Франција, Германија и Велика Британија вршат притисок во Москва за мировни преговори


  Британскиот, францускиот и германскиот амбасадор во Русија повикаа на директни разговори меѓу Москва и Киев на ретка средба во руското Министерство за надворешни работи во четврток. Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија – познати како Е3 – оваа недела се сретнаа со Володимир Зеленски, претседателот на Украина, во Лондон. Во заедничка изјава по […]

Фотографии пред и потоа: Преобразбата од 14,2 милиони долари на Трамп носи … син базен


  Додадени се последните капки вода и наномеурчињата се вклучени. „Прекрасната“ преобразба на Доналд Трамп на рефлектирачкиот базен пред Линколн меморијал, една од историски најсимболичните атракции во Вашингтон, е официјално завршена, а јавноста добива прв поглед како се потрошени 14,2 милиони долари за проектот. Сепак, спротивно на предвидливото тврдење на претседателот дека добива „одлични критики“, […]

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво


Јапонија денеска успешно лансираше ракета што користи за погон исклучиво течно гориво, објавуваат јапоснките медиуми повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата утрово во 9:55 часот е лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападниот дел на Јапонија, носејќи шест мали сателити во земјината орбита. Лансирањето претходно беше одложено на два дена поради […]

Трамп најавува скорешен договор, Техеран сè уште нема донесено одлука


Надежите за мир меѓу Иран и Соединетите Држави денеска пораснаа, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот меѓу двете земји би можел да биде потпишан уште овој викенд, дури и покрај тоа што Техеран соопшти дека сè уште нема донесено конечна одлука. Договорот, доколку биде потврден, би бил најзначајниот дипломатски пробив досега за прекин […]

Три деца и еден возрасен загинаа во сообраќајка во Холандија, возило удрило во група ученици на велосипеди


Три деца и едно возрасно лице загинаа откако автомобил удри во група велосипедисти во југозападниот дел на Холандија, соопшти полицијата. Несреќата се случила во близина на местото Фогелварде, во покраината Зеланд, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во група од 14 ученици и двајца возрасни велосипедисти кои биле на училишна екскурзија. Три лица починале […]

Судот дозволи администрацијата на Трамп привремено да продолжи со наплатата на царината од 10 проценти


Американски апелациски суд донесе пресуда со која засега и се дозволува на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со наплатата на десетпроцентна царина на глобалниот увоз. Апелацискиот суд надлежен за Федералниот округ – Вашингтон оцени дека федералната влада доставила доволно аргументи за да има изгледи за успех во спорот. Од 24 февруари 2026 година […]

Киев ги повика цивилите да ги напуштат окупираните подрачја поради засилените украински напади


Воениот гувернер на украинскиот југоисточен регион Запорожје, Иван Федоров, денеска ги повика цивилите да ги напуштат териториите под руска окупација, во услови кога Киев ги интензивира нападите врз тие делови на земјата. Федоров преку „Телеграм“ соопшти дека украинските сили ја гаѓаат руската воена инфраструктура и линиите за снабдување во регионите Запорожје и Херсон. Истовремено, според […]

Почина тајландската принцеза Бајракитијабха по три години минати во кома


Тајландската принцеза Бајракитијабха, најстарата ќерка на кралот Маха Ваџиралонгкорн, почина на 47-годишна возраст, соопшти кралскиот двор. Принцезата, позната во Тајланд како „Ба“, починала мирно во Меморијалната болница „Крал Чулалонгкорн“ во Бангкок, по повеќе од три години поминати во кома откако колабираше во декември 2022 година. Нејзината здравствена состојба значително се влоши во мај годинава. Според […]

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“


Иран се согласи на најголемиот дел од нацртот за потенцијалниот договор со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, и истакна дека Иран нема да прави компромис кога станува збор за нивните „црвени линии“. Багеи нагласи дека Иран сè уште нема донесено конечна одлука за договорот, додавајќи дека најголемиот дел од […]

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор


Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година. Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично […]

Уште еден пресврт на Трамп околу Иран: ги откажа нападите


  Американскиот претседател Доналд Трамп објави на платформата Truth Social дека ги откажал воздушните напади и бомбардирањата врз Иран планирани за четврток вечерта, тврдејќи дека највисокото ниво на иранското раководство ги одобрило и прифатило клучните точки од билатералните разговори. Трамп изјави дека деталите од договорот се целосно договорени, но нагласи дека поморската блокада на Иран […]

Ел Нињо се врати, американската НОАА стравува од екстремни временски услови


Временскиот феномен Ел Нињо повторно е присутен, соопшти денеска американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), предупредувајќи дека се очекува негово дополнително засилување во текот на зимата 2026-2027 на северната хемисфера. „Условите за Ел Нињо се присутни и се очекува да се зајакнат во текот на зимата на северната хемисфера 2026-27“, се наведува во […]

Се активираше сензор за опасни материјали: Проблем во системите во Пентагон предизвика лажна тревога и евакуација


Пентагон денес беше затворен, а дел од зградата беше евакуиран откако се активираше сензор за опасни материјали, но подоцна се покажа дека станува збор за лажна тревога, потврдија два извори запознаени со проблемот. Неколку ката и ходници беа затворени поради „инцидент со опасни материјали“, претходно објавија извори и локалната противпожарна служба, објави Си-Ен-Ен. Евакуацијата беше […]

Министерот за одбрана на Британија поднесе оставка поради малите трошења за армијата


  Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, поднесе оставка поради плановите на владата за воени трошоци, обвинувајќи ги премиерот Кир Стармер и министерката за финансии Рејчел Ривс дека ја довеле во опасност безбедноста на земјата во време на растечки меѓународни закани. Во острата оставка, која дополнително го поткопува веќе кревкиот авторитет на премиерот, Хили рече […]

Само еден од 10 Европејци сега ги гледа САД како сојузник: ново истражување


  Европејската доверба во американската „безбедносна гаранција“ достигна историски минимум, покажува истражување, при што само еден од 10 луѓе во 15 земји ги гледаат САД како сојузник, а мнозинството се сомнева дека ќе им помогнат доколку бидат нападнати. Истражувањето, објавена во средата од страна на тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи (ЕЦФР) пред критичните самити […]

Дали Oрмуз е отворен или затворен? „Одлуката не зависи од Вашингтон или Техеран“


Соединетите Американски Држави и Иран сè уште се заглавени во жестока вербална војна околу статусот на Ормускиот теснец. Откако американската војска изврши втор бран воздушни напади врз иранските радарски места и системи за воздушна одбрана синоќа, Техеран повторно го прогласи теснецот целосно затворен за сите видови бродови. Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) отиде чекор […]

Трамп ја засака инфлацијата. Американците се загрижени


  Извештајот на Министерството за труд е непожелна вест за претседателот Трамп и Републиканската партија во изборна година каде што доминантно прашање е прифатливоста на цените. Демократите веќе подготвуваа кампањски реклами за силно да ги погодат Републиканската партија и поради војната со Иран и поради начинот на кој Трамп се справува со економијата воопшто. Извештајот, […]

Гори голема руска рафинерија во Краснодар по напад со украински дрон


Украински напад со дрон предизвикал пожар во нафтена рафинерија во близина на јужниот руски град Краснодар, соопштија регионалните власти. Според Центарот за кризни ситуации на Краснодарскиот регион, рафинеријата во населбата Афипски, една од најголемите во јужна Русија, била опожарена во нападот. Пожарот утрово бил изгаснат, а нема информации за повредени во нападот. Гувернерот на Краснодарскиот […]

Американската војска: Завршени последните напади врз цели во Иран


Американската армија соопшти дека Централната команда на САД (CENTCOM) ги завршила новите напади врз Иран, неколку часа откако претходно беше објавено нивното почнување по наредба на претседателот Доналд Трамп. „Силите на CENTCOM извршија напади врз ирански воени капацитети за надзор, комуникациски системи и позиции на противвоздушната одбрана низ Иран. Средства на Маринскиот корпус, Воздухопловните сили […]

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини


Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремните горештини во услови на забрзани климатски промени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи дека континентот се затоплува побрзо од кој било друг регион во светот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во изминатите четири години повеќе од 200 илјади лица во […]