(ВИДЕО) Робот подготвува и служи кафе во кафуле во Токио


Во кафулето „Хен-на“ во Токио, од неделава, задолжен за правење и послужување кафе, е роботот „Соер“. Угостителскиот објект се наоѓа во елитен трговски дел од јапонската престолнина. Принципот е следен: роботот ги скенира нарачките од автоматот, ги пречекува гостите, го меле и приготвува кафето и го служи фалејќи се дека тоа е повкусно од кое било друго […]

Роботи ќе ги заменат телевизиските водители


Човеколик робот по име Ерика би можела да стане првата телевизиска водителка во историјата на роботиката. Ерика е еден од роботите најслични на вистински човек, а во април ќе стане водителка на вести во Јапонија. Нејзиниот творец, докторот Хироши Ишигуро, директор на Лабораторијата за интелигентни роботи на Универзитетот во Осака, се обидува да ја донесе […]

Windows ја загрозува безбедноста на корисниците со пристап до личните податоци


По долго време, Microsoft реши да го надгради Windows и со тоа да одговори на загриженоста на корисниците за безбедноста на личните податоци. Компанијата Microsoft веќе долго време е под притисок на европските закони, според кои треба да работи транспарентно во врска со податоците кои ги има од своите корисници, а откако се откри кои податоци оперативниот систен […]

Енерџајзер со нов смартфон „Пауер Макс П600С“


Новиот од серијата смартфони што се продаваат под брендот Енерџајзер, наскоро пристигнува на европскиот пазар. Станува збор за „Пауер Макс П600С“ со предна страна која потсетува на ЛГ В-30, но со малку подебел раб. Има 6-инчен екран, резолуција од 2.160 х 1.080 пиксели, две камери од 13 и пет мегапиксели и сензор за отпечаток на […]

Заев разговараше за можноста за развој на блокчејн технологија со Мајкрософт


Владата на Република Македонија ги разгледува можностите за развој и за апликација на блокчејн технологија, како и за потенцијалите кои стојат пред информатичката компанија Мајкрософт да учестува со проекти во образованието во средното и универзитетското образование. Ова денеска било истакнато на средбата на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев со извршниот потпретседател на […]

Пуштен во употреба часовник кој ќе го мери времето до судниот ден


Часовникот кој мери колку човечката цивилизација е блиска до судниот ден е денес пуштен во употреба, а според британскиот „Индепендент“ тој треба да покаже дали сме во голема опасност. Часовникот е уклучен во Вашингтон и покажува две минути до полноќ, а на церемонијата присуствуваа голем број научници, кои предупредија дека човештвото е блиску до нуклеарна […]

Лансиран сателит што наликува на светкава „диско-топка”


Калифорниската компанија „Рокет лаб” во земјината орбита лансираше сателит што наликува на огромна диско-топка и ќе биде најсветкавиот предмет на небото ноќе. Сателитот „Хјуманити Стар“ („Ѕвезда на човештвото“) е лансиран од Нов Зеланд и набрзо се стационионира во орбитата. Основачот на „Токет лаб“, Новозеланѓанецот Питер Бек се надева дека „диско-топката” ќе им укажува на луѓето […]

Џек Ма: Технологијата може да предизвика Трета светска војна


Технологијата би можела да предизвика Трета светска војна, доколку лидерите на земјите не пронајдат начин да соработуваат и да ги ублажат негативните ефекти, изјави денес сопственикот на „Алибаба“, Џек Ма. „Првата технолошка револуција ја предизвика Првата светска војна, а сега кога сме на прагот на нова војна, тоа би требало да биде војна против болестите, […]

„Глобал гејм џем“ ќе се одржи по шести пат


„Глобал гејм џем Макеоднија“ (Global Game Jam) годинава ќе се одржи од 26 до 28 јануари во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ. „Глобал гејм џем“ е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48часовен […]

Фејсбук „измисли“ нова единица-мерка за време


Фејсбук го лансираше својот нов „пронајдок” – единица-мерка за време, наречена „флик“. Се работи за дел од секундата кој е поголем од наносекунда. Всушност, „фликот“ е дефиниран како 705.600.000-ти дел од секундата, додека пак, наносекундата е милијардити дел секунда. Тоа значи дека еден „флик“ е еднаков на 1,41723356 наносекунди. „Flick” е кованица од зборовите „frame” […]

Фејсбук во конечна битка против лажните вести


Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформациите и да ги препознаваат веродостојните извори. – Премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет, оцени извршниот директор на Фејсбиук – Марк Цукерберг додавајќи оти социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било. Фејсбук, кој има повеќе од две […]

Фејсбук ќе ги брише сензационалистичките вести


Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформациите и да ги препознаваат „веродостојните“ извори. – Премногу сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет, оцени извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, додавајќи оти социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето да пласираат информации побрзо од кога било. Фејсбук, која има повеќе од две милијарди […]

„Гардијан“ отсега ќе излегува во таблоиден формат


Британскиот дневен весник „Гардијан“ денеска првпат излезе во формат на таблоид, откажувајќи се од економски причини од берлинер форматот, во кој излегуваше од 2005 година. Берлинер форматот е со страници 315х470 мм, односно е нешто поголем од форматот на таблоидите, кои се со димензија од 290х430 мм. „Гардијан“ ќе ја задржи својата наслова страница во […]

Со новите измени на Фејсбук, Цукерберг загуби 3,2 милијарди долари


Цената на акциите на Фејсбук паднаа за 4,5 отсто откако основачот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг, објави воведување големи промени во „њузфидот“. Така на Цукерберг, кој поседува 14% од акциите на компанијата, му се намали богатството за 3,2 милијарди долари за само едно деноноќие. За потсетување, креаторот на Фејсбук претходно соопшти дека планира да воведе […]

Големи промени на Фејсбук, медиумските содржини ќе бидат намалени


Фејсбук веќе некое време го тестира „Нуз фидот“ и најавува големи промени. Како што пренесува Њујорк тајмс, Марк Цукерберг ќе ја намалува видливота на медиумската содржина и на содржините од команииите, а повеќе ќе ја зголемува видливота на стаусите, фотографиите и видеата од пријателите. Цукерберг смета дека јавните содржини од бизнисите, брендовите и медиумите ги […]

И перењето алишта ќе се прави со „паметна технологија“


Компанијата „Самсунг“ на годинешното шоу за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас, ја најави својата нова генерација на машини за алишта, засновани на Квик-Драјв технологија. Новата машина ќе може да се поврзе на интернет и работи на принципот на Самсунг Смарт Тингс еко-системот, што перењето го чини побрзо и поефикасно. Помошниот систем при перењето, наречен […]

За пет години повеќе од 90 отсто од возрасните ќе користат паметни телефони


Користењето паметни телефони расте, и до крајот на 2023 година се очекува повеќе од 90 отсто возрасни во развиените држави да имаат таков телефон, наведува „Дилојт“ во истражување Трендови во областа на технологиите, медиумите и телекомуникациите. Во истражувањето се вели дека 85 отсто од луѓето на возраст меѓу 55 и 75 години ќе бидат сопственици […]

Фејсбук направи збрка и почна да објавува телефонски броеви од корисниците


Фејсбук веќе со години наназад од своите корисници при регистрација го бара бројот од мобилниот телефон, првенствено со цел да се интервенира при евентуално заборавање на лозинката, при што централата испраќа СМС порака со нова комбинација. Тоа донекаде и функционира без проблеми. Но, неодамна е откриена грешка во една од алатките за огласување, која може […]

Русите изгубија, па повторно воспоставија контакт со сателитот „Ангосат 1“


Руската вселенска агенција Енергија успеа да воспостави контакт со сателитот „АнгоСат-1“. Руските научници вчера соопштија дека загубиле контакт со комуникацискиот сателит, кој беше лансиран во вторникот за потребите на Ангола. „АнгоСат-1“ е првиот сателит на Ангола лансиран во Вселената. Ангола и Русија соработуваат на програмата за подобрување на комуникациските врски во африканската држава вредна 300 милиони […]

Иванов ја додели наградата за најуспешно архитектонско дело во 2017


Индустриски објект за полнење и флаширање на природна вода „МАYA“ во село Гари на архитектот Александар Карангелов е најуспешното архитектонско дело во 2017 година. Големата годишна награда што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. – Уверен сум дека Големата годишна награда, […]