(ВИДЕО) Случај Кембриџ Аналитика: Податоци од Фејсбук злоупотребени за изборни резултати


Британската телевизија Канал 4 откри дека компанијата Кембриџ Аналитика влијаела врз изборни резултати низ целиот свет, преку користење на податоците од Фејсбук. Првите луѓе на оваа компанија се снимени како раскажуваат дека користеле мито, поранешни шпиони, лажни документи и проститутки од Украина. Компанијата која себе си си ја припишува победата на Трамп, според еден од […]

Норвешка министерка поднесе оставка поради објава на Фејсбук


Норвешката министерка за правда Силви Листауг денеска поднесе оставка, со што е избегната криза во десноцентристичката малцинска владина коалиција. Доколку Листауг не поднесеше оставка, Парлментот денеска ќе требаше да гласа за недоверба кон неа. Предлогот за интерпелација на Листауг се очекуваше да го поддржи опозицијата предводена од Лабуристичка партија (АП), но и Христијанската народна партија […]

Познат новинар пронајден мртов под сомнителни околности во Романија


Романската полиција соопшти дека истражува „сомнителна“ смрт на познат новинар, кој бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Букурешт. Полицискиот портпарол Чиприан Романеску синоќа изјави дека Андреј Георге починал под сомнителни околности 12 часа претходно. Георге (56) работеше како радио и тв новинар по уривањето од власт на Николае Чаушеску во 1989 година. […]

Приведен Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција


Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози. Саркози ќе го испрашуваат во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања, од страна на Либија. Тој може да биде задржан во притвор 48 часа, пишува „Ле Монд“. Случајот против Саркози беше отворен во 2012 година, но истрагата беше […]

Земјата ќе остане без вода


Итен повик за дејствување со цел планетата Земја да не остане без вода, упатија голем број политичари и експерти кои учествуваат на Светскиот форум за вода во Бразил. – Едноставно нема време за губење, изјави при отворањето на осмото издание на Форумот, претседателот на Бразил, Мишел Темер. Државата, каде се наоѓаат 18 проценти од светските […]

Ѕвездата од „Сексот и градот“ во трка за гувернер на Њујорк


Американската актерка и активистка Синтија Никсон, најпозната по улогата на Миранда во „Сексот и градот“ денеска соопшти дека ќе се кандидира за гувернер на сојузната држава Њујорк. Таа ќе се спротистави на актуелниот гувернер Ендрју Куомо во борбата за номинација од Демократската партија.  

Меркел „средечно“ му го честиташе реизборот на Путин


Германската канцеларка Ангела Меркел му честиташе денеска на рускиот претседател Владимир Путин на добивањето на уште еден шестгодишен мандат. Таа повика на продолжување на дијалогот со цел да бидат пронајдени решенија за билатералните и меѓународните предизвици, се наведува во соопштение од нејзиниот кабинет. „Денес е поважно од кога и да е да го продолжиме дијалогот […]

Турција: Уапсени криумчари на радиоактивен материјал


Турската полиција уапси четири лица во Анкара откако во нивното возило пронајде ретка нуклеарна супстанца калифорниум 252. Материјалот требало да биде продаден за околу 70 милиони долари, а идентитетот на купувачот засега е непознат. Калифорниум, ситетички радиоактивен елемент, се произведува во лаборатории и често се користи за покренување нуклеарен реактор.

Реакција од Вашингтон и Брисел на резиборот на Путин


Белата куќа „не е изненадена од резултатот” од претседателските избори во Русија, што му овозможија на Владимир Путин уште шестгодишен мандат. Портпаролот Хуган Гидли соопшти дека се уште не е закажан телефонски разговор со цел американскиот претседател Доналд Трамп да му честита на резиборот на својот руски колега. На прашањето дали Белата куќа цени дека изборите […]

Светска банка: До 2050 година може да има 143 милиони „климатски мигранти“


Повеќе од 140 милиони луѓе во три региони во светот можат да мигрираат до 2050 година за да ги избегнат ефектите од климатските промени, како што се намалувањето на земјоделското производство, недостатиг на вода и зголемувањето на нивото на морињата, предупреди Светската банка во денеска објавениот извештај. Во него се наведува дека ако дотогаш ништо […]

Дамаск бара повлекување на турските сили од Африн


Сириската Влада денеска побара повлекување на турските сили од градот Африн во северозападна Сирија. Анкара вчера соопшти дека турските сили и борците на сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Турција, презеле целосна контрола над Африн, кој беше главно упориште на Силите за заштита на народот на сириските Курди во северозападна Сирија. – Соопштението на режимот […]

ОН бара итна помош за загрозените во воените зони во Сирија


Обединетите Нации денеска апелираа итно да се достави помош на Сиријците, кои се наоѓаат во воените зони. – ОН во Сирија итно апелира за помош за да се запре катастрофалната ситуација во која се наоѓаат десетици илјади луѓе од Источна Гута и Африн“, се наведува во соопштението на хуманитарната канцеларија на ОН во Дамаск. Високиот […]

Стејт департмент: САД се загрижени поради ситуацијата во Африн


САД се „длабоко загрижени“ поради ситуацијата во претежно курдскиот град во Сирија, Африн, кој го напуштаат голем број луѓе, веројатно поради турската воена операција, соопшти денеска Стејт департментот. САД ги повикаа сите „релевантни актери активни во северозападниот дел на земјата, вклучувајќи ги и Турција, Русија и сирискиот режим да им овозможат пристап на меѓународните хуманитарни […]

Нова бомба во Тексас, две лица повредени!


Двајца мажи на возраст од околу 20 години се повредени откако експлодираше пакет-бомба во моментот кога минувале со велосипедите, соопшти шефот на полицијата во Остин, Тексас, Брајан Менли. Тоа е четврта експлозија на пакет-бомба овој месец. Во досегашните експлозии загинаа 39-годишен градежен работник и 17-годишен студент. Во претходните експлозии повредени се и две лица. – […]

Турција ќе побара три милијарди евра за сместување на бегалците


Официјална Анкара ќе побара од Европската унија три милијарди евра за сместување на сириските бегалци кои живеат во Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој прецизираше дека барањето ќе биде упатено за време на средбата во бугарскиот град Варна следната недела. Ердоган прецизираше дека Турција досега добила само 850 милиони евра како прва […]

Невремето прави проблеми во Унгарија, во Хрватска и во Романија


Околу 9.000 домаќинства во источниот дел на Унгарија се без електрична енергија, откако за време на викендот земјата беше погодена од снежно невреме. Снегот предизвика и доцнење на возовите и отежнато одвивавање на сообраќајот. Невреме ја погоди и Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Властите […]

Путин го сруши рекордот со добиените гласови


Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев. За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти. – Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од […]

Фејсбук ги излажал британските парламентарци


Шефот на комитетот за медиуми на британскиот Парламент Дејмијан Колинс изјави дека Фејсбук ги излажал британските парламентарци за тоа колкав е ризикот податоци на корисниците да се делат без нивна дозвола. Колинс рече дека ќе побара од директорот на Фејсбук Марк Закерберг и уште еден функционер во компанијата да се појават пред комитетот, кој истражува […]

Свекрва во Студената војна


Новата Студена војна е уште постудена. Западот е убеден дека Русија стои зад труењето на поранешниот шпион во Англија, уште пред да има докази за тоа. Русија се претставува како невина жртва и негира вмешаност во обидот за убиство на Сергеј Скрипаљ. Поранешниот шпион на КГБ и двократниот агент е отруен среде Солсбери, на југот […]

Поддршката за Путин станува „севернокорејска“


Еден ден по изборите во Русија никој не ни чека пребројување на гласовите бидејќи нема ни сомнеж дека и овој пат, по четврти пат, Владимир Путин ќе биде избран за претседател. Тоа значи дека и во следните шест години тој ќе ја решава судбината на земјата, а прогнозите беа дека за тоа ќе добие поддршка […]