Средба Могерини – Ципрас: Македонија и Албанија во фокусот на разговорите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на нивната денешна средба во Брисел разговарале за Турција и земјите од Западен Балкан, со акцент на Македонија и Албанија, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на владини извори. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, ги поздравила разговорите на […]

Јункер: За Британците би било добро јас да сум им премиер


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер иронично ја прокоментира нејасната позиција на Велика Британија за идните односи на Лондон со ЕУ, изјавувајќи дека за Велика Британија би било добро тој да и е премиер. – Јас не сум британскиот премиер, би било убаво да бидам, но не сум, одговори Јункер на новинарско прашање за вчерашната […]

Косовскиот Парламент не постигна консензус за демаркација на границата со Црна Гора


Вонредната седница на косовскиот Парламент закажана за денеска е одложена, откако пратеничките групи во Собранието не постигнаа консензус околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација. РТК јави дека седницата е презакажана за 28 […]

Компанијата Нестле „војува“ со шест европски компании


Швајцарската прехранбена компанија Нестле е во „војна“ со шест европски малопродажни синџири кои ја бојкотираат нејзината стока, барајќи пониски цени, пишува „Пословни дневник“. Меѓутоа, намалувањето на цените во овој момент, како што се наведува, воопшто не оди во прилог на Нестле, имајќи ги предвид последните податоци за продажбата. Како што пренесуваат медиумите, светската прехранбена компанија […]

Дојче веле: Германците гледаат две Ангели Меркел


Со голем углед во светот, но често неодлучна. Добра канцеларка, но нејзиното време измина, наведува Дојче Веле во прилогот за Ангела Меркел која се бори да остане на власт во уште еден мандат. Повеќе од две третини од Германците сметаат дека времето на канцеларката Ангела Меркел изминало, но истовремено, речиси ист број луѓе веруваат дека […]

Решавањето на спорот со името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел


За прашањето со името и заклучоците од посетата на Зоран Заев на Берлин, разговарале грчкиот премиер и германската канцеларка на нивната куса средба во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ. Според грчките медиуми, пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис […]

Изгласана Резолуција за „ерменскиот геноцид“, тензии меѓу Хаг и Анкара


Холандскиот Парламент денеска со големо мнозинство усвои Резолуција со кој се признава „ермескиот геноцид“ во Османлиската Империја, постапка која се очекува да предизвика тензиите во односите меѓу Хаг и Анкара. Долниот дом на Парламентот со 142 гласа „за“ и три „против“ го усвои документот во кој масовните убиства на Ерменците во Османлиската Империја за време […]

Црногорскиот министер за европски прашања поднесе оставка


Црногорскиот министер за европски прашања Александар Андрија Пејовиќ денеска поднесе оставка на функцијата, откако беше обвинет за судир на интереси. Црногорската Агенција за борба против корупција оцени дека Пејовиќ има судир на интереси, бидејќи од мај минатата година покрај министерската, ја извршувал и функцијата амбасадор во Мисијата на Црна Гора во ЕУ. Пејовиќ соопшти дека […]

Расте бројот на загинати во Источна Гута


Најмалку 46 лица загинаа денеска при нови напади на сириските владини сили врз регионот на дамаското предградие Источна Гута, што е под контрола на бунтовниците, соопшти вечерва Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Најновите напади доаѓаат во услови на зајакнатите повици на повеќе светски лидери и организации за прекин на нападите врз Источна Гута, […]

Столтенберг: Русија се меша во внатрешните работи на балканските земји


Имаме информации дека Русија се обидува да се меша во внатрешните работи на државите од Балканот, изјави на прес-конференција во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека секоја надворешна интервенција е неприфатлива. Според него, податоците, исто така, покажуваат зајакнато руско присуство во регионот. Столтенберг потенцира дека сите држави на Балканот треба да бидат […]

Движењето Самоопределување го тужи Тачи за предавство


Косовското движење Самоопределување денеска соопшти дека поднело тужба против претседателот на Косово, Хашим Тачи за предавство. Според претставничката на Самоопределување, Албулена Хаџиу, движењето решило да го тужи Тачи затоа што во 2015 година го потпиша Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора. Дел од косовките партии тврдат дека со овој Договор, Косово […]

Штрајк на вработените во „Ер Франс“, откажани повеќе летови


Француската полиција за разбивање демонстрации денеска употреби бибер спреј против вработени во компанијата „Ер Франс“, кои за време на протестот се обидоа да упаднат на терминал на парискиот аеродром „Шарл де Гол“. Поради штрајкот на вработените на „Ер Франс“, кои во седиштето на компанијата на аеродромот протестираат за зголемување на платите, се откажани повеќе летови, […]

Јункер: Неопходни се неколку милијарди евра за заштита на границите на ЕУ


Граѓаните на ЕУ како примарна задача ја дефинираат заштитата на границите, а за тоа се неопходни неколку милијарди евра во следните години, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на средба посветена на идниот буџет на Унијата, организирана од Центарот за европски политички науки во Брисел, Тој соопшти дека ЕУ обезбедила заштита за трпати повеќе […]

Схинас: ЕК сака да внесе динамика во односите со Западен Балкан


Цел на претстојната посета на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на земјите од Западен Балкан ќе биде на нивните лидери да им ја претстави Стратегијата на ЕК, но и обновата на динамиката и интересот на ЕУ за регионот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас. – Основна порака на посетата ќе биде суштината на […]

Земјотрес регистриран на Закинтос


Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран западно од грчкиот остров Закинтос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика. Епицентарот на земјотресот бил во Јонско Море западно од Закинтос, на длабочина од пет километри. Се уште нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета. Закинтос е познат по честите земјотреси […]

Ратификацијата на границата во рацете на Српска листа


Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Весели, за утре во 11 часот закажа седнца на која на дневен ред е Ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Врз основа на изјавите од политичките субјекти застапени во законодовниот дом, обезбедени се 78 гласови и тоа оние на Демократската партија, Демократскиот сојуз, Алијансата за иднината […]

По престрелката во училиште, Американците протестираат за промена на законот за оружје


Американските ученици и нивните родителите деновиве почнаа масовни протести против слободната продажба на оружје со барање до законодавците да се направи итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Гневот се обнови после минатонеделната престрелка во средно училиште во Паркленд, недалеку од Мајами, кога загинаа 15 ученици […]

Амбасадата на САД „разочарана“ од изјавата на Рама


Амбасадата на САД во Тирана соопшти дека е разочарана од изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можноста од обединување на Косово и Албанија. Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“. – Амбасадата на САД е разочарана од изјавата на премиерот Рама за Косово и Албанија по повод 10-годишнината од независноста на […]

Уште првиот ден „заглави“ автобусот од кампањата против Брегзит


Автобусот, кој во рамки на кампањата против Брегзит, денеска ја почна осумдневната турнеја по Велика Британија, уште првиот ден „заглави“ во споредна улица во Лондон. Заговорниците за останување на Велика Британија во ЕУ појдоа денеска од пред зградата на британскиот Парламент на турнеја со голем, црвен автобус, како симбол на противење на планираното излегување на […]

Во Хрватска црвен метеоаларм, во делови на РС прогласена вонредна состојба


Црвен метеоаларм за денеска и утре е прогласен за Кварнер и Велебитскиот канал во Хрватска, пред се поради силниот североисточен ветар, чии удари ќе достигнат до 150 километри на час. – Времето е многу опасно и подразбира големо ниво на опасност за здравјето, па дури и по ќивотот, посебно за крајбрежното население, се наведува во […]