


Компанијата Самсунг (Samsung Electronics Co.) ја претстави најновата “QLED“ серија на телевизори на Форумот Самсунг Европа, одржан во Конгресниот центар “Алфандега Порто“ во Порто, Португалија. Претставувањето на најновата “QLED“ серија на телевизори се одржа непосредно пред официјалниот почеток на продажба кај малопродажните партнери ширум Европа, најавен за следниот месец. На Форумот Самсунг Европа присуствуваа над […]

НАСА потврди дека роверот „Опортунити“ ја заврши мисијата на Марс


Роверот „Опортунити“ престана со работа, и официјално ја заврши мисијата на Марс, соопшти НАСА. „Опортунити“ пристигна на Црвената планета во 2004 година и во текот на 15 години функционирање прати многу важни податоци назад на Земјата. Роверот помина 45 километри по површината на Марс што е апсолутен рекордер, а едно од најважните откритија до кое […]

За помалку од 100.000 долари ќе може да патуваме на Марс


Луѓето може еден ден да се преселат на Марс за помалку од 100.000 долари и да се вратат на Земјата, доколку не им се допадне на Црвената планета. Основачот на бројни компании, меѓу кои и „Спејс икс“ Елон Маск верува дека еден ден обичните граѓани ќе можат да одат на Марс и можеби ќе започнат […]

Сателит сними светлосни експлозии во атмосфера


Ултравиолетовиот телескоп поставен 2016 година на рускиот сателит „Ломоносов“ забележа силни светлосни „експлозии3 во земјината атмосфера чија природа не е објаснета, вели директорот на Институтот за истражување на нуклеарна физика на московскиот државен универзитет, Михаил Панасјак. „Со помош на телескопот успеавме да добиеме позначителни резултати отколку што очекувавме. Се чини дека наидовме на нови физички […]

Првиот македонски електричен автомобил


Првиот македонски електричен автомобил развиен од тимот на „ББ Класик Карс“ со кодно име „ЗАС Г20“ денеска беше претставен пред домашната јавност. „ЗАС Г20“  претставува проект реализиран од страна на тимот на „ББ Класик Карс“, со финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка на повеќе специјализирани фирми и занаетчии, а […]

Јутјуб ќе се бори против теориите на заговор


Јутјуб објави дека ќе престане да препорачува толку многу видеа, кои вклучуваат конспиративни теории и други лажни тврдења. На овој начин компанијата се обидува да ги адресира тековните критики, дека нејзините алгоритми помагаат во ширењето на дезинформации, пишува „Волстрит журнал“. Видеа кои може да ги „дезинформират корисниците на штетни начини“, како оние кои тврдат дека […]

Револуционерна модуларна микро ЛЕД технологија на екраните на Самсунг


Компанијата „Самсунг Електроникс“ ги претстави своите најнови иновации со модуларната Микро ЛЕД дисплеј технологија во рамки на годишниот ЦЕС настан – „Прв поглед“ (First Look) кој се одржа во Ариа Ресорт & Казино во Лас Вегас. Револуционерните нови дизајни на Микро ЛЕД технологијата ги вклучуваат: новиот 75 инчен дисплеј, 219-инчниот екран “The Wall“, како и […]

Започнува револуцијата 5Г


Обичните потрошувачи конечно ќе ја доживеат 5Г технологијата во 2019 година, која ќе им овозможи да ги искористат предностите на широкопојасните брзини на паметните телефони и други мобилни уреди. Телекомуникациската индустрија ја промовира 5Г како огромен чекор напред формирајќи со тоа основа за футуристички способности, како што се холографски (тридимензионални) видеоповици, мобилни компјутери со вештачка […]

Најпотценетите паметни телефони во 2018 година


Во 2018 година на пазарот се појавија многу паметни телефони. Поради тоа не е изненадување дека дел од нив не добија достојна доза од нашето внимание. Во следните редови ќе ги споменеме најпотценетите модели. Вреди да се потсетиме барем за миг, пред да ги видиме новите предлози на компаниите, кои ќе се појават уште на […]

Телевизорите „Фреjм“ и „Сериф“ стигнуваат следната година


Компанијата „Самсунг Електроникс“ најави дека новите телевизори од 2019 година кои го подобруваат животниот стил, „Фрејм“ (The Frame) и „Сериф“ ТВ (Serif TV) ќе бидат изложени на „CES 2019“, најголемата светска изложба за потрошувачка електроника во Лас Вегас. ТВ уредите „Фрејм“ и „Сериф“ се комбинација од наградуван и иновативен дизајн, кој одговара на секаков тип […]

По бурните реакции: Запрен проектот за генетски модификувани бебиња


Проектот на кинеските научници за добивање генетски модификувани бебиња е запрен по бурните негативни реакции од голем број светски научни центри, соопшти одговорниот за проектот, д-р Хе Џианкуј. Претходно, на биомедицинска конференција во Хонгконг, тој најави дека со неговите соработници успешно ја променил ДНК на бебиња близначки, зачнати од ХИВ-позитивен татко, што е прв случај […]

Се родија првите генетски модифицирани бебиња отпорни на ХИВ


Првпат во светот се родија две бебиња со генетска модификација, објавија кинески научници. Двете девојчиња се отпорни на ХИВ-вирусот. „Две убави мали кинески девојчиња со имиња Лулу и Нана дојдоа на свет, исто како сите други здрави бебиња“, изјави истражувачот Хах И Јукуи во видео објавено на Јутјуб. Научниците добиле одобрение да работат на неколку […]