Боб Дилан издава нов албум, прв по осум години


САД– Американскиот музичар Боб Дилан ќе издаде нов студиски албум, негов 39-ти по ред. „Rough and Rowdy Ways“ излегува на 19 јуни, соопшти Дилан на Твитер. Според списанието „Ролинг стоун“, албумот ќе содржи 10 песни. Три од нив веќе беа претставени, а тоа се 17-минутната „Murder Most Foul“ – за убиството на Џон Кенеди, натаму – […]

Истражување: Хидрохлорохинот нема докажан ефект во лекувањето на болни од Ковид-19


САД – Употребата на хидрохлорохин, лек што се користи за лекување маларија, ниту ја подобрува, ниту ја влошува состојбата на пациентите со Ковид-19, се наведува во студија спроведена во американски болници. „Ризикот од интубација или смрт не е намален кај пациенти кои биле третирани со хидрохлорохин. Резултатите биле исти како кај критично болни пациенти кои не биле третирани […]

Луксуз во Лос Анџелес: Каде живеат во изолација Хари и Меган?


САД- Иако живеат повеќе во Лос Анџелес повеќе од еден месец, дури сега се знае каде се изолирани принцот Хари и Меган. Според „Дејли меил“, двојката која се повлече од кралските должности, живее на социјална дистанца во огромна куќа од два дела ,долго време во сопственост на Тајлер Пери, кого го запознале преку заедничката пријателка […]

Гените клучни за реакцијата на телото на корона вирусот?


Повеќето научници се убедени дека гените играат клучна улога во создавање на одговор во човечкото тело на инфекција со коронавирус, пишува лондонски Гардијан. Генетскиот склоп на секоја личност влијае на рецепторите преку кои корона вирусот се врзува за молекулите на нашите клетки. Студијата, водена од професорот Тим ​​Спектор од лондонскиот колеџ, наведува дека симптомите кај […]

Корона-криза: Мексико останува без пиво


Следниве неколку дена Мексико би можел да остане без пиво, соопшти Здружението на пиварниците во Мексико. Мексиканската Влада не го смести прозводството на пиво во есенцијалните индустриски гранки, па пиварниците во март беа затворени по вонредните мерки поради корона-пандемијата. Претседателката на Здружеието, Карла Сикејрос изјави дека нема проценки – колки уште пиво останало во продавниците, […]

Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна


Суд во Нигерија осуди човек на смрт со бесење, во рочиште одржано преку апликацијата Зум. Организацијата за човекови права Хјуманс рајтс воч денеска оцени дека станува збор за свиреп и нехуман начин на пресудување по овој предмет. Судијка од Лагос го осуди Олелекан Хамид на смрт со бесење поради убиство на една жена. Сослушувањето треше […]

Белата куќа подготвува меѓународен договор за експлоатирање на Месечината


Американската администрација подготвува проект на меѓународен договор што правно ќе го уреди експлоатирањето на природните ресурси на Месечината, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на лица запознати со проектот. Таканречениот договор „Артемида” има за цел да се привлечат сојузници за планот на американската вселенска агенција НАСА за испраќање луѓе и изградба на станици на природниот сателит […]

Научниците идентификувале стотици мутации на корона вирусот


Научниците во САД и Велика Британија идентификувале стотици мутации на вирусот што предизвикува Ковид-19, но сè уште никој не успеал да утврди што тоа ќе значи за ширењето на вирусот меѓу популацијата и колку вакцината може да биде ефикасна. Прелиминарните истражувања од САД посочуваат дека една конкретна мутација – D614G – станува доминантна и може […]

Виена е најзелениот град во светот


Австрија – Австриската престолнина Виена е прогласена за најзелен град во светот, според топ 10 листата на канадско-американската консултантска агенција „Резонанс“ за 2020 година. Зад неа следат Минхен, Берлин и Мадрид. Повеќе од 100 градови во светот се анализирани според критериумите поврзани со парковите и зелените површини во самиот град, употребата на обновлива енергија, квалитетот на воздухот, […]

Арчи на Хари и Меган наполни една година: Роденден во карантин


Англија- Принцот Вилијам и Кејт му посакаа на својот внук Арчи среќен роденден, додека тој го слави роденденот со родителите, во новиот дом во Лос Анџелес, САД. Арчи, првиот син на принцот Хари и Меган Маркл, е четвртиот член од кралското семејство кој го слави роденденот во карантин, бидејќи во САД на сила е мерката […]

Германските научници на пат да откријат лек за корона вирусот


Германските лекари постигнале голем успех во потрага за лек против коронавирус, бидејќи успеале да докажат постоење на антитела кои го спречуваат продорот на вирусот во клетките. – Тоа е јасен напредок кој покажува дека се наоѓаме на правиот пат кон развој на лек против Ковид-19, објасни Лука Цицин-Саин од Хелмолк центарот за истражување на инфекции […]

Милијардерот Маск го доби шестиот син, ќе се вика X Æ A-12 Musk


САД– Милијардерот и иноватор Елон Маск и американската пејачка Гримс станаа родители на момче, а среќниот татко ги сподели вестите преку социјалните медиуми. „Мама и бебето се добри“, напиша Елон на Твитер, а подоцна го откри полот на бебето. Покрај тоа, тој сподели уште една фотографија од детето со филтри за мобилни апликации на лицето […]

Гитара на Принс и рачно напишани текстови на „Битлс“ одат на аукција


Гитара што на почетокот на кариерата ја користел Принс, како и неколку светски познати текстови на „Битлс“, рачно напишани од Пол Макартни, се меѓу предметите коишто се ставени на аукција на големата продажба на музички артефакти. Аукциската куќа Џулиен’с окшнс вчера објави дека аукцијата ќе се одржи на 19. и 20 јуни на Беверли Хилс […]

(ВИДЕО) Ковид–19: Колку далеку вирусот може да стигне со кашлање?


Властите во повеќе држави и натаму препорачуваат луѓето да стојат на околу два метри еден од друг, но дали е тоа навистина доволно далеку за да се заштитат од вирусот при кашлање? Во лабораторијата при универзитетот Атлантик во Флорида (ФАУ) двајца професори по инженерство направија експеримент со кој ја мереа јачината на кашлицата. Користејќи специјално […]

Делфините го освојуваат Босфор откако вирусот го замолчи Истанбул


Затишјето во сообраќајот со бродoви и забраната за риболов во Истанбул поради пандемијата на корона вирусот, се покажа добра вест за некои од најомилените жители на градот – делфините кои пливаат во водите богати со риби на Босфорскиот теснец меѓу Европа и Азија. Турскиот град со 16 милиони е заклучен од минатата недела како дел […]

(Фото) Барбики инспирирани од ликовите во „Војна на ѕвездите” 


САД– „Мател“ произведе 4 нови барби- кукли инспирирани од ликовите на култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ . Куклите Реј, Ц-3ПО, Чивабака и Стормформер се достапни за купување на Barbie.com и Amazon.com. по 100 долари. Барби -куклите се втор бран на кукли инспирирани од  „Војна на Ѕвездите“ – дизајнирани од долгогодишниот уметник на Мател Роберт […]

Коронавирус: Мексико собра 2 милиони долари од вилата на нарко-босот Фуентес


Мексико-Мексиканската влада ја стави на аукција вилата на починатиот нарко-бос Амадо Карило Фуентес. Домот во Мексико Сити е продаден за повеќе од 2 милиони долари, а средствата ќе одат во јавната здравствена служба на Мексико и нејзината борба против коронавирусот. Фуентес, кој беше познат како „Господар на небото“, почина во 1997 година по пластична операција […]

Морското дно преполно со микропластика


На дното на океани, научниците на само еден квадратен метар пронашле 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебели пет сантиметри, што е најголема концентрација на пластичен отпад досега регистрирана на океанското дно. Повеќе од 10 милиони тони пластичен отпад што влегува во море секоја година е всушност само еден процент од отпадот што е на […]

Плаќаат пат и ноќевање за посетителите за да го поттикнат турзмот


  Остров во Италија нуди плаќање на половина од цената на авионската карта, како и ноќевање во хотел и влезници за атракциите, со цел да ги поттике турситите да дојдат. Сицилија се обидува да привлече странски посетители на островот откако вчера (4 мај) завршија мерките за самоизолација. Понудите, кои прв пат ги објави „Тајмс“, ќе […]

Дали сте сонувале за нешто грдо? Еве што навистина значат кошмарите и како да ги запреме


Експертите објаснуваат зошто сонуваме лоши соништа, но и како да спречиме кошмари, за да може конечно да се одморите. Научниците велат дека соништата се „приказни што мозокот ги раскажува за време на сонот – збир на слики, чувства и сеќавања кои неволно се случуваат за време на РЕМ фазата на сонот“. Звучи убаво, но како […]