Пронајден сензор за надзор на физичката дистанца на работното место


  Израелската компанија „Поинт Граб“ направи сензори за следење на физичкара дистанца меѓу работниците на работното место. Нивниот пронајдок ќе им помогне на надредените во организацијата на работниот простор во текот на пандемијата од корона вирус. Сензорот е со големина на аларм за детекција на чад, а со него се вчитува точната положба и бројот […]

Компанијата Круз најави нов автомобил без волан


Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали. Револуционерно возило на Круз, наречено Ориџин, кое беше прикажано пред јавноста во јануари, нема ни волан, ниту педали, туку само две широки седишта, […]

„Пејпал“ воведува услуга за плаќање со криптовалути


Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и држење биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците. Сопствениците на сметки во САД ќе можат да купуваат, продаваат и држат криптовалути во своите паричници во PayPal веќе […]

НАСА зеде примерок од астероидот Бен


Вселенското летало Озирис-Рекс на НАСА слета на површината на астероидот Бен и зема примерок од карпата што доаѓа од почетокот на нашиот Сончев Систем. Механичката рака на сондата, долга 3,35 метри, зеде неколку камења од подрачјето околу северниот пол на астероидот. Бен, чиешто тело е во облик на желад, се создал на почетокот на Сончевиот […]

Дали дигиталното евро ќе ги замени банкнотите


Европската централна банка (ЕЦБ) експериментира со дигитално евро што може да се потроши насекаде, без страв дека некој ќе го следи вашето купување. Оваа институција, со седиште во Франкфурт, минатиот понеделник објави прашалник, со цел да открие какви се потребите на јавноста за оваа нова форма на плаќање, откако на 2 октомври извести дека може […]

Научниците од Универзитетот Оксфорд развија брз тест за Ковид-19


Научниците од британскиот Универзитетот во Оксфорд развија брз тест за Ковид-19, кој може да идентификува корона вирс за помалку од пет минути, соопштија истражувачите, додавајќи дека тој би можл да се користи за масовно тестирање на аеродроми и во компании. „Нашиот метод брзо открива недопрени честички на вирусот“, вели професорот Акилес Капанидис, од Оксфордскиот отсек […]

ММФ, Светска банка и Г20 создаваат правила за дигитални валути на централните банки


Меѓународните финансиски институции и 20-те најголеми економии во светот (Г20) воспоставуваат официјални стандарди за регулирање и издавање дигитални валути од страна на централните банки. До крајот на 2022 година, регулаторната рамка за „стабилкоин“ треба да биде завршена. После веста дека Кина им поделила дигитален јуан на граѓаните на Шенжен за да го тестира нивното функционирање, […]

„Блу ориџин“ успешно ја тестираше ракетата за туристи (видео)


Вселенската компанија „Блу ориџин“, основана од милијардерот Џеф Безос, изведе успешен пробен лет на своја ракета, која еден ден ќе превезува туристи во вселената… Иако, датумот на првиот туристички лет сè уште не е познат. Капсулата „Њу шепард“, беше лансирана со мала ракета за повеќекратна употреба, и слета вертикално. Ракетата достигна 106 километри надморска височина […]

Два македонски тима во конкуренција за глобална награда на НАСА


Два македонски тима составени од девет девојки и момчиња на возраст од 15 до 19 години ќе не претставуваат на светскиот натпревар за иновации за Земјата и Вселената – NASA Space Apps Challenge во организација на вселенската агенција НАСА и ќе имаат можност да ги презентираат своите проекти пред врвни експерти. Двата победнички тима интензивно […]

Меѓународна вселенска мисија успешно лансирана во космосот


Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут, во руското летало Сојуз, од космодромот во Бајанкур, Казахстан беше успешно лансирана кон меѓународната вселенска станица. Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало што ќе се поврзе со меѓународната вселенска станица во орбитата многу побрзо од претходните, за помалку од три часа и […]

(Фото, видео) „Епл“ со четири нови модели на „Ајфон“ и 5Г го напаѓа пазарот на паметни телефони


На денешната виртуелна конференција, „Епл“ претстави четири нови модели на „Ајфон“ со дијагонали на екранот од 5,4 до дури 6,7 инчи и со цени од 699 до над илјада долари. И покрај пандемијата со КОВИД-19 и глобалната економска криза, по денешното претставување на четири нови модели на „Ајфон“ (iPhone), „Епл“ (Apple) со многу оптимизам ќе […]

Милиони Американци нема да можат да користат 5Г на новиот ајфон


Во пресрет на денешното претставување на новите модели на ајфон на „Епл“ (iPhone 12) медиумите јавуваат дека една од новините што ќе ја понуди е можноста за користење на 5G, но и дека голем број Американци нема да можат да ја користат оваа опција поради проблемот со инфраструктурата на телекомуникациските оператори. 5Г мрежата е 10 […]

Во Шпанија уапсен Џон Мекафи, креатор на познатиот антивирусен софтвер


Соединетите држави го товарат за затајување данок, а тој беше уапсен додека се подготвуваше да отпатува за Истанбул Шпанската полиција во вторникот објави дека го уапсила Џон Мекафи, американскиот креатор на антивирусниот софтвер, кого САД го бараат за затајување данок. Полицијата го уапси 75-годишниот Американец во саботата на аеродромот во Барселона, кога тој се подготвувал […]

Во САД забележан 17-от смртен случај поврзан со воздушно перниче на „Таката“


Јапонскиот производител на автомобили „Хонда мотор ко“ објави дека е забележана 17-та фатална несреќа во САД поврзана со неисправно воздушно перниче од марката „Таката“, што го користат возилата „Хонда“ и „Форд“. Јапонската фирма соопшти дека податоците се потврдени во соработка со Националната управа за безбедност на сообраќајот на САД, појаснувајќи дека последната во низата несреќи […]

Отворен повик за учество на 8. НАСА Хакатон за вселенски иновации, прв пат во виртуелна форма


Светскиот хакатон NASA Space Apps Challenge оваа година во нашата земја ќе се одржи по осми пат во организација на Њуменс Бизнис Акцелератор од 2 – 4 октомври 2020, но по прв пат ќе биде во форма на комплетно виртуелен настан заради безбедност на сите учесници. Како што информираат организаторите, реализацијата ќе биде поддржана од […]

Истекувањето воздух на МВС се зголемило петпати


Истекувањето на воздухот на Меѓународната вселенска станица се зголеми петпати последниве месеци. Поради тоа се бара двојна изолација кај екипажот на рускиот дел од сателитот, за да се утврди местото на истекувањето, изјави неофицијално претставник од ракетно-вселенската индустрија за тамошните медиуми. Руските астронаути викендов повторно беа изолирани поради потрага по местото на дефектот. Се очекува […]

Гугл мапс ќе покажува каде има најмногу заразени


  Гугл најави ажурирање на апликацијата Гугл Мапс, а иновацијата подражбира дека наскоро ќе можеме да видиме во кои области на мапата има најмногу заразени од корона вирусот. Функцијата на Гугл Мапс стигна денеска, а наскоро треба да биде достапна во 220 земји ширум светот. Податоците ќе бидат прикажувани како црвени точки, а што е […]

Авионите на Боинг – 737 Макс најверојатно од ноември ќе добијат европска дозвола


Авионите Боинг 737 Макс може да добијат регулаторна лиценца во ноември и да се вратат во функција до крајот на годината, соопшти денеска Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија (ЕАСА). Авионот на Боинг – 737 Макс беше повлечен од употреба во март минатата година по две сериозни несреќи во кои загинаа вкупно 346 […]

Фејсбук и Твитер избришале уште стотици лажни руски налози


 Фејсбук и Твитер синоќа соопштија дека избришале неколку стотици лажни налози поврзани со руското воено разузнавање и други играчи спонзорирани од Кремљ, кои биле вклучени во претходни обиди за мешање во американската политика, како претседателските избори во 2016 година.  Во блог пост на Натаниел Глејчер, раководител на безбедносните политики на Фејсбук, се вели дека дел […]

НАСА го објави планот за испраќање на првата жена на Месечината


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА го објави планот „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината во 2024 година, како што агенцијата соопшти – за првпат по „Аполо 17“ во 1972 година. Мисијата ќе содржи двајца астронаути, од кои една жена. Тие ќе се упатат кон Месечината во капсулата „Орион“, која ќе биде прикачена на моќна […]