Градоначалникот на Москва објави дека градот бил нападнат од повеќе од 390 дронови (видео)


Градоначалникот на Москва во вторник објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите се оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј […]

Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Јапонија: Издадено предупредување за цунами


  Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија во вторник со епицентар на островот Кјушу во областа Куманоту. Јапонската метеоролошка агенција извести за епицентарот, а во исто време издаде предупредување за можно цунами со бранови високи до еден метар. Владата, исто така, реагираше, издавајќи предупредувања за другите […]

Елени бегаат од патиштата, реките се преполни со пепел. Шумските пожари го уништуваат францускиот предел


Елени заробени од ѕидови од пламен, гуштери не можат да избегаат од топлината, живеалишта претворени во пепел – дивите животни плаќаат висока цена во пожарите во Франција. Околу 42.000 хектари шума западно од Бордо изгореа од среда, а властите стравуваат дека топлотниот бран прогнозиран оваа недела би можел да ги разгори пламените јазици. Домови, обработливо […]

Топлинска купола доаѓа над Европа. Можни се екстремни горештини


Се очекува Европа да доживее уште еден силен топлотен бран на преминот од јули во август. Според прогнозата на Severe Weather Europe, топлината доаѓа од Северна Африка, а голем топлотен бран ќе се формира над Западна и Централна Европа и Медитеранот. Ова значи дека топлиот воздух ќе остане над истата област со денови, како капак […]

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран


Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои […]

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто


Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири […]

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди […]

Хамбург ги зголемува безбедносните мерки за Парадата на гордоста по нападот во Берлин


Полицијата во Хамбург планира засилени безбедносни мерки за настаните за Парадата на гордоста во северниот германски град овој викенд, по смртоносниот напад во Берлин. Портпаролот на полицијата денеска изјави дека силите го зголемуваат бројот на полицајци кои треба да бидат распоредени за главната парада во Хамбург в сабота, без да даде конкретни бројки. – Независно […]

Санчез предупредува: Климатската вонредна состојба чини животи во Шпанија


Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ја истакна поврзаноста помеѓу шумските пожари и климатската криза, наведувајќи дека климатската вонредна состојба одзема животи и дека не е доволно само да се справиме со нејзините последици, туку дека ефектите мора да се предвидат и земјата подобро да се подготви за заштита на животите на луѓето. Денес, Санчез ја […]

САД: Комисија за нуклеарна регулатива сака да го ублажи прописот за безбедност од зрачење


Американската Комисија за нуклеарна регулатива (НРЦ) предлага укинување на основниот безбедносен принцип кој 50 години го регулираше зрачењето на кое се изложени луѓето во Соединетите Држави, а кој беше усвоен и ширум светот. Објектите како нуклеарни централи, болници или академски институции кои користат радиоактивни материјали мораат да обезбедат изложеноста на зрачење да се одржува „што […]

Амазонски оперски куќи додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО


Две оперски куќи во бразилскиот Амазон, Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, на врвот на економскиот бум базиран на трговијата со гума, а одлуката ја донесе денес културната агенција на ОН, објави АП. […]

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите


Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на […]

УНЕСКО ја отстрани Виена од листата на загрозено наследство. Нема да гради облакодер висок 73 метри


УНЕСКО денес одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа ревидирани плановите за контроверзен проект за облакодер, кој со години предизвикуваше загриженост, се вели во соопштението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Историскиот центар на Виена беше додаден на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО […]

Трамп „патува“ во минатото и го спасува Џорџ Вашингон


  Американскиот претседател Доналд Трамп сподели плакат од филм со вештачка интелигенција во холивудски стил, на кој се гледа како тој се спасува Џорџ Вашингтон од опасност. Фотографијата, објавена на неговиот профил на Truth Social, е една од многуте во бранот содржина генерирана од вештачка интелигенција објавена неодамна. Фотографијата со вештачка интелигенција, дизајнирана да личи […]

Русија уништила повеќе од 80 бензински пумпи во украинската област Харков


Руските сили уништија повеќе од 80 бензински пумпи во Харковската област во Украина, каде што е целосно прекинат пристапот до гориво на патот меѓу Харков и Полтава, изјави денеска регионалниот официјален претставник на Харков, Олександер Скорик. Последната преостаната бензинска пумпа во Валки беше уништена вчера во руски воздушен напад, соопшти Скорик на социјалните мрежи. Повеќе […]

Украинците со евтин дрон уништија моќен руски одбранбен систем „С-400“ (Видео)


  Украинските власти тврдат дека Украина нападнала дел од напреден руски систем за воздушна одбрана распореден во Крим, објави „Њусвик“. Украинската војска уништила руски ракетен одбранбен систем „С-400“ и радар на Крим, објави во понеделник украинската разузнавачка агенција ГУР. Лансерите се дел од копнен систем за воздушна одбрана кој испукува пресретнувачки ракети дизајнирани да се […]

Стратегија на руските сили – уништување на бензинските пумпи во Украина


  Руските сили ги уништија сите бензински пумпи по должината на патот помеѓу Полтава и Харков, а последната беше погодена во градот Валки на 26 јули, според регионалните власти. Во последните месеци, додека нападите со долг дострел на Украина предизвикаа криза со гориво низ Русија и окупираните територии на Украина со напади врз рафинерии, Русија […]

Од Украина и Судан до Газа: зошто болниците станаа цел на војна?


Двапати дневно, Љубов Мартиненко го напушта подземното породилно одделение каде што работи во Херсон и патува со амбулантно возило за да земе оброци од друга болница во „црвената зона“ на украинскиот град, близу до реката Днепар и руските сили од другата страна. На 4 јуни, непосредно пред пладне, возилото влезе во дворот на градската клиничка […]

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија


Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, […]

Европа го чека четвртиот топлотен бран, а пожарите од претходниот сѐ уште горат


Потполковник Дејвид Анотел утрово за радио RTL изјави дека пожарот во Жиронда може да трае „неколку недели или месеци“ пред целосно да се изгаси, при што се очекува да бидат потребни засилувања од целата земја. Повторувајќи ги коментарите дадени во Шпанија, тој рече дека следните два до три дена нудат можност да се „искористат“ временските […]