Русија погоди турски товарен брод во близина на Одеса. Десет лица загинаа


  На 19 јули, руската војска го нападна трговскиот брод „Златен лав“, во сопственост на турска компанија кој пловел под знамето на Гвинеја-Бисао, во близина на Одеса, соопштија украинските воздухопловни сили. Според нив, во нападот биле употребени три крстосувачки ракети „Kх-59/Kх-69“. Ударот бил на десната страна од надградбата на бродот, поради што избувнал пожар. Управата […]

„Гардијан“: Трамп, а не Иран, е најголемата опасност во светот


  Безгрижен и несвесен, Доналд Трамп е изгубен во Иран, неспособен да најде излез од катастрофалната војна што ја започна. Уште еднаш, американската војска ја бомбардира земјата и, сè повеќе, нејзината цивилна инфраструктура. Како и претходно, ова незаконско напаѓање го зајакнува отпорот на тврдокорниот режим на кој малку му е грижа за страдањето на својот […]

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството


Нивото на водата во реката Дунав во Романија викедов падна на најниско ниво од 1996 година, што резултираше со ограничувања при наводнувањето на земјоделските површини и делумно нарушување на бродскиот сообраќај. Речните водните патишта низ Европа се засегнати од продолжените топлотни бранови и сушата, а климатските податоци покажуваат дека просечната максимална температура во Западна Европа […]

Џеј Ди Венс доби син, прво бебе на актуелен потпретседател по 156 години


Вашингтон – Потпретседателот Џ.Д. Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во недела го објавија раѓањето на нивното четврто дете, прво родено за време на актуелен потпретседател по повеќе од 150 години. Роден во недела, Алек Нил Венс им се придружува на постарите браќа и сестри Јуан (9); Вивек (6); и Мирабел (4). Венс […]

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство


Буенос Аирес – Најмалку 15 лица се уапсени за време на немирите што избувнаа во центарот на Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, објавија аргентинските медиуми. -Тројца полицајци се повредени во нападите. Исто така, регистрирани се кражби на телефони и лични предмети. Официјални извори потврдија дека најмалку 15 лица се […]

Русија го нападна Киев пет часа со бараж од балистички ракети


  Русија изврши еден од најголемите напади со балистички ракети врз Киев, започнувајќи петчасовен напад во кој загина најмалку едно лице, а седум беа повредени, со пожари и штети низ целиот град. Украинските власти соопштија дека главниот град бил погоден со околу 40 ракети „Искандер-М“ и хиперсонични ракети „Циркон“. Жителите слушнале звук на сирена за […]

Клучна личност во партијата на Мерц поднесе оставка поради мајчинство од сурогат мајка


  Важна личност во централно-десничарската партија на германскиот канцелар Фридрих Мерц поднесе оставка од лидерската позиција во саботата, изјавија партиски извори за АФП, поради контроверзиите околу неговото користење на сурогат мајка во САД и покрај забраната за оваа практика во Германија. „Во последните денови сфатив дека мојата лична среќа да основам семејство со мојот сопруг […]

Зеленски размислува за смена на врховниот командат Сирски


  Володимир Зеленски размислува за оставка на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, во услови на најголема криза во военото раководство во неговото претседателствување, изјави висок функционер на украинската администрација изјави за „Фајненшел тајмс“. Тој рече дека Зеленски ќе се сретне со воениот персонал овој викенд за да ги слушне нивните проценки за […]

Американски војници убиени во Јордан. Иран до сојузниците: Подгответе се за поширока војна


  Двајца американски војници се убиени, а еден е исчезнат по иранските напади во Јордан, потврди Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ). Смртните случаи се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март и доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, ЦЕНТКОМ детално го опиша инцидентот. „Двајца […]

Орбан: Тиранијата повеќе не е закана, туку реалност. Боже, заштити ја Унгарија


Отворена тиранија дојде во Унгарија поради постапките на премиерот Петер Маѓар и партијата Тиса, соопшти опозициската партија Фидес, коментирајќи го фактот дека претседателот Тамаш Суљок потпиша амандман на уставот со кој му се завршува мандатот. „Маѓар и партијата Тиса извршија насилен напад врз претседателот на начин без преседан во Европската Унија, го ставија во недостоинствена […]

Унгарискиот претседател потпиша сопствена смена


Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок, ги потпиша измените на унгарскиот Устав кои беа иницирани и протуркани од владата на премиерот Петер Маѓар и неговата партија ТИСА. Уставните измени содржат одредба според која „надлежностите на актуелниот претседател на републиката престануваат, а парламентот избира нов шеф на државата во рок од 30 дена“ од стапувањето на документот […]

Најџел Фараж ќе се соочи со 33 противкандидати во Клактон на предвремените парламентарни избори


Лидерот на британската десничарска партија „Реформирај го Обединетото Кралство“, Најџел Фараж, ќе се соочи со рекордни 33 кандидати од мали и маргинални партии на предвремените парламентарни избори во изборната единица Клактон он Си (Clacton-on-Sea). Ова следува откако локалните власти го потврдија конечниот број пријавени кандидати за гласањето закажано за 13 август.  Советот на областа Тендринг […]

Шпанија се подготвува за трет топлотен бран ова лето, температурите ќе надминат 45 степени


Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ). Овој топлотен бран дополнително ќе биде засилен од антициклон кој во текот на неколку дена ќе задржи сув и врел воздух […]

Иран го суспендираше рамковниот договор со САД и упати остри пораки до Вашингтон


Иранската влада денеска објави дека рамковниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран повеќе не е во сила. – Иран го суспендираше договорот – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Казем Харибабади. – Ангажирани сме во одбраната на земјата – изјави Харибабади во телевизиско интервју, додавајќи дека Американците со своите агресивни мерки ги прекршиле своите обврски […]

Романија набавува хеликоптери и радари вредни над една милијарда евра преку механизмот SAFE


Романското Министерство за национална одбрана, преку Генералната дирекција за вооружување, потпиша две нарачки во рамките на европскиот инструмент „Безбедносна акција за Европа“ (SAFE), во вкупна вредност поголема од една милијарда евра, за набавка на повеќенаменски хеликоптери „Ербас“ и на радари од француската компанија „Талес“, пренесува романската новинска агенција Аџерпрес. Договорниот партнер е француската Генерална дирекција […]

Зеленски: Украина погоди нафтен објект и големи логистички центри длабоко во Русија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили погодиле два големи логистички објекти во Московската и во Тамбовската област во Русија, како и руски нафтен објект, како одговор на руските напади врз украинската цивилна инфраструктура. „Денеска нашите удари со оружје со долг дострел погодија цели во три региони на руската територија, како и на […]

Како Епстин ги регрутирал жртвите: Сведоштво на поранешна асистентка за Би-Би-Си


Жена која со години работела како една од асистентките на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин изјави за Би-Би-Си дека покојниот американски финансиер воспоставувал контрола врз жените преку психолошка манипулација, финансиска зависност, закани и изолација, опишувајќи го неговиот систем како „култ“ во кој тој бил водач. Жената, претставена под псевдонимот Ања, изјави дека по осудата во […]

Два автобуси се судрија во јужна Чешка, 40 повредени


Четириесет лица се повредени од кои девет се здобиле со тешки повреди во судар на два автобуса во близина на градот Знојмо во јужниот дел на Чешка. Спасувачката служба соопшти дека сударот меѓу два регионални автобуси се случил од непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно. „На местото на несреќата […]

(Видео) Повеќе од 100 куќи изгореа во голем пожар во Норвешка


Повеќе од 100 домови беа уништени во огромен пожар што избувна вчера во јужна Норвешка, а стотици луѓе мораа да ја напуштат областа, објавија норвешките власти и јавниот радиодифузен сервис НРК. Пожарот избувна вчера околу 15:30 часот во градскиот округ Крокстаделва во Драмен, град кој се наоѓа на околу 34 километри југозападно од Осло. Пожарот […]

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади


Снабдувањето со вода за пиење е прекинато за најмалку 10.000 луѓе по должината на иранскиот брег по американските напади на југот од земјата, објави ДПА, повикувајќи се на официјални извори. Причината е гранатирањето на постројката за десалинизација на морска вода во крајбрежниот регион Jаск, соопшти владината прес-служба, повикувајќи се на компанијата за водоснабдување на покраината […]