Над 80.000 стогодишници живеат во Јапонија


Бројот на жителите кои имаат над 100 години, во Јапонија надмина 80.000 луѓе. Ова, според официјални податоци на јапонското Министерство на здравје, труд и благосостојба. Поточно, во Јапонија во мигов живеат 80.450 лица повозрасни од 100 години – 9.176 луѓе повеќе од лани. Забележително е што 88 отсто – или вкупно 70.975 од нив се […]

Истражување: Коронавирусот може да продре во мозокот


Главоболките, конфузијата и делириумот што ги доживеале некои заболени од Ковид-19 можно е да се резултат на директно продирање на коронавирусот во мозокот, покажуваат резултати од спроведено истражување. Истражувањето е прелиминарно, но обезбедува неколку групи докази во прилог на досега непотврдената теорија. Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки од универзитетот Јеил, вирусот е способен […]

Планот на ЕК за штетните гасови може да ги „пензионира“ моторите со внатрешно согорување


Европската унија ќе спроведе амбициозен план за ограничување на штетните гасови што нема да го остави секторот економија непроменет и ќче донесе порестриктивни барања до индустриите, јави Блумберг. Според климатските барања поставени за 2030 година, европските производители на автомобили ќе мора да ги исполнуваат новите стандарди, и тоа може да предизвика „пензионирање“ на моторите со […]

На Венера пронајдени трагови на живот?


Условите за Венера се толку непријатни што многу научници веруваа дека планетата е всушност мртва. Барем до сега Траги на гас што „лебди“ низ облаците на Венера би можеле да доаѓаат од живи организми, некои видови микроби различни од оние што ги знаеме на Земјата, пишува Гардијан. Астрономите дошле до ова сензационално откритие откривајќи фосфини […]

Ја викаат магична смеса, за 7 дена ги уништува сите вишок килограми!


Многу луѓе го имаат истиот проблем, односно се добиле вишок килограми во пределеот на  стомакот и изгледа навистина грдо. Мешавината на овие две состојки ќе го решите вашиот проблем! Имено, со него ќе ги согорите сите насобрани маснотии. Основната состојка потребна за нејзина подготовка се сливите. Потребни состојки: литар вода 100 гр сливи Подготовка: Земете […]

Универзитетскиот научник Вадва: Да се предизвика вештачка пандемија е прашање на време?!


Научникот предупредува дека е скоро сигурно дека светот ќе се соочи со вештачка пандемија по пандемијата на вирусот корона Научникот од универзитетот Харвард, Вивек Вадва, во есеј објавен во списанието „Форин полиси“, предупредува дека прашање на време е кога биотерористите ќе смислат начин да предизвикаат вештачка пандемија. Тој смета дека е предоцна да се запре […]

Прамен од косата на Абрахам Линколн продаден за над 81.000 долари


Парче од косата на Абрахам Линколн, заедно со крвавата телеграма за атентатот врз него во 1865 година, беа продадени на аукција за повеќе од 81.000 американски долари. Аукцијата се одржа вчера, во аукциската куќа „Р.Р.“ со седиште во Бостон. Името на купувачот засега не се соопштува. На некогашниот американски претседател му биле отсечени пет сантиметри […]

ЕУ најавува регулирање и оданочување на крипто-валутите


На неформалниот состанок на Советот за економски и финансиски прашања во Берлин со министрите за финансии на ЕУ во петокот и саботата се разговарало за ефективното и правично оданочување и предизвиците што ги носи дигитализацијата на 21-от век. Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија бараат построги правила за крипто-валутите од Европската комисија, како што е […]

 Големо парче мраз се распадна на Гренланд


Големо парче мраз се одвои од најголемото ледено подрачје на Арктикот, на североистокот на Гренланд. Скршениот дел опфаќа околу 110 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека се распаднал на многу мали парчиња, пренесува Би-Би-Си. Ледените плочи се топат и се распаѓаат со застрашувачка брзина, а климатолозите предупредуваат дека тоа ќе предизвика катастрофално покачување на […]

Германскиот автогигант влегува во електричната ера – испорачани првите возила на батерии


Фолксваген со големо задоцнување им ги испорача своите први автомобили ID.3 на клиентите во Дрезден и Волфсбург. Тоа беше тешко породување. Но, со испораката на најважниот модел на германската автомобилска група на пазарот, електричниот пресврт конечно може да започне, оценуваат специјализираните медиуми. Според компанијата досега се продадени повеќе од 25.000 возила од прваата серија, која е […]

(Фото) Диригент направи заштитни маски кои ја подобруваат акустиката


Унгарскиот диригент и композитор Иван Фишер направи заштитни маски кои го подобруваат квалитетот на звукот и кои ќе им овозможат на посетителите на концертите за време на пандемијата да уживаат во подобра акустика. Овие маски имаат две пластични чаши во форма на дланка. Чашите се прицврстени на конци што го држат платното на маската, дизајнирана […]

Британскиот квиз „Кој сака да биде милионер“ по 14 години доби победник


  Британската верзија од квизот „Кој сака да биде милионер“ го доби својот прв победник по 14 години. Наставник по историја и политика , 57-годишниот Доналд Фиар кој живее во Телфорд, точно одговори на сите 15 прашања и освои милион фунти. Овој татко на четири деца, ппланира парите да ги потроши меѓу другото и на […]

И онлајн може да се купат влезници за Зоолошка


Откријте го шарениот и разновиден животински свет на Зоолошката градина – Скопје преку новата мобилна апликација Skopje ZOO, која е достапна на Play Store и App Store. Една од главните карактеристики на апликацијата е што за прв пат ќе можат да се купуваат единечни или групни билети онлајн, што во време на препорачана социјална дистанца […]

Македонија лани издвоила само 40 милиони евра за истражување – нов повик на ФИТР за соработка на бизнисот и науката


Нов инструмент за соработка меѓу бизнис заедницата и академијата, вака Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го најави новиот Јавен повик за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери. Целта на Повикот е поттикнување на соработката меѓу компаниите и науката во насока на спроведување иновациски активности кои ќе ја зголемат конкурентноста на бизнисите, сегмент […]

Непал и Кина ќе ја објават новата висина на Монт Еверест


Во некое време во блиска иднина – по чекање од една деценија – светот ќе ја дознае новата висина на Монт Еверест. Кина и Непал се здружија за да ја измерат највисоката планина во светот која се наоѓа меѓу нивните граници и, според меморандумот за разбирање од 2019 година, тие мора заедно да ги објават […]

Како софтверот стана оружје?


Љубителите на филмовите за најпознатиот таен агент – Џејмс Бонд знаат дека 007 секогаш има голем број апарати и уреди кои можат да отворат која било врата, да пристапат до податоци и сами да поразат „куп“ непријатели. Во реалноста, новите агенти 007 се анонимни, работат од владини агенции, па дури и (официјално) приватни компании – а нивното главно оружје […]

Монако: Принцот Жак и принцезата Габриела тргнаа на училиште


Монако-Принцот Жак и принцезата Габриела од Монако се во трка со принцот Џорџ и принцезата Шарлот да победат како најфотогенично кралско дуо. Принцот Алберт и принцезата Шарлин неодамна споделија ретка фотографија од 5-годишните близнаци на официјалната страница на Фејсбук во палатата. Искрената слика беше направена на нивниот прв училишен ден и ја прикажува принцезата Габриела […]

Филм од 5 гигабајти во Македонија се симнува за еден час, најспоро во регионот


Најновото истражување на компанијата Cable.co.uk, за широкопојасен интернет спроведено во 221 држава и територии покажа дека филм најбрзо може да се „симне“ во Лихтенштајн, а најбавно во Јужен Судан, каде е потребен речиси цел ден. Што се однесува на Северна Македонија, која на листата е рангирана на 109 место потребни се 59 минути и 27 секунди […]

„Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“


Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, […]

Од оџак во Лисиче извадени 10 килограми мед – спасено пчелно семејство


Изминатиов викенд во скопско Лисиче се случувала вистинска борба за да се спаси и на сигурно да се дислоцира едно големо семејство пчели. Се започнало кога пчеларот Марјан Станковски добива повик од пријател кој бара од него да даде совет како да се извади еден рој пчели кои се населиле во новоизградена куќа во населбата […]