Украински суд го ослободи Саакашвили од притвор


Украински суд вечерва донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили. Судијката Лариса Цокол од Печорскиот окружен суд во главниот град Киев не го прифати барањето на Јавното обвинителството за задржување на Саакшвили во притвор. Саакашвили и неговите приврзаници, вклучувајќи неколку […]

Моравјецки положи заклетва како премиер на Полска


Матеуш Моравјецки денеска положи заклетва како нов премиер на Полска, наследувајќи ја Беата Шидло, која во неговата Влада е именувана за заменик премиерка одговорна за социјална политика. Моравјецки и Шидло практично ги заменија нивните функции. Минатата недела Шидло поднесе оставка на функцијата под притисок на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПИС), која се обидува […]

Австрија ја укинува забраната за пушење во угостителските објекти


Коалициските партнери во новата австриска Влада што треба да биде формирана до 20 декември, Австриската народна партија (ОВП) и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), денеска ги потврдија нивните намери за „укинување на апсолутната забрана за пушење во угостителските објекти“. Новата верзија на забраната треба да стапи во сила во мај следната година, а со […]

Путин пристигна на средба со Ердоган


Рускиот претседател Владимир Путин попладнево пристигна во Анкара, каде ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган. Според најавите од Москва, турскиот и рускиот претседател ќе разговараат за главните меѓународни проблеми, меѓу кои и ситуацијата во Сирија и Израел. Предвидено е Путин и Ердоган да ја разгледаат и економската соработка меѓу Русија и […]

Видео од терористичкиот напад во Њујорк


Камерите за видеонадзор го забележаа моментот на активирање на експлозивната направа на Менхетен. Имено, како што беше претходно соопштено, експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. CCTV footage shows the pipe bomb explodes in Midtown Manhattan, NYC pic.twitter.com/05WFv06RMl — People’s Daily,China (@PDChina) December 11, 2017 Според телевизијата […]

Силен земјотрес од шест степени го погоди Иран


Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Иран. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Егзела, но тој се почувствувал и во Карманшаху. Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или жртви. Минатиот месец истиот регион го погоди земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, […]

Европа блокирана поради врнежи од снег


Обилните снежни врнежи што денеска зафатија повеќе делови на Европа предизвикаа проблеми во одвивањето на копнениот и воздушниот сообраќај. Поради обилните врнежи од снег, затворен за сообраќај е аеродромот „Завентем“ во Брисел. Засега нема ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти. Во Франција, во 32 области е прогласена вонредна состојба, а поради врнежите на снег над […]

Обид за терористички напад: Во експлозијата на автобуска во Њујорк повреден само бомбашот


Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетен. Според претставник на њујоршката полиција, се работи за обид да се детонира бомба при што бил повреден само бомбашот. Според телевизијата Си-би-ес, напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело.  Едната од бомбите експлодирала додека […]

Експлозија на бомба на автобуска станица во Њујорк


Експлозија одекнала утринава во Њујорк, на една од главните автобуски станици во централниот дел на Менхетн. Полицијата информираше дека реагира на терен и дека сѐ уште не е утврдена причината за експлозијата. Според телевизијата Ен-би-си, најмалку едно лице е повредено, а неколку метро-линии се во прекин поради експлозијата.

Бугарските работодавци ќе им даваат божиќни бонуси на вработените


Околу 64 отсто од работодавачите планираат да им дадат новогодишен бонус на вработените, 21 отсто нема, а 15 отсто се уште не донеле конечна одлука, покажуваат резултатите од анкетата на Бугарската трговско-индустриска комора (БТПП). Анкетата е спроведена во периодот од 22 до 29 ноември, соопшти прес-центарот на организацијата на работодавачите. Фирмите им даваат дополнителни средства […]

Путин во ненајавена посета: Русија ги повлекува своите војници од Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во ненајавена посета на Сирија и нареди повлекување на руските сили од таа држава. Путин пристигна во воената воздухопловна база Хмајмим, која е една од неговите ретки посети на Сирија, каде што во изминативе шест години има војна. Рускиот претседател беше дочекан на аеродромот од претседателот на Сирија, Башар ал […]

Изложба „Суперпутин“: Путин јава на мечка, се бори со тигар, пука од минофрлач (ВИДЕО)


На изложбата „Суперпутин“, која е посветена на рускиот претседател Владимир Путин, посетителите ќе можат да видат слики и скулптури кои актуелниот претседател на Русија го прикажуваат како Супермен, јава на коњ, јава на мечка, љубител на животни, дури и како Дедо Мраз. Lukisan ketokohan dan semangat heroik Vladimir #Putin digambarkan dalam pameran “#Superputin” di #Moscow […]

Саудиска Арабија во 2018 година ќе ги добие првите киносали


Саудиска Арабија денеска објави дека ќе дозволи да се отворат киносали. Најверојатно првите кина во конзервативната монархија ќе бидат отворени на почетокот на следната година. – Комисијата за аудиовизуелни медиуми го започна процесот за лиценцирање на киносалите во монархијата – изјави министерот за култура и информации Ауад бин Салих ал Ауад. Тој додаде дека првите […]

Могерини: ЕУ ќе продолжи да го почитува „меѓународниот консензус“ за Ерусалим


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави денеска дека Унијата ќе продолжи да го почитува „меѓународниот консензус“ во врска со Ерусалим. Таа во Брисел изјави дека единствено „реално решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците е засновано на државно решение со Ерусалим како главен град на две држави“. Могерини денеска […]

Врачени Нобеловите награди за 2017 година


На свечена церемонија во Стокхолмската филхармонија, шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав вечерва ги врачи Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, литература и економија за 2017 година. Единаестмината овогодишни лауреати на Нобеловите награди добија плакети и златни медали. Првиот човек на Нобеловиот фонд, Карл-Хенрик Хелдин во обраќањето на церемонијата нагласи дека вредностите истакнати во тестаментот на […]

Лондон нема да ја плати „сметката“ за Брегзит без трговски договор со ЕУ


Велика Британија нема да и ја плати на Европската унија „сметката за разводот“, која се проценува на меѓу 40 и 45 милијарди евра, доколку Лондон и Брисел не постигнат договор за нивните трговски односи по излегувањето на земјата од ЕУ, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис. Во петокот Велика Британија и ЕУ соопштија […]

Доделена Нобеловата награда за мир


На свечена церемонија во седиштето на градската управа на Осло денеска на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје и беше врачена Нобеловата награда за мир за 2017 година. Примајќи ја наградата, претседателката на Кампањата, Беатрис Фин апелираше за поддршка на Договорор за забрана на нуклеарното оружје, кој за да стапи во сила треба да […]

Велика Британија блокирана поради врнежи од снег


Делови на Велика Британија денеска се зафатена од обилни снежни врнежи, кои предизвикаа застои и блокади во копнениот и воздушниот сообраќај. Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс. Поради снегот има застои на повеќе патни правци во земјата, а доцнат […]

Германија продаде село за 140 илјади евра


Селото Алвине во германската сојузна покраина Бранденбирг е продадено на аукција во Берлин за сума од 140.000 евра. Според весникот „Билд“, нов сопственик на селото е анонимен купувач, кој за време на наддавањето по телефонски пат единствен дал понуда за купување на Алвине. Селото, кое има 15 жители, зафаќа површина од 16.000 метри кавдратни, на […]

Производите на „Лакталис“ се повлекуваат од продажба


Француската Влада денеска соопшти дека издала наредба за повлекување од продажба на млеко и млечни производи на компанијата „Лакталис“ во Франција и во странство, поради стравување дека постои опасност тие да се заразени со салмонела. Според Париз, станува збор за „огромни“ количества на млеко и млечни производи од францускиот прехранбен гигант. Во соопштението е наведена […]