Ал-Шараа му се заблагодари на Трамп: По 47 години САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот


Соединетите Американски Држави (САД) вчера официјално ја отстранија Сирија од својот список на држави спонзори на тероризмот. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шараa силно ја поздрави одлуката. Во своето обраќање, ал-Шараa изрази длабока благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп, како и до сите пријателски земји за нивната поддршка. „Денес, Сирија отстранува темна дамка и затвора болно поглавје […]

Британските власти наложија „Тик-ток“ да ги отстрани видеата што промовираат опасно возење


Британската влада побара и наложи „Тик-ток“ и другите социјални платформи да ги отстрануваат видеата што поттикнуваат опасно возење, откако во тешка сообраќајка во североисточна Англија загинаа седум лица. Министерот за одбрана Лук Полард порача дека платформите мора самите да реагираат, а владата е подготвена да ги принуди да го отстранат ваквиот материјал преку Законот за […]

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец


Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец, што е најмалку од 7 мај наваму, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler). Станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас што вчера навлегол во Ормускиот теснец од Оманскиот Залив. Во неделата низ Ормус поминале шест товарни […]

(Видео) Торнадо во јужна Франција, повредени 41 лице, оштетени стотици куќи


Торнадо помина низ француското село Помас на југозападот од земјата, при што беа повредени 41 лице и беа оштетени стотици куќи. Локалните власти соопштија дека 15 лица се однесени во болница, вклучувајќи и бремена жена која беше повредена откако делови од нејзината куќа се урнаа врз неа, објави АФП. Повеќе од 120 служби за итни […]

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува укинување туристички и деловни визи за до 200 илјади странски државјани кои поднеле барање за азил во САД. Доколку биде спроведена, мерката би претставувала најголемо еднократно масовно укинување визи во историјата на САД. Стејт департментот во следните недели би требало да објави укинување на таканаречените Б1 и Б2 […]

Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го ограничи гласањето по пошта


Врховниот суд на САД денес ја поништи судската одлука со која се блокираше администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја спроведе неговата извршна наредба со која се ограничува употребата на гласање по пошта пред ноемвриските конгресни избори, на кои ќе се одлучи која партија ќе го контролира тој дом. Судиите го одобрија итно барање од […]

Трамп најави царини од 50 отсто за канадските возила, делови и челик од 1 јануари


Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како […]

Франција забрани децата да користат мобилни телефони во училиште


Целосна забрана за мобилни телефони ќе стапи на сила во сите средни училишта од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција. Одлуката ја потврди денеска портпаролката на владата Мод Брежеон, која соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да донесе закон со кој се воведува мерката, објави Euronews. „Уставниот совет ја […]

Јапонија ја заврши третата година од испуштањето радиоактивна вода од Фукушима


Компанијата ТЕПКО (TEPCO – Tokyo Electric Power Company Holdings Inc.) денеска ја заврши третата година од испуштањето прочистена радиоактивна вода во морето од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима, при што досега во 22 рунди се испуштени 172.700 тони, пренесоа јапонските медиуми. Количината складирана во резервоарите е намалена за 7,6 проценти на околу 1,24 милиони тони, […]

ЕУ одобри 6,1 милијарда евра помош за Украина, Лондон најави производство на „Скалп“


Киев – Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел […]

Левица: Муцунски во посета на држава обвинета за геноцид


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, деновиве претстојува во посета на неговиот колега, инаку осомничен воен злосторник Гидеон Саар, кој е познат по ставовите дека нема да дозволи постоење на палестинска држава и кој сесрдно се залага за анексија на Западниот Брег, за илегална воена окупација на територии во Сирија и Либан […]

Денот за црни деца на базен во Берлин предизвика бес кај крајната десница


  Беше замислено да биде излет за црните деца во Берлин и нивните семејства, нудејќи им ексклузивно попладне на отворен базен поставен од локален театар. Но, плановите, закажани за почетокот на овој месец, мораа да бидат откажани откако беа искористени од десничарските и конзервативните гласови за да предизвикаат бес, оставајќи ги организаторите да се бранат […]

Зеленски до Путин: Ја сакавте цела Украина, место тоа цела генерација испративте во кланица


Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност што беше повод украинскиот претседател, Володимир Зеленски, да потврди дека  неговата земја е подготвена да ја заврши војната – но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги […]

Зеленски го одбележа украинскиот Ден на независноста со повик да се натера Русија „да завива“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи своето обраќање до нацијата по повод 35-годишнината од независноста на земјата за да му упати директен предизвик на рускиот претседател Владимир Путин, изјавувајќи дека Москва мора да биде турната на колена преку единството на меѓународната заедница. Додека европските лидери се собраа во Киев за да ја одбележат годишнината, Зеленски […]

За првпат по 10 години Русија нема трајно стационирани бродови во Медитеранот


За прв пат по повеќе од десет години, Русија повеќе нема трајно стационирани воени бродови во Медитеранот. Британскиот весник „Телеграф“објавува дека работната група, која дејствуваше од 2013 година, одамна е повлечена. „Таму нема ништо од јуни“, весникот цитира функционер на НАТО, кој го смета потегот за „доста значаен“. Ова е затоа што Русија, засега, се […]

Пожарникар подметнувал пожари, а потоа учествувал во нивното гасење: Признал зошто!


Мажна возраст од 28 години е осомничен за најмалку три пожари на суви насипи и ливади. Австриската полиција пријави 28-годишен пожарникар од Бургенланд под сомнение дека намерно подметнал неколку пожари во округот Оберпулендорф во текот на јули и август. Она што е особено неверојатно е што откако ги запалил пожарите, тој учествувал во нивното гаснење, […]

Штрајкот на контролорите на летање ја парализира Норвешка, затворен главниот аеродром


Главниот аеродром во Норвешка, „Осло Гардермоен“, беше затворен утрово откако контролорите на летање штрајкуваа, откажувајќи ги сите летови најмалку пет часа. Аеродромот соопшти дека се откажани 75 полетувања и 47 пристигнувања. Штрајкот го наруши и сообраќајот на Берген, Ставангер, Трондхајм и други аеродроми управувани од државната компанија „Авинор“. Првите 12 контролори на летање се отстранети […]

Зеленски: Украина никогаш не учествувала во акција за саботажа на „Северен поток 2“


Украина никогаш не учествувала во операција поврзана со саботажата на гасоводот „Северен поток 2“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски тоа го изјави во Киев на средбата на врвот на Украина и Северно-балтичката осумка, во која членуваат Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија. „Украина никогаш официјално не учествувала во каква било операција […]

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген


  Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија Зе-Де-Еф емитувано вчера. „На Германија ѝ беше значително […]

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите


Сирија и Израел синоќа во Јордан одржале разговори со посредство на САД, со цел да се намалат тензиите по неодамнешните израелски напади врз сириска територија. Сириските државни медиуми, повикувајќи се на извор на Министерство за надворешни работи, соопштуваат дека разговорите биле насочени кон воспоставување практични механизми за запирање на израелските напади, апсења и целни операции, […]