„Гардијан“: Во Танзанија не смее да се зборува за Ковид-19


Танзанија е една од ретките земји каде што во текот на поголемиот дел од пандемијата е минимизирано значењето на коронавирусот, а властите одбија да го запрат ширењето на вирусот со воведување на заштитни мерки. Од тие причини расте незадоволство во земјата, заедно со смртните случаи, кои им се припишуваат на воспаленија на бели дробови, пишува […]

Кина ќе гради најголема брана и хидроцентрала во светот


Кинеските власти најавија изградба на најголема брана и хидроцентрала во светот. Изградбата е предвидена на најдолгата река Јарлунг Цангпо во автономниот регион Тибет. Новата хидроцентрала ќе има трипати поголем капацитет за производство на електрична енергија од централата „Три клисури“, што се наоѓа на кинеската река Јангце, која засега е најголема хидроцентрала во светот. Новата брана […]

Катедралата Дуомо во Милано повторно се отвора на 11 февруари


Познатата Миланска катедрала дуомо повторно ќе биде отворена за посетители на 11 февруари, соопшти денеска управата на катедралата. Катедралата во центарот на Милано е затворена скоро една година, од почетокот на пандемијата. Во првата фаза, овој симбол на Милано ќе биде отворен од понеделник до петок од 10 до 17 часот, а на посетителите им […]

(Видео) Nike претстави патики за мрзливи


  Компанијата Nike ги претстави првите патики за кои не е потребно да се наведнете за да ги обуете или собуете, а ќе чинат 120 долари. Пред се Nike Go FlyEase се наменети за лица со физички и здравствени потешкотии, но сигурно и мрзливите ќе им се израдуваат. Тие не се употребливи само за оние […]

Небото над источна Франција обоено жолто од песок од Сахара


Песок од Сахара го обои небото во жолта и окер боја на источна Франција, Феноменот, е импресионирачки, но тој се случува редовно, наведе Метео Франс, јави дописникот на МИА.  Небото доби окер тонови, воздух полн со прашина, слој песок што ги покрива автомобилите и пригушена атмосфера. Песокот од Сахара оваа сабота се надви над Франција. […]

Кинеска сонда ги испрати првите слики од Марс


Кинеската сонда Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тјанвен-1 беше лансирана во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан. Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата. Тјанвен-1 […]

Израел тврди дека пронашол лек против корона вирусот


Во израелската болница „Ишилов“ успешно е завршена првата фаза од тестирањето на иновативниот лек против корона вирус, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Израел. Лекот под назив EXO-CD24 се применва така што пациентот директно го вдишува во градите неколку минути еднаш дневно во период од пет дена и на тој начин ја прекинува […]

(Видео) Кина направи џиновска антена за примање сигнали од Марс


Кина направи најголема антена во Азија, чија задача ќе биде да прима податоци од Марс. Се работи за подвижна антена со пречник од 70 метри која успешно ги помина проверките, па сега е подготвена да прима сигнали од Марс во согласност со мисијата Тианвен-1, а истоименото летало следната недела ќе влезе во орбитата на Црвената […]

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата


 Германците уживале во подобар секс во текот на пандемијата на коронавирусот, јави ДПА, повикувајќи се на германски истражувачи кои собрале докази во две засега, необјавени студии. Вкупно 72 отсто од мажите и жените анкетирани од Универзитетот во Мерсебург изјавиле дека нивната врска не се влошила за време на пандемијата, додека 16 отсто рекле дека се […]

Што придонесува, покрај Сонцето, за повеќе витамин Д во човековото тело


Бројни научни истражувања потврдуваат оти Сонцето е главниот предуслов за лачење витамин Д во организмот, а скоро половина од светското население има недоволно, премалку количество од овој витамин во телото. За да се задоволат дневните потреби на витамин Д, се препорачува 5 – 30 минути престој на Сонце. Сепак, поради пандемијата последнава година, претежно престојуваме […]

Доктор открива кое масло е најопасно по здравјето: Ни случајно да не го користите за пржење


Употребата на масла во исхраната, како и другите масти, треба да биде ограничена, освен ако не се однесува на здрави масти. Дали знаевте дека не секое масло е подеднакво здраво или нездраво? Докторка открива кои масла треба да се избегнуваат и кои се најлоши! Постојат две причини зошто овие масла се лоши за нас – […]

Забрана за мобилни во училиштата во Кина


Кина– Министерството за образование на Кина донесе одлука да им забрани на учениците да користат мобилни телефони во училиштата. Образложението е дека ова ќе го заштити видот на децата, ќе спречи зависност од интернет и видеоигри, но исто така, ќе им овозможи на децата подобра концентрација при учењето. Забраната се однесува на носење телефони во […]

Во Милано пронајден мртов бездомник, исчезнал пред 55 години, а имал 100.000 евра на сметка


  Маж на возраст од 75 години кој живеел како бездомник, а чие безживотно тело најдено е минатата недела на миланската железничка станица, имал повеќе од 100.000 евра на банкарската сметка, како и 19.000 евра во акции и останати вредносни хартии, јави Кориере дела сера. Освен тоа, примал и редовна пензија, која ја обезбедил со […]

Олимписки игри 2024 година: Ајфеловата кула ќе се поднови и ќе ја добие бојата која ја сакаше Густав Ајфел


На скоро 132 години, Железната дама ќе ја добие својата „жолто кафеава“ боја посакувана од Густав Ајфел во 1907 година. Операцијата ќе чини педесет милиони евра, програмирана за во ноември 2022 година, јави дописникот на МИА. Посетителите на Ајфеловата кула со оглед на Ковид-19 и рестрикциите беа заменети со бојаџиите, а блесоците на телефоните со […]

По една година во Вселената, француските вина вратени на Земјата


Вкупно 12 шишиња француско вино и 320 примероци винова лоза се вратени во Бордо, на југозападот од Франција, по неколку месеци минати на Меѓународната вселенска станица (МВС) како дел од научен експеримент. Истражувачот Никола Гом изјави дека ова е првата програма за истражување на вселенската средина за да се исполнат предизвиците на идното „вселенско земјоделство“, […]

Се продава купето на Моамер Гадафи


Холандија – Еден од најретките автомобили во светот, купето „Мајбах ксенатек 57С крузеро“, направено по нарачка на либискиот лидер, покојниот полковник Моамер Гадафи, е понудено на продажба во Холандија. Возилото, коешто беше комплетирано дури по смртта на Гадафи, беше понудено на продажба од специјализираната автомобилска компанија за егзотични возила, „Лајтнер“. Овој автомобил е придвижуван од 6-литарски […]

Индија ќе предложи закон за забрана на приватни крипто-валути


Долниот дом на индискиот Парламент ги објави плановите за нацрт-закон што ќе спречи функционирање на сите „приватни крипто-валути“ во земјата. Ова исто така важи и за популарните крипто-валути, како што е Биткоин. Наместо тоа, парламентот сака да предложи подготовка на рамка што ќе овозможи создавање на официјални дигитални пари, под покровителство на Банката на Индија, […]

Бакингемската палата негира дека го промениле името на Арчи во изводот за родени


Англија– Бакингемска палата е во спор со канцеларијата на Меган Маркл, по изјавата на високо избрани извори за „Дејли Бист“ дека всушност името на Арчи, синот на Маркл во изводот за родени е сменето од нејзината канцеларија. Претставниците на Меган инсистираат дека таа стои зад нејзиното тврдење и нема апсолутно никаква вмешаност во промената на […]

Мутацијата на корона вирусот која загрижува настанала спонтано


  Мутацијата на корона вирусот E484K која предизвикува најголема загриженост се појавила спонтано во сојот B.1.1.7 отктиен во Велика Бротанија, рече професорот по епидемиологија и член на кризниот штаб Калум Сампл. Мутацијата E484K која се јави на протеинот S иста е како промената видена во соевите откриени во Јужна Африка и Бразил кои предизвикаа меѓународна […]

Илон Маск ставил чип во мозок на мајмун за да игра видеоигри


Мајмун може да игра видео игри со помош на чип во мозокот, а клип од оваа активност ќе се појави за околу еден месец.Според Блумберг, ова го објавил претприемачот кој стои зад SpaceX и Tesla, Илон Маск. Тој основал друга компанија, стартапот Neuralink, кој се обидува да ги поврзе мозоците и компјутерите.Точниот вид на мајмун […]