Генералштаб на руската армија: Пресретнати 71 од 103 ракети истрелани врз Сирија


Сирискиот систем за противвоздушна одбрана С-300 од советско производство, урна 71 од 103-те крстосувачки ракети што рано изутринава ги истрелаа САД и нивните сојузници врз цели во Сирија, соопшти денеска началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската армија, генерал Сергеј Рудској. – Сириската армија ги урнаа сите ракети насочени кон четирите клучни воздухопловни бази, […]

Сирија тврди дека открила лабораторија во која терористи произведувале отрови


Во населбата Афтарис, во реонот на Источна Гута, која до неодамна беше под контрола на бунтовниците, сириската армија соопшти дека открила лабораторија на терористите за производство на отровни супстанци. – Во текот на операцијата за прочистување на областа на Источна Гута, пронајдена е лабораторија на преостанатите терористички организации во Афтарис, опремена за производство на сите […]

Прва реакција на Путин по нападот во Сирија, ситуацијата ја спореди со Југославија


САД и нејзините сојузници погодија цивилни и воени објекти во Сирија, кршејќи ги Повелбата на ООН и меѓународното право, изјави рускиот претседател Владимир Путин во реакцијата на американско-француско-британската интервенција во Сирија. „Вашингтон започна агресија против суверена држава која е на чело на борбата против тероризмот“, се вели во изјавата на рускиот претседателот. Путин нагласи дека […]

Реакции на светските лидери по нападите во Сирија


Нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума, наидоа на поделени реакции во светот. Британската премиерка Тереза Меј изјави дека извршените „координирани и прецизни напади“ имале за цел да го намалат […]

(ВИДЕО) Сирија соборила најмалку 100 ракети кои биле насочени кон цивилни и воени цели


Поголемиот дел од ракетите испукани од страна на Велика Британија, САД и Франција беа пресретнати од сириските системи за воздушна одбрана, соопшти руското Министерство за одбрана. Руските воздухопловни единици не биле вклучени во одбивањето на нападот. Војниците и бродовите на САД и нејзините сојузници лансираа над 100 крстосувачки ракети и проектили на сириските цивилни и […]

(ВИДЕО) Асад се појави на работа како ништо да не се случува


Сириското претседателство објави видео на кое се гледа како сирискиот претседател Башар ал Асад доаѓа на работа неколку часа по воздушните напади во Сирија, како да не се случува ништо. Асад на снимката е облечен во костум со вратоврска и носи актовка додека влегува во зградата на претседателството. Додека трае снимката, Асад не изговара ништо. […]

Москва: Сирија нападната во момент кога имаше шанса за мир


САД и нивните сојузници извршија воен напад врз Сирија точно во момент кога земјата доби шанса за мирна иднина, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Според неа, оние што стојат зад нападите сметаат дека имаат ексклузивно право на морално лидерство во светот. Захарова оцени дека Сирија, која со години се спротивставувала […]

САД, Британија и Франција извршија ракетни напади врз Сирија


САД, Велика Британија и Франција рано изутринава извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума. Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Станува збор за лабораторија за научни истражувања […]

Над 500 повредени Палестинци во судири со израелската армија


Најмалку 520 Палестинци се повредени денеска на границата на Појасот Газа и Израел кога израелски војници употребиле солзавец и пукале во палестински бегалци кои протестирале против израелска блокада барајќи враќање на сегашна територија на Израел, соопшти Министерството за здравство во Газа. Тие соопштија дека 122 демонстранти биле ранети од израелската армија од оружје, додека 406 […]

Гутереш предупредува за ризик од „целосна воена ескалација“ во Сирија


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека постои опасност од „тотална воена ескалација“ во Сирија и ги повика членовите на СБ на ОН „да дејствуваат на одговорен начин во вакви опасни околности“. – Се поголеми тензии и неспособноста да се најде компромис за механизам за истрага се закана да се случи целосна воена ескалација, […]

Хејли: Трамп се уште не донел одлука за можна акција во Сирија


Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп се уште не донел одлука за можна акција во Сирија. Таа нагласи дека силите на сирискиот претседател Башар Асад најмалку 50 пати користеле хемиско оружје за време на седумгодишната војна во државата. – Нашиот претседател се уште не донел одлука за […]

Русија: Имаме докази дека Британија е вмешана во наводниот хемиски напад во Дума


Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во минатиот викенд. – Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута, изјави Игор Конашенков, портпарол на МО на Русија. Тој рече […]

Руските специјални служби пет години ги следеле Сергеј и Јулија Скрипал


Руските разузнавачки служби го шпионирале поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија речиси пет години, соопшти советникот на британскиот Совет за национална безбедност Марк Седвил во писмо до НАТО, јави АФП. – Според нашите информации, интересот на руските разузнавачки служби кон Скрипал датира најмалку од 2013 година кога адреси во електронската пошта на […]

Ердоган разговарал со Путин и Трамп за мировни чекори во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска  дека во изминатите денови телефонски разговарал со американскиот и рускиот колега Доналд Трамп и Владимир Путин за потенцијалните мировни чекори во Сирија. Турскиот претседател соопшти дека на Трамп и Путин им рекол оти не е во ред да се засилуваат тензиите во регионот. Ердоган, исто така, посочи дека сегашната […]

Советот за безбедност свика итна седница за Сирија


Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија. Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутререш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација […]

САД се уште без конечна одлука за Сирија


Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот тим за национална безбедност, по повод ситуацијата во Сирија синоќа заврши без конечна одлука за евентуален воен напад. Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека на состанокот „не е донесена конечна одлука“. – Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките информации и ангажирани сме во разговорите со нашите […]

Трамп за нападот врз Сирија: Може да биде наскоро или не толку наскоро!


Претседателот Доналд Трамп инсистира на тоа дека тој не го издал елементот на изненадување со објавувањето планови за започнување ракетен напад против Сирија. „Никогаш не реков кога ќе се случи нападот врз Сирија. Може да биде многу наскоро или не толку наскоро!“, напиша претседателот Трамп на Твитер. „Во секој случај, САД под мојата администрација завршија […]

Британската Влада согласна за преземање мерки против користењето хемиско оружје во Сирија


Британската Влада смета дека е неопходно да се преземат мерки против користењето хемиско оружје во Сирија, Тоа се нагласува во соопштение по итната седница на Кабинетот на премиерката Тереза Меј. – Владата постигна сосгласност дека е неопходно да се преземат мерки за да се спречи користење хемиско оружје од режимот на Асад, нагласува портпарол на […]

Русија бара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија


Русија побара за утре состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата во Сирија. – Приоритет е да се избегне опасност за војна, изјави претходно рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја, по седница на СБ посветена на Сирија. Тој ги повика САД и сојузниците да се воздржат од воени дејствија […]

Ердоган телефонски разговарал со Путин за Сирија


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше се рускиот претседател Владимир Путин, јави турската агенција Анадолија. Според информации од извори блиски до турскиот претседател, Ердоган и Путин размениле мислења околу последните случувања во Сирија. Тој истакнал дека двајцата лидери се согласиле да бидат во близок контакт во врска со Сирија.