(Видео) Падна еден од најголемите телескопи на светот


  Во вторникот, во опсерваторијата „Аресибо“ во Порторико, се урна еден од најголемите телескопи на светот, а сега се појави и снимка од тој момент. Телескопот функционираше 57 години, но престана да се користи откако инжињерите порано годинава предупредија дека поради неговата лоша состојба тој може сам да падне. Нивните прогнози се остварија во вторникот […]

Луксузен стан од еден милион евра направен во викторијанска бања


Англија– Луксузен стан направен во реновирана викторијанска бања од 19. век, е понуден на продажба за еден милион фунти (околу 1,11 милиони евра). Станот се наоѓа во зграда во гратчето Пенарт во Велс и е навистина оригинално и уникатно место за живеење. Објектот првично служел како јавна бања, во која два базена се полнеле со […]

Кинеската сонда Чанг 5 зеде примероци од Месечината и тргна кон Земјата


Кинеската сонда Чанг 5 денеска се враќа на Земјата и по повеќе од 40 години ќе донесе примероци од Месечината. Ако сондата успешно се врати на Земјата, Кина ќе биде трета земја која зела примероци од Месечината по САД и поранешниот Советски Сојуз. Задачата на Чанг 5 беше да земи примероци од два метри под […]

НАСА за мистериозниот објект што кружи околу Земјата: Не е астероид, туку ракета


Мистериозниот објект што кружи околу Земјата не е астероид, туку ракета стара 54 години, потврдија денеска астрономите на НАСА. Објектот, кој бил забележан со телескоп на Хаваите, потврдил дека станува збор за ракета, објави лабораторијата на НАСА од Пасадена во Калифорнија. Кога беше откриен во септември, се веруваше дека објектот е астероид, меѓутоа, еден од […]

Колку време е потребно да се заразите, ако сте во соба со некој која има КОВИД-19? Пресметајте сами!


Математичарите од американскиот МИТ универзитет создадоа формула за пресметка на веројатноста од зараза со короннавирусот (линк)   Кои се шансите некој да добие коронавирус зависи од голем број варијабли… Од тоа – колку време една личност е изложена на вирусот, колку време поминала со заразено лице, под кои услови, до она што правеле и слично. […]

Преку ноќ се појавуваат и исчезнуваат монолити – дали е измама?


Интернетот има нова занимација за ширење на теории на заговори. Овој пат со необични и мистериозни монолити кои се појавија на повеќе локации во САД и во Романија. Монолитот во Националниот парк во Јута беше најатрактивен бидејќи беше идентично изработен како монолитот од култниот филм „Одисеја 2001“ на Стенли Кјубрик. По зголемениот интерес на туристите, […]

Добитна лотокомбинација – 5, 6, 7, 8, 9 и 10 предизвика обвинувања за измама


Добитната комбинација од последното коло на Играта на лотарија во Јужна Африка, при што беа извлечени броевите 5, 6, 7, 8 и 9, предизвика обвинувања дека станува збор за измама. На националната лотарија Пауербол беше извлечен и џокер-бројот којшто гласи – 10. Според организаторите, комбинацијата ја погодиле 20 лица, од кои секој освоил 5.670.000 јужноафрикански […]

Кралица Елизабета: Прв Божик во замокот Виндзор


Англија- Почнува да личи многу на Божиќ во замокот Виндзор. Кралицата Елизабета го поминува празникот во Виндзор, а нејзината палата е веќе исполнета со празнични украси – вклучувајќи го и потписот на сезоната: џиновска елка. Елката го зазеде своето место во историската сала Сент Џорџ (каде Меган Маркл и принцот Хари имаа свадбен прием во […]

Намибија преку оглас продава 170 заштитени диви слонови


Властите во Намибија објавија продажба на 170 заштитени диви слонови, поради сушата и зголемувањето на нивниот број. Огласот го објави Министерството за животна средина, шумарство и туризам. Во објавата на државниот дневен весник „Нова ера“ се наведува дека причина за тоа е зголемениот број несреќи како резултат на средби меѓу луѓе и слонови. Овие слонови, […]

Криптовалутата на „Фејсбук“ има ново име: „Дием“ наместо „Либра“


„Дием“ наместо „Либра“, криптовалутата која ја поддржува „Фејсбук“ има ново име за да ја нагласи својата независност од американската компанија. Преименувањето е дел од реорганизација во поедноставна структура, рече во вторникот извршниот директор на Diem Association, со седиште во Женева, Стјуарт Леви, јави Ројтерс. Дием, што на латински значи ден, треба да стане дигитална паричка […]

Италијанец пешачел 400 километри по кавга со сопругата


Италијанец изодел скоро 400 километри за „да си ја разбистри главата“ по расправија со неговата сопруга. Човекот бил запрен од полициска патрола рано наутро во понеделникот во близина на Фано, централна Италија. Тој бил уморен и измрзнат, како што истакна полицискиот службеник Антонио Скванси. „Пешакот“ ѝ рекол на полицијата дека се скарал со неговата сопруга […]

„Европотрошувачи“ го тужат „Епл“ за влошување на работата на мобилките, бараат 180 милиони евра


Европската организација за заштита на потрошувачите, „Европотрошувачи“ (Euroconsumers) го тужи „Епл“ во четири земји на ЕУ, барајќи вкупна отштета од ц за намерно влошување на работата на паметните телефони, со крајна цел да ги натера потрошувачите да купуваат нови. Ова го објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на здружението, коешто ги претставува интересите на 1,5 милиони […]

Илон Маск: Човек ќе слета на Марс за шест години


Американскиот технолошки претприемач Илон Маск, кој управува со „Тесла“ и „Спејс-Икс“, смета дека првиот човек на Марс ќе слета за шест години. – За две години ќе се обидеме да испратиме вселенски брод без екипаж, додаде Маск. Тој го сподели своето мислење на доделувањето на наградите „Аксел Спрингер“, што истоимената медиумска група им ги доделува […]

„Црн петок“: Поради грешка со точка-запирка во цената, Мексиканка си купи скутер за 0,69 долари


„Црниот петок“ беше возбудлив за една Мексиканка, која се врза себеси за скутер, бидејќи управата на синџирот продавници „Волмарт“ не сакаше да ѝ го продаде производот по цена од 69 центи… Жената влегла во продавницата во градот Сан Луис Потоси, Мексико, па по долги расправи и расправии уште еднаш се докажа оти „муштериј(к)ата е во […]

Ново истражување покажува долгорочно оштетување на белите дробови по корона вирусот


Ново британско истражување сугерира дека Ковид-19 може да предизвика белодробни абнормалности кои може да се откријат и по три месеци откако пациетните биле заразени, пишува Би-би-си. Во истражувањето спроведено на десет пациенти на Универзитетот во Оксфорд користена е нова техника на скенирање за да се идентификуваат оштетувањата кои не се регистрирани со обично скенирање. Оваа […]

Ново откритие: Ковид-19 влегува во ќелиите преку повеќе рецептори


  Кинеските молекуларни биолози дојдоа до откритие дека корона вирусот во човековите ќелии влегува не само преку ензимот 2 рецепторот (ACE2), туку у преку рецепторот SR-B1, кој го препознаваат молекулите на холестеролот. „Сличноста меѓу Ковид-19 и САРС инфекцијата покажуваат дека антителата и пептидите кои целат на ACE2 може да бидат користени во третман против Ковид-19“, […]

Отворен најдлабокиот базен на светот


  Најдлабокиот базен на светот длабок 45,5 метри, наменет за нуркачи,отворен е неодамна во Полска, недалеку од Варшава. Mszczonów, PolandA diver is seen in the deepest pool in the world, which measures 45.5 metres (150ft). The complex, named Deepspot, includes a small wreck for scuba and free divers to explorePhotograph: Wojtek Radwański/AFP/Getty Images pic.twitter.com/7we9avSc4y — […]

Во Сингапур родено бебе со антитела на Ковид-19


Сингапур– Во Сингапур мајка што во март, за време на бременоста била инфицирана од новиот коронавирус, роди бебе кое има антитела, но не и Ковид-19. Бебето е родено минатиот месец. Тоа е нов доказ дека Ковид-19 може да се пренесе од мајкатана плодот. Се претпоставува дека мајката ги пренела своите антитела на плодот за време […]

На Галапагос откриен бел пингвин (видео)


Националниот парк на  Галапагос соопшти дека на архипелагот откриен е целосно бел пингвин. Белиот пингвин првпат бил забележан на Изабела, најголемиот остров на архипелагот Галапагос. Експертите оценуваат дека пингвинот може да има генетско нарушување леукизам односно делумен недостиг на пигмент на боја што предизвикува светло крзно или пердуви кај животните кои имаат потемна боја. За […]

Дресот „Божјата рака“ на Марадона може да достигне цена од два милиони долари


Дресот што го носеше Диего Марадона кога го постигна славниот гол „со Божја рака“ на мечот против Англија на СП 1986 во Мексико може да се продаде на аукција за два милиони долари откако славниот Аргентинец почина во средата, тврди еден американски експерт за спортски сувенири. Дресот е сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, […]