Рекордно ниво на јаглерод диоксид во земјината атмосфера


САД – Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата достигна рекордно ниво, соопшти Институтот за океанографија „Скрипс“, врз основа на податоците измерени од Опсерваторијата „Мауна Лоа“ на Хаваите. Како што јави ДПА, Институтот, чие седиште е во американскиот град Сан Диего, информира дека концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во текот на викендов достигнала 415,26 […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ништо не може да го промени вашето весело расположение: додека едните пеат една песна, а другите танцуваат во друг ритам, не плашете се да им се спротивставите и да инсистирате на својата слобода. Решителни и своеволни, обидете се да ги протуркате своите идеи до крај: со поголема упорност ќе постигнете реален и конкретен успех. […]

(Видео) Американски атлетичар се фрли на целта за да победи во трката на 400 метри


Американскиот атлетичар Инфините Такер се најде во центарот на вниманието откако на несекојдневен начин ја осигура победата во трката на 400 метри со пречки. Такер учествуваше на  SEC Track & Field Championship и трчаше на 400 метри со пречки. Толку ја посакуваше победата што на последните метри пред финишот се фрли напред за прв да […]

„Луј Витон“ промовира чанти со вграден флексибилен екран


Франција- Флексибилните екрани привлекуваат се повеќе внимание, а многу компании ги користат за своите производи. На тие компании им се приклучи луксузниот моден бренд „Луј Витон“, кој произведе чанта со вграден флексибилен екран. Луксузниот бренд  за своите чанти искористи AMOLED екран со резолуција од 1.920x.1.440 пиксели, кој може да се витка. Станува збор за прототип […]

Фејсбук е монопол кој ги гуши иновациите и ја жртвува безбедноста за кликовите, вели неговиот коосновач


Коосновачот на Фејсбук Крис Хјуз изјави дека е време таа социјална мрежа да се растури. Во текстот објавен во „Њујорк тајмс“, Хјуз наведе дека извршниот директор Марк Закерберг го претворил Фејсбук во монопол кој ги задушува иновациите. Социјалната мрежа Фејсбук има повеќе од две милијарда корисници, а исто така ги поседува и социјалните мрежи и […]

Најбогатото село во Хрватска: Сите селани поседуваат по еден мал крузер


Мештаните на малото приморско село Крила Јесенице, кое е лоцирано на половина пат од Омиш до Сплит, имаат вистинско богатство кое „лежи“ во море! Имено, тие се сопственици на флота од дури 180 мини-крузери, пишува хрватски „Јутарњи лист“, и наведува дека практично секој во селото вреди околу половина милион евра. Поновите крузери чинат повеќе од […]

Климатските промени предизвикуваат масовно изумирање на жабите


Болест што ја предизвикува ранавирусот е причина за масовно изумирање на жаби во Обединетото Кралство, јавија локалните медиуми. Испитувајќи живи жаби и користејќи податоци од Мет Офис и Проектот за смртност на жаби на Фроглајф, истражувачите откриле дека растечките температури во последните децении всушност одговараат на историските трендови на масовна смртност поврзана со болеста, пренесува […]

Сите мештани на хрватско село се милионери


Мештаните на селото Крила Јасеница, кое се наоѓа на половина пат од Омиш до Сплит, во хрватска, поседуваат вистинско богатство, кое лежи во морето. Имено, тие се сопственици на дури 180 мали крузери, пишува „Jutarnji list” и наведува дека ме,а ни еден кој вреди помалку од половина милион евра. Најновите чинат и повеќе од три […]

Луѓето не стануваат возрасни пред 30-тата година


Научниците тврдат дека е тешко да се дефинира кога точно некој човек станува возрасен. Истражувањата покажуваат дека луѓето не стануваат целосно „возрасни“ до 30-те години. Научниците кои се занимаваат со истражување на мозокот и нервниот систем, сметаат дека возраста во која некој станува возрасен е индивидуална. Истражување покажува дека мозокот на 18-годишник и понатаму минува […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Некаков вид промени на емотивен план, кои бараат од вас да се вложите сесрдно: ослободете се малку и имајте поголема верба во саканите. Иако се резервирани, тоа не значи дека не ве љубат. Најдете време за разговор и откријте што е приоритет: природата е опкружена со тајни, кои се откриваат во сопственото темпо. Без […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Период во кој што ве краси неверојатна флексибилност: што и да се случи, ќе имате воља да простите, да кажете некој љубезен збор и бидете широкогради. Месечината во Лав ќе ви отвори нови и прекрасни можности да се сретнете со креативни луѓе, кон кои ќе се однесувате смирено и објективно. Ова е период кога […]

Затворен заливот во Тајланд каде што се снимаше филмот „Плажа“


Тајландскиот залив, кој по филмот „Плажа“ стана познат ширум светот, ќе остане затворен до 2021 година, бидејќи неговата флора и фауна се сериозно нарушени поради прекумерниот број посетители. Заливот Маја, на островот Фи Фи Ле, привремено беше затворен минатата година, а пред тоа секој ден го посетуваа до 5.000 луѓе. Како резултат на тоа, повеќето […]

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата


Дваесет и шестгодишниот Васил Јанкула од Ресен, лице со церебрална парализа, денеска го почна своето патешествие со трицикл да ја обиколи државата. Со тоа, како што рече, сака да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби да не седат дома, туку со упорност и работа можат да ги остварат своите цели. – […]

(Видео) Топка ја погоди новинарката во глава во јавувањето во живо од „Месталја“


Известувањето покрај фудбалски терен во текот на загревање на играчите може да биде незгодно искуство, а тоа на сопствена кожа го почувствува новинарката на шпанската телевизија GOL пред натпреварот од полуфиналето на Европската лига меѓу Валенсија и Арсенал, одиграна во четврток вечер. новинарката се јавуваше во живо покрај теренот на стадионот кога еден играч од […]

Соосновачот на Фејсбук: „Време е да го изгасиме!“


Крис Хјуз своевремено му помагал на Марк Закерберг да создаде голема социјална мрежа и познат бренд, но сега повикува на нејзино гасење. Во колумната која ја објави во “New York Times”, Хјуз вели дека Марк има “неверојатна моќ” и влијание во владите и дека е “време Фејсбук да се укине”. „Марк е добра, љубезна личност, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ден со динамични аспекти, кога ќе треба да внимавате на импулсивните нагони: ако навистина сакате да воспоставите пријателства, не инсистирајте на тоа, туку самите станете пријател. Не го мешајте квантитетот, со квалитетот. Поставете граници на својата страст и не заборавајте дека другите повеќе ќе уживаат ако ги забавувате. Потпрете се на искуството. БИК: Неверојатна […]

Британската амбасадорка направи мекици за кралското бебе


Британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја испочитува македонската традиција и денеска почести со мекици за раѓањето на кралското бебе, синот на принцот Хари и Меган Маркл. „Традиција е во повеќе места во Северна Македонија да се послужат мекици на третиот ден откако е родено бебето, за негово здравје и долговечност. Некаде се нарекуваат и ‘лангиди’, а […]

Расправајте се на работа, ќе бидете поопуштени дома


Луѓето кои отворено ја изразуваат лутината и бесот во расправите се поздрави од оние кои го потиснуваат бесот и се повлекуваат од конфликти, тврдат истражувачите од Универзитетот во Мичиген. Тие анализирале податоци од 2.000 учесници во истражувањето на возраст од 33 до 84 години. Испитаниците кои чувствувале тензија и биле преплавени од негативни емоции кои […]

Кавадарчанец доби седумка на лото, добивката половина милион евра


Кавадарчанец е добитник на речиси 500.000 евра откако ги погоди сите седум бројки во 5-тото коло на Лото7 што е најголемата лото-премија во историјата на Државна лотарија. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа седумка вредна 29.293.930 денари. „Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Седумката во […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината во Рак ве повикува да се откажете од нешто: дури и оние што чекаат дејствуваат на некој начин. Тоа се нарекува постојаност и сериозен респект. На работен план не дозволувајте да бидете извадени од колосек, туку потрудете се повеќе да се адаптирате на ситуацијата надминувајќи ги провокациите и ситните забелешки. БИК: Лојални и […]