Комби со мигранти слета од пат во Словенија


Словенечката полиција пронајде 20 мигранти од Пакистан, откако комбито со кое илегално преминале од Хрватска, излетало од патот. Во инцидентот се повредени неколку лица. Словенечката полиција соопшти дека утрово патролно возило го следело комбито поради големата брзина со кое се движело, по што излетало од патот. Комбито е со австриски регистарски таблички, а возачот, украински […]

Чешката Влада поднесе оставка


Владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска поднесе оставка, откако вчера не ја доби довербата на Парламентот на Чешка. Како што се посочува во владиното соопштение во кое е објавена оставката, Кабинетот ќе продолжи да ги извршува своите обврски се до изборот на нова Влада. При вчерашното гласање во Пратеничкиот дом на Парламентот, „за“ доверба […]

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај алудира дека убиството на локалниот српски политичар Оливер Ивановиќ е резултат на „незаконско мешање во северниот дел на Косово од страна на странски институции“. Тој одржа прес-конференција по вонредната седница на Советот за национална безбедност на Косово, свикана по денешното убиство на Ивановиќ во Косовска Митровица. Харадинај не соопшти детали кои […]

Ердоган: Турција гарантира национална безбедност


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Турција ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја гарантира националната безбедност, информираат извори од претседателството. Од своја страна Столтенберг истакнал дека Алијансата ја разбира загриженоста на Турција во врска со одлуката на САД да обучуваат сириски […]

Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин


Претседателот на Србија Оливер Ивановиќ изјави денеска дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин. – За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност. Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите […]

Москва не го дава Балканот: Платеници обучени од Русија прават паравојска во БиХ


Руски обучени платеници помагаат да се воспостави паравоена единица која ќе му служи на српскиот сепаратистички лидер во Босна, тврди босанскиот портал „Журнал“, а го пренесува британскиот весник „Гардијан“. Информацијата, која според порталот ја потврдил босански министер од безбедносниот сектор, доаѓа во време кога се зголемува анксиозноста околу руските напори за дестабилизација на Балканот и […]

(ВИДЕО) Осуммина повредени при експлозијата во Скадар


Осум лица се ранети денеска при експлозија на ТНТ во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула. При експлозијата се предизвикани штети на призмениот кат на трговско-деловниот центар, пред кој бил поставен екплозивот. Тројца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, […]

САД: Постои опасност од тероризам во Косово


Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам. Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово, Во соопштението се додава дека терористите би можеле […]

(ВИДЕО) Експлозија во Скадар: Седум лица се повредени


Најмалку седум лица се ренети денеска при експлозија на бомба во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула. Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот […]

Солзавец и инциденти пред грчкиот парламент


Група демонстранти се обидоа да влезат во дворот на зградата на грчкиот парламент по завршувањето на протестот во центарот на Атина, но беа спречени од полицијата, јави дописникот на МИА од Атина. Групата успеа да стигне до скалите што водат кон парламентот, но беше запрена од полицијата која откако демонстрантите не се повлекоа употреби солзавец. […]

(ВИДЕО) Со трубачи и чочеци лекарите од Ниш се вселија во новиот Клинички центар


Лекарите и останатиот медицински персонал со трубачи се вселуваа во новата зграда на Клиничкиот центар во Ниш. Директорот на Ургентниот центар Миодраг Лазиќ рече дека ваков чин заслужува да биде проследен со музика. Останатите Клиники додава тој, се преселени неколку дена порано. Официјално претседателот на рбија Александар Вучиќ овој клинички центар го отвори на 17 […]

Словенија и се закани со тужба на Хрватска за границата


Словенечкиот премиер, Миро Церар, изјави пред парламентот дека најдобро би било Хрватска самата да се согласи на спроведување на арбитражната одлука за границата меѓу двете земји. Тој се закани дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да тужи. Церар ова го изјави по затворената седница на собраниската комисија за надворешни работи на која придружуван од […]

Борисов: Словенечко-хрватскиот граничен спор влијае врз Западен Балкан


Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја со денешната официјална церемонија и утрешниот состанок на Европската комисија во Софија, официјално го означи почетокот на шестмесеченото претседавање со Европската унија, оцени дека словенечко-хрватскиот спор за границата е „билатерално прашање, кое, за жал има влијание врз Западен Балкан и целата Унија“. – Нема да бидат арбитер, ниту ќе […]

Стотици луѓе од ХРТ сакаат да заминат со отпремнина од 160.000 куни


Каква е состојбата во Хрватската радио-телевизија најдобро се гледа и слуша гледајќи ја телевизијата и програмата на радиото. Но, и претходно доаѓаа информации за ситуацијата во јавниот сервис и давани беа разни изјави – интерни, службени или неслужбени, протести и бунт на вработените. Иако од тоа во последно време има се помалку, што се случува […]

Јункер: Поставуваме темели за ново проширување на ЕУ


Државите од Западен Балкан заслужуваат перспектива за членство во ЕУ и затоа мора да поставиме темели за ново проширување на Унијата, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. – Перспективата за членство што ја заслужуваат земјите од Западен Балкан нема да биде спроведена во пракса за мојот мандат на чело на Европската комисија, но мораме […]

Хојт Ји поднесе оставка


Заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји поднесе оставка од функцијата, соопшти денеска Стејт департментот. Хојт Ји, за напуштањето на функцијата ги известил неговите колеги во американското Министерство за надворешни работи. Тој на позицијата беше назначен во 2013 година. Според непотврдени информации, за негов наследник ќе биде назначен некогашниот […]

Турција: Издадени налози за апсење на 70 лица


Турското обвинителство издаде налози за апсење на 70 луѓе, меѓу кои и 58 војници на должност, во рамките на истрагата против приврзаниците на муслиманскиот имам Фетулах Ѓулен кој е обвинет за организирање на воен удар во 2016 година, јавија денеска локалните државни медиуми. Во центарот на операцијта била турската провинција Конија, а полицијата спровела паралелени […]

За 24 часа над 35 земјотреси во Кукуш


По вчерашните земјотреси со интензитет од 4 и 4.7 степени според Рихтеровата скала, чии епицентри беа во реонот на грчкиот град Кукуш и беа почувствувани и во Македонија, потресите не запреа. Според професорот по геологија и претседател на грчката организација за планирање и заштита од земјотреси, Ефтимиос Лекас, во изминатите 24 часа во поширокиот регион […]

Се урна мал авион за обука на грчкото Воздухопловство


Мал авион за обука на грчкото Воено воздухопловство се урна неколку минути по 12 часот по локално време (11 часот по средноевропско време) во рурална област во близина на грчкиот град Каламата на полуостровот Пелопонез, јави дописникот на МИА од Атина. Авионот од типот „Т2 Бакај“ се урнал од за сега непознати причини, а според […]

Борисов и Вучиќ телефонски разговараа за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан


Премиерот Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа телефонски разговор во кој ја поздравија успешната и конструктивна работа во текот на изминатата 2017 година, соопшти прес-службата на бугарскиот премиер. – Двајцата се согласија дека последната година активниот билатерален дијалог придонесе за исклучително важни чекори за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, се наведува во […]