Харадинај: Јас сум за преговори, а не за отстапување територии


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска за Би-Би-Си дека во целост е против „отстапување теротории“ за Белград и „промена на границите“ бидејќи „таквите приказни предизвикуваат трагедии“. На прашање дали е подготвен да го отстапи северниот дел од територијата на Косово на Белград, за да се реши спорот меѓу двете држави, Харадинај одговори дека тоа се […]

Евростат: Најбогатите живеат во Лондон, во ЕУ најсиромашните се Бугарите


Жителите на западен Лондон се шестпати побогати од просечните жители на Европа, додека жителите на северозападните региони во Бугарија се трипати посиромашни, објави денеска Евростат. Во анализата, направена според БДП по глава на жител, изразен е „стандардот на куповната моќ“, со регистрирање на разликата во цените меѓу одделни зони. Најбогатите граѓани на ЕУ живеат во […]

Јункер: Косовците ќе најдат побезбедна иднина во Европа


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на косовските власти им порача да работат на патот кон ЕУ. а на пратениците да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Тој изрази задоволство, што заедно со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседство Јоханес […]

Реконструкција во грчката влада по оставките на министерот за економија и неговата сопруга


Грчкиот премиер направи промени на шест министерски позиции во мини реконструкција што се најавуваше откако поднесоа оставки министерот за економија и неговата сопруга, заменичката министерка за труд. Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос ги објави имињата на новите министри и заменици во Министерствата за економија, миграциска политика, одбрана, труд, образование и култура. На испразнетото место […]

Извор од грчко МНР: И ние запаливме нивни знамиња


И ние запаливме знамиња во Солун и се слушнаа слогани „земете оружје да одиме во Скопје“, коментирал висок функционер од грчкото МНР за грчката ТВ Антена во врска со запаленото знаме на вчерашниот протест во Скопје и дали тоа ја загрижува владата. Истиот извор на прашањето на Антена „за зголемениот тон во последните изјави на […]

Јункер и Могерини пристигнаа во Приштина


Висока делегација на Европската унија предводена од претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, пристигна денеска во Приштина, по што веднаш почнаа разговори со претставници на властите. Јункер во Приштина допатува со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Тие се на разговори со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај […]

Етиопските Евреи се закануваат со масовен штрајк со глад


Претставниците на 8.000 етиопски Евреи денеска најавија дека ќе стапат во масовен штрајк со глад доколку Израел го укине финансирањето на нивното спојување со семејствата во таа земја. Стотици Евреи се собраа во синагога во Адис Абеба за да изразат загриженост, бидејќи во предлог-буџетот на Израел не е предвидено финансирање на спојувањето на нивните семејства […]

Папандреу: Го разбирам народот кој протестира, но нема решение без терминот Македонија


Ако постои расположение од страна на сегашната влада во Скопје, треба да го искористиме тоа, рекол поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу во разговор со грчките новинари што ги следат парламентарните расправи, објави онлајн изданието на весник „То Вима“. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, тој потенцирал дека решението секако ќе го содржи и терминот Македонија. – […]

Словечкиот министер за култура поднесе оставка по убиството на новинарот Куциак


Словачкиот министер за култура, Марек Мадарич поднесе денеска оставка по убиството на новинарот Јан Куциак. Мадарич кој е член на партијата Смер-социјална демократија, на премиерот Роберт Фицо изјавид ека тоа е негова лична одлука. – Како министер за култура не можам да се помирам дека новинар е убиен во мојот мандат, изјави Мадарич на прес […]

Нобелов институт: Кандидатурата на Трамп е најверојатно лажна


Норвешкиот институт Нобел побара денеска од полицијата да истражи веројатно лажна кандидатура за американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир. Трамп е номиниран заради неговата „идеологија за мир со примена на сила“ од анонимен Американец, јави Би-Би-Си. Директорот на Институтот изјави дека постојат сомнежи дека номинацијата на Трамп најверојатно е лажна. – Можам […]

Шпанија: Одложено тестирање болиди на Формула 1 поради обилни снежни врнежи


Движењето по речиси 300 патишта во Шпанија е отежнато поради обилните снежни врнежи, соопштија локалните власти. Шпанската метеоролошка служба го зголеми метео алармот до „жолто“ или „портокалово“ во повеќе провинции. Поради снежните врнежи затворени се 23 патишта, а на 95 патишта возачите мораат да возат со синџири за снег. Цивилната гарда на Шпанија, поради лошото […]

Албанската полиција заплени 613 килограми кокаин вреден 180 милиони евра


Албанската полиција официјално потврди дека во пристанишниот град Драч биле запленети 613 килограми и 350 грама кокаин, кој на пазарот достигнува вредност од 180 милиони евра. – Дрогата, спакувана во 528 пакетчиња, беше во контејнери со двојно дно, натоварени со банани. Тргнала од Колумбија, минала транзит преку Италија во Малта по што со брод пристигнала […]

Арктичкиот студ ја зеде првата жртва во Србија


Арктичкиот студен бран што веќе неколку дена владее на Балканот, ја однесе и првата жртва во Србија. Станува збор за 75-годишен маж од општината Дољевац, чие семејство го пријави како исчезнат во понеделникот. Старецот, кој страдал од сенилна деменција, е пронајден мртов на локален пат во атарот на неговоот село, а според првите наоди, починал […]

„Блиц“: Синот на Ратко Младиќ кандидат за претседател на Република Српска


Дарко Младиќ, син на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, е еден од можните кандидати на владејачкиот Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик за претседател на Република Српска на претстојните избори, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од врвот на партијата. Кандидатурата на Дарко Младиќ е во потесниот круг во […]

Сефај: Интерпол ги укина потерниците за поранешните лидери на ОВК


Косовскиот министер за внатрешни работи Фламур Сефај тврди дека добил потврда од Интерпол дека таа организиација ги укинала потерниците по поранешни членови на ОВК кои Србија ги товари за воени злосторства. Сефај, пред парламентарната комисија за внатрешни работи, зборувал за барањето на Косово за членство во Интерпол, објави Газета Експрес. Тој рекол дека добил потврда […]

Пацоли: Дачиќ на Бурунди му понуди оружје за да го повлече признавањето на Косово


Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли тврди дека шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ им нудел на Бурунди оружје во замена за повлекување на одлуката за признавање на Косово. Ваквите тврдења ги деманираат и Дачиќ и неговиот колега од Бурунди Алан Аиме Њамитве. Пацоли рече дека нема да биде изненаден ако се појават и […]

Словенечката опозиција бара референдум за трошоците за членство во НАТО


Опозициската словенечка партија „Левица“ денеска предложи одржување референдум на кој гласачите би се изјасниле за високите трошоци за членството во НАТО. Тие предлагаат за предлогот да се дебатира во парламентот во април, а референдум би се одржал тие предлагаат да се одржи напролет, истовремено со парламентарните избори во јули, јавија словенечкитемедиуми. Според словенечкиот пратеник од […]

Казахстан го забрани рускиот јазик на владините состаноци


Казахстан дополнително се оддалечи денеска од некогашните политички покровители во Москва откако во сила стапи забраната за употреба на рускиот јазик на состаноци на Владата. Претседателот Нурсултан Назарбаев, кој ја води државата од 1989 година, има големи овластувања, ја воведе забраната ден претходно. Тој е единствен од времето на СССР кој се уште е на […]

Германски суд забрани движење на возила со дизел мотори


Сојузен управен суд во Лајпциг денеска дозволи воведување забрана за движење на возила со дизел мотори со цел намалување на штетните честички и гасови во германските градови. Судот со тоа ја отфрли жалбата на сојузните покраини Баден Вуртемберг и Северна Рајна Вестфалија каде управните судови одлучија градовите Штутгарт и Дизелдорф да може да забранат управување […]

ОН: Близу 20.000 Авганистанци принудно ги напуштиле своите домови


Конфликите во Авганистан принудија речиси 20.000 луѓе да ги напуштат своите домови од почетокот на годината, покажуваат податоците со кои располага ОН. Според Канцеларијата за координација на хуманитарните активности на ОН, 18.500 Авганистанци биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на годината или во просек по 385 луѓе дневно. Принудно иселување е регистрирано […]