И канадска фирма собирала податоци од Фејсбук


Компанијата Фејсбук соопшти дека прекинала соработка со канадска фирма за консултантски услуги во политиката Егригејт Ај-Кју (Aggregate IQ) откако е објавено дека е можно таа фирма на несоодветен начин да имала пристап до лични податоци на корисници на Фејсбук. – Поради неодамнешни наводи дека е можно Егригејт Ај-Кју да е поврзан со Ес-Це-Ел и дека […]

Руско МНР: Москва нема да остане без одговор на санкциите од САД


Русија нема да остане без одговор за новите санкции што ги воведе САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи. – Крајно време е Вашингтон да ја отфрли илузијата дека може да користи јазик на санкции спрема Москва, се нагласува во соопштението. – Не постојат мерки за притисок што може да ја одвратат Русија од нејзиниот […]

Од морбили во Романија починаа 46 лица , меѓу нив и деветмесечно бебе


Бројот на луѓе кои починале од морбили во Романија достигна 46 лица, откако денеска почина деветмесечно бебе од Констанца. Националниот центар за надзор на заразни болести соопшти дека бебето не било вакцинирано. Оваа недела во Романија се регистрирани 204 нови случаи на морбили, со што вкупниот број на потврдени случаи на оваа заразна болест во […]

Израелските сили застрелаа двајца Палестинци


Двајца Палестинци се убиени и околу 250 се повредени од истрели на израелски војници при судири во близина на оградата која ги дели Газа и Израел, соопшти Министерството за здравство во Газа. Во минатонеделното насилство во ова подрачје загинаа 19 лица. Денеска во болницата почина еден од повредените, а подоцна беше убиен 29-годишен Палестинец во […]

САД воведоа санкции против руски олигарси, меѓу нив е и сопругот на ќерката на Путин


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни санкции против седум руски олигарси, кои имаат врска со шефот на руската држава Владимир Путин преку 12 компании кои се во нивна сопственост или под нивна контрола. Новите мерки ги објави денеска Министерството за финансии, а со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и […]

Захарова: Домашните миленичиња на Скрипал беа важен доказ


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал. Захарова на Фејсбук напиша дека двете морски прасиња и мачката во домот на Скрипал беа важни докази. Британското Министерство за животна околина, храна  и рурални прашања […]

Состојбата на Скрипал повеќе не е критична


Поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал повеќе не е во критична состојба и добро реагира на лекувањето по нападот со нервниот агенс минатиот месец, објави болницата во Солсбери. – Тој добро реагира на лекувањето, неговата состојба брзо се подобрува и повеќе не е критична, соопшти Кристин Бланшард, медицинска директорка во болницата во Солсбери.

Макрон и Путин телефонски разговараа за Сирија


Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател да го искористи своето влијание за да се стави крај на конфликтот во Сирија и да се обноват преговорите за политичка транзиција во земјата, соопшти Елисејската палата. Макрон ја истакна потребата од ставање крај на воената ескалација од последните месеци, со […]

ЕК: Фејсбук нелегално споделил податоци на 2,7 милиони корисници со Кембриџ Аналитика


Еврокомесарката за правда, Вера Јурова синоќа доби потврда од Фејсбук дека податоците на 2,7 милиони европски корисници на социјалната мрежа биле споделени со Кембриџ Аналитика. Јурова, пред една недела испрати писмо до Фејсбук, барајќи разјаснување околу аферата со Кембриџ Аналитика, во која милиони лични податоци на корисници на социјалната мрежа биле најверојатно нелегално искористени. Фејсбук […]

Индонезија: Фејсбук под истрага, на претставниците им се заканува затвор до 12 години


Индонезиските власти соопштија дека започнале истрага против Фејсбук во врска со нарушување на приватноста на корисниците на таа социјална мрежа во Индонезија, додавајќи дека доколку биде прогласена за виновна, на претставниците на Фејсбук во земјата им се заканува до 12 години зтвор и парична казна од 871.000 долари. Индонезиското Министерство за комуникации и информациски технологии […]

Британско разузнавање: Материјата со која бил отруен Скрипал била произведена во руска воена база


Британското разузнавање тврди дека супстанцијата, со која бил отруен поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал била произведена во руската воена научно-истражувачка база во градот Шихани, во Саратовската област, пишува денеска весникот „Тајмс“. Британскиот весник коментира дека претставниците на британските служби ги информирале сојузниците на земјата за овој заклучок. Целта на специјалниот состанок била да се убедат […]

Издаден налог за апсење на поранешниот бразилски претседател Лула да Силва


Бразилскиот федерален судија Серџо Моро издаде налог за апсење на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва. Налогот е издаден неколку часа откако бразилскиот Врховен суд го отфрли барањето на да Силва да не оди во затвор додека трае жалбениот процес на пресудата за корупција. Пресудата за Лула да Силва е 12 години и еден […]

Повторно протести во Словачка поради убиениот новинар


Десетици илјади лица протестираат денеска во различни делови на Словачка поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Демонстрантите во Братислава и во други градови во Словачка бараат темелна и независна истрага за двојното убиство, кое се случи на 21 февруари. Демонстрантите бараат смена на началникот на националната полицијата Тибор Гаспер, за што […]

Американски воен авион се урна во Невада


Авион на Военото воздухопловство на САД од типот Ф-16 се урна во американската сојузна држава Невада, при што загина пилотот на леталото. Како што соопшти американската армија, авионот се урнал за време на вежбовен лет. Причините за падот на авионот засега не се соопштени. Ова е трет инцидент на американско воено летало оваа недела. Четворица […]

(Обновено)- Изгаснат пожарот во болницата во Истанбул, нема жртви


Противпожарните единици успеаја да го изгаснат големиот пожар, што попладнево избувна во болница во Истанбул. При пожарот нема загинати или повредени. Вработените во болницата ги евакуираа пациентите веднаш по избувнувањето на пожарот, а беше спроведена е евакуација и на жителите на околните згради. Причините за пожарот, кој избувнал на покривот на болницата и набрзо се […]

Голем пожар во болница во Истанбул


Голем пожар попладнево избувна во пожар во болница во Истанбул, зафаќајќи неколку ката од зградата. Како што јави АФП, вработените во болницата ги евакуирале пациентите, а спроведена е евакуација и на жителите на околните згради. Засега нема инфромации за жртви, а не се познати ниту причините за пожарот. Од зградата на болницата, која се наоѓа […]

Фејсбук: Неправилно споделени податоците на 87 милиони корисници


Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека личните податоци за 87 милиони корисници, главно во САД, веројатно се неправилно споделени со политичката консултантска фирма „Кембриџ аналитика“. Претходно беше соопштено дека со скандалот се засегнати околу 50 милиони лица. Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг, исто така, најави дека таа социјална мрежа ќе им понуди на сите корисници алатки […]

Јулија Скрипал: Секој ден ми се враќа силата, се може да се поправи


Ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија, која заедно со него беше отруена во Солсбери, денеска првпат се огласи по инцидентот од 4 март што предизвика дипломатски потрес. Во соопштението што го пренесува британската полиција, Јулија наведува дека таа и нејзиниот татко се чувствуваат подобро. – Се разбудив минатата недела и секој ден ми се […]

Кремљ: Бришењето руски сајтови од Фејсбук „мириса“ на цензура


Бришењето на профилите на Фејсбук на повеќе руски медиуми е непријателски чин, кој „мириса“ на цензура, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Изјавата на Песков претставѕва реакција на соопштението на Фејсбук дека избришал стотици руски профили и сајтови поврзани со т.н. „фабрика на тролови“, која американските власти ја обвинуваат за ширење на лажни политички […]

„Билд“: Меркел на гости кај Трамп на 27 април


Германската канцеларка Ангела Меркел планира да ги посети САД на 27 април и да оствари средба со претседателот Доналд Трамп, објави германски „Билд“. Весникот нагласува дека неколку извори ја потврдиле посетата на канцеларката во САД во крајот на месецот. Засега нема потврда од нејзниот Кабинет.