Хан: За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ


За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ, бидејќи за тоа се потребни тешки и неодложни реформи, изјави денеска европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Стратегија за Западен Балкан-Отварање на патот кон ЕУ“ во Белград. Во врска со заложбите за постигнување целсона нормализација на […]

„Коха“: Косово не е дел од планот за проширување на ЕУ


Во Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, што беше усовен во вторникот, Косово во ниту еден дел не се третира како дел од планот за проширување на ЕУ, оценува приштинскиот весник „Коха“. Според весникот, Косово во стратегијата се споменува само во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, неговите меѓународни обврски во […]

Павлопулос повторно со закана до Албанија: Заборавете ги Чамите или нема ЕУ


Шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос повторно упати остри заканувачки тонови кон Албанија, предупредувајќи ја дека доколу продолжи со инсистирање на „прашањето за Чамите“, го доведува во опасност своето членство во ЕУ. – Албанското раководство прави голема грешка што ги поддржува правата на некои кои беа нацистички соработници. Не можете да имате европски аспирации и […]

Новата германска влада силно ја поддржува ЕУ перспективата на Западен Балкан


Новата германска влада силно ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан сметајќи дека политиката на проширување на ЕУ е важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката. Тоа се наведува во нацртот на коалициониот договор меѓу ЦДУ/ ЦСУ и СПД, објави весникот „Велт“, истакнувајќи дека се уште не е конечен текстот на […]

ОБСЕ ја осуди Турција за притворање на критичари на власта


Претствникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за слобода на медиумите Арлем Десир ги осуди турсите власти поради затворање на стотина луѓе, кои на социјалните мрежи ја критикуваа турската воена операција во сириската провинција Африн. – Притворање поради изразување на ставови на социјалните мрежи, вклучително и за воените операции, е неприфатливо. Барам […]

Мицотакис: Владата со „Новартис“ сака да го одвлече вниманието за скопското прашање


Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис ја обвини Владата на Грција дека со скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“ сака да го одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми, а меѓу нив и прашањето за името. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Мицотакис изјави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас е опасен […]

Српската Влада ќе додели 100 автомобили во наградна игра


Владата на Србија, преку наградната игра „Земи сметка и победи”, доделува 100 автомобили, двојно повеќе од минатата година. Како што јавуваат српските медиуми, Владата минатиот месец одлучила, меѓу другите вредни награди, на играчите на среќа да им подели дури 100 патнички автомобили. Државната Дирекција за имот доби задача најдоцна до 12 февруари да обезбеди нови […]

Грчкото МНР го поздрави преименувањето на аеродромот и автопатот


Грчкото министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на Владата на Република Македонија за преименување на скопскиот аеродром и на автопатот. -Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешна Југословенска Република Македонија да го преименува скопскиот аеродром во “Меѓународен аеродром Скопје” и автопатот кој го поврзува Скопје до грчката граница на “автопат пријателство “. Денешната […]

Грчкиот корупциски скандал Новартис „тежок“ околу 50 милиони евра


Околу 50 милиони евра е висината на нелегални исплати за периодот 2006-2015 во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, јави дописникот на МИА од Атина. Десеттемина поранешни грчки функционери, а дел од нив актуелни пратеници, се под истрага за три дела: поткуп на политичари, пасивен поткуп и злоупотреба на службена должност. На вонредна седница на грчкиот […]

Вулин бара етничко разграничување на Косово за да се спречи создавање на голема Албанија


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека Србија треба да предложи разграничување на Србите и Албанците на Косово, со цел да се стави крај на спорот за косовскиот статус и да се отвори перспективата за интегрирање во Европската унија. – Нема суштинска разлика меѓу Албанија, Македонија, Црна Гора и територијата која што ние ја […]

Могерини: Стратегијата дава конкретни перспективи за ЕУ-интеграцијата на шестте партнери


Западен Балкан географски е дел од Европската унија и дели иста историја и ќе делиме заедничка иднина во рамки на Европската унија, рече високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која беше презентирана Стратегијата на ЕК за Западен Балкан. – […]

Речиси 78.000 се откажеле од државјанство на БиХ


Од државјанство на БиХ досега се откажале речиси 78.000 лица, информираат босанските медиуми. Само минатата година се откажале 4.365 државјани на БиХ. Во првите повоени години годишно се откажувале од 6 до 8 граѓани, а во 2002 година таа бројка пораснала на 8.000. Граѓаните најмногу се откажуваат од матичното државјанството за да стекнат со државјанство […]

„Патот на Арбр“: Изградба на автопат од Тирана до Дебар


Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика денеска потпиша договор со компанијата „Ѓока Конструсион“ за изградба на автопатот „Руга е Арбрит“ („Патот на Арбр“), што Албанија ќе ја поврзува со Македонија кај Дебар. – Ова е еден многу значаен инфраструктурен објект што нашата земја ја поврзува со Македонија. Изградбата ќе чини 240 милиони евра, а во […]

Политичка криза: Малдиви прогласи вонредна состојба


Владата на Малдиви прогласи вонредна состојба поради политичката криза, што изби откако претседателот Јамин Абдул Гајум не ја испочутува судската наредбата за ослободување на лидерот на опозицијата Мохамед Нашид. Министерката за правда Азима Шакур во обраќањето на националната телевизија објави дека во земјата е воведена вонредна состојба. Врховниот суд на Малдиви минатата недела нареди ослободување […]

Чолаку му возврати на Павлопулос: Чамарија е дел од националниот идентитет на Албанците


Албанската опозиција остро реагираше на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со која и порача на Албанија да не го споменува прашањето за Чамите, доколку сака во ЕУ. Првиот човек задолжен за надворешна политика во најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Крешник Чолаку, остро ја осуди изјавата на Павлопулос и оцени дека таа нема […]

Во Албанија се отвора телевизија – партнер на Си-Ен-Ен


Албанската градежна компанија „Генер2“ постигна договор со американската телевизиска куќа Си-Ен-Ен да отвори 24-часовен информативен канал под име А2. – Со отворањето на партнерска телевизија на Си-Ен-Ен во Тирана сакаме да ја качиме информативната содржина на повисоко ниво и да ја смениме медиумската реалност во Албанија, нудејќи брз, аналитичен и кредибилен извор на информации, изјави […]

Израел планира да депортира десетици илјади баратели на азил од Африка


Израелската Влада им нуди по 3.500 долари и авионски билет на барателите на азил во Израел, кои доаѓаат од Судан, Еритреја и други африкански држави, доколку прифатат релокација во некоја од побезбедните држави во Африка, а во спротивно им се заканува апсење. Понудата е упатена до 20.000 баратели на азил, од вкупно 37.000 колку што […]

Српскиот игумен Петар и порача на Грција: Македонија е територија на три држави


По повод вчерашните протести во Атина против употребата на терминот Македонија, игуменот Петар Драгојловиќ од Српската Православна Црква на својот Фејсбук профил им порача на Грците дека не се во право. Тој во својата објава напиша: „Македонија е Грчка, гласи слоганот на грчките протести во Атина?! Епа не е баш така браќа Грци. Со должна […]

Павлопулос за Чамите: Албанија да биде внимателна доколку сака во ЕУ


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го заостри тонот кон Албанија околу прашањето за Чамите и ја предупреди „да биде внимателна“. Грчкиот претседател ја повика Албанија да го почитува законот, човековите и имотните права, како и правата на грчкото малцинство во Албанија. Павлопулос Чамите ги нарече „дел од нацистичката суровост за време на Втората светска војна“ и […]

Берлин: Нема членство во ЕУ по автоматизам за земјите од Западен Балкан


Нема да има автоматски влез за земјите од Западен Балкан во ЕУ на преходно утврден датум, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт. – Јасно е дека кандидатите за членство мора да спроведат уште многу реформи, изјави Зајберт во пресрет на утрешното објавување на стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан. Зајберт […]