Исламот не е тероризам


Голем број влади и безбедносни агенции се скептични околу крајот на војната во Сирија и поразувањето на ИСИС. Распуштањето на армијата на Исламска држава предизвикува страв поврзан со последиците од враќањето на терористите во своите домови. Овој страв не е поради пренесување на војната во Европа или во други региони, туку во однос на начинот […]

Апсење во Приштина по налог на Интерпол


Косовската полиција уапси четири лица во Приштина под сомнение дека се поврзани со убиства и криминал. Акцијата е спроведена по налог на Интерпол. Меѓу уапсените двајца се државјани на Црна Гора, еден на Србија и еден Косовец. Двајцата Срби се осомничени за убиства и киднапирање на луѓе во последните години во Србија. При акцијата пронајдено […]

Грчкото до руското МНР: Треба да запре непочитувањето кон Грција


Денешните изјави на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи се карактеристичен пример на непочитување на трета земја, како и недостатокот на разбирање на современиот свет во кој државите, независно од големината, имаат автономија да водат независна, демократска и повеќе димензионална надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во одговорот на изјавите […]

(ВИДЕО) Јункер: Не бев пијан на Самитот на НАТО, имам ишијас и грчеви во нозете


Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер побара „почитување“ откако новинар го праша дали бил пијан кога се тетеравел и барал помош за време на минатонеделниот самит на НАТО. На денешната прес-конференција, Јункер рече дека минатата среда имал проблем со ишијасот и со грчеви во нозете, како што претходно соопштија и неговите помошници. – Изненаден сум […]

Дигиталните часовници во Европа повторно доцнат


Дигиталните часовиници во Европа кои се синхронизираат преку фреквенцијата на електроенергетската мрежа повторно доцнат, јави Дојче веле. Часовниците во Европа доцнеа и на почеткот на годинава, а и тогаш, како и сега, причина за ваквата појава е спорот меѓу Србија и Косово околу електродистрибутивните системи. Поради овој проблем европските оператори во март активираа специјална програма […]

Антикорупциски протест во Букурешт


Демонстранти поставија голем транспарент пред зградата на романската Влада пред денешната седница на која се разгледува закон за амнестија. – Разбуди се и излези на улица! Диктатурата секогаш се воспоставувала преку закони!, пишува на транспарентнот на романските опозиционери. Политичките превирања избија околу предлог законот за декриминализирање на злоупотребата на службената положба, дело за кое се […]

Британски извештај: На Западен Балкан ќе му требаат децении до стандардите на ЕУ


На Србија и другите држави на Западен Балкан ќе им биде потребно 50 или 60 годии да го достигнат животниот стандард на ЕУ, се наведува во извештајот на британскиот Комитет за надворешни работи објавен пред неодамнешниот Самит во Лондон, јави „Блиц“. Перспективата на шесте земји од Западен Балкан кога станува збор за членство во ЕУ, […]

Русија се надева дека денешниот самит ќе биде прв чекор кон подобрување на односите со САД


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изрази надеж дека денешната средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе биде прв чекор кон подобрување на „исклучително лошите односи“ меѓу двете земји. Песков изјави дека двајцата лидери немаат строго утврдена агенда за средбата, но дека се свесни за одговорноста која ја носат за […]

„Прочистувањето на корумпираните“ ја остави Албанија без Уставен суд


Процесот на прочистување на правосудните институции и полицијата во Албанија од корумпирани личности или лица кои биле или се дел од криминални структури, не го мина уште еден уставен судија, со што практично Албанија остана без Уставен суд, бедејќи проверката не ја минаа повеќе од половина од неговите членови. Последен во низата уставни судии што не […]

Во ЕУ лани откриени над 40.000 Албанци со илегален престој


Албанците се на прво место по бројноста на листата на лица со илегален престој откриени во земјите на Европската унија во текот на 2017 година, покажуваат официјалните податоци на Евростат. Во текот на минатата година откриени се 40.025 албански државјани кои престојувале во некоја западноевропска земја без документи, со што нивниот број е поголем дури и […]

Борис Џонсон поднесе оставка како шеф на дипломатијата


Борис Џонсон поднесе оставка на местото министер за надворешни работи на Велика Британија, со што стана трет министер во владата на Тереза Меј кој си заминува во последниве 24 часа. Владата е длабоко поделена од компромисот што беше постигнат изминатиот викенд околу договорот за „Брегзит“ со ЕУ. Џонсон, кој беше еден од најогнените поддржувачи на […]

Сараево: Повлечени кинески играчки кои се хемиски ризични


Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца. Според Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, повлечени се четири модели играчки увезени од Кина, за кои е утврдено дека се хемиски ризични, бидејќи содржат […]

„Сомнителен пакет“ со материјал за грчка Македонија пронајден пред судовите во Атина


Ќесе со кабли, весник, грчко знаме и знаме со сонцето од Вергина, постер од Белата кула во Солун и слоган за Македонија, всушност бил сомнителниот пакет што утрово ја принуди грчката полиција да интервенира, објавија грчките медиуми. Едно или повеќе непознати лица, на влезот на комплексот судови во центарот на Атина оставиле ќесе, за чија […]

(ВИДЕО) Силно невреме ги погоди Хрватска, Словенија и Италија


Невреме погоди делови на Хрватска, Словенија и Италија во доцните попладневни часови, а се очекува временските неприлики да се интензивираат во текот на ноќта. Силното невреме во попладневните часови зафати делови од северозападна Хрватска, вклучувајќи го и подрачјето на Загреб. Бурата зафати делови од Словенија, по должината на границата со Хрватска, како и делови на […]

Грчките власти открија најголема плантажа за канабис во историјата на земјата


Грчките власти соопштија дека ја откриле најголемата нелегална плантажа со канабис во земјата во градот Кардица, објави „Катимерини“. Во полициската акција бил уапсен 44-годишен маж, а обвинение е покренато и против негов 24-годишен соучесник. Полицијата од плантажата искорнала и запленила 10.500 стебла канабис со висина од 0,3 до 1,7 метри.

Порошенко во официјална посета на Србија


Украинскиот претседател Петро Порошенко синоќа допатува во Белград, во официјална посета на Србија. Порошенко денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и ќе учествува на бизнис форум со српски и украински стопанственици. Порошенко ќе има средби и со премиерката Ана Брнабиќ и со спикерката на српскиот Парламент Маја Гојковиќ.

Каменос: Ратификацијата на Договорот со 180 пратеници, референдум или избори


Грчкиот народ треба да одлучи за Договорот од Преспа, преку избори или референдум, во случај да не се ратификува со 180 пратеници во Парламентот, порача Панос Каменос, министер за одбрана на Грција, лидер на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада. Како што јави дописничката на МИА од Атина, на вонредната прес-конференцијата во Министерството […]

Хан: Косово не е „се и сешто“ за напредокот на Србија кон ЕУ


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Белград изјави дека е познато оти Косово е „отворено прашање“, но тоа не е „се и сешто“ за напредокот на Србија на европскиот пат. – Има уште многу други прашања, нагласи Хан на заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ од своја страна […]

Србија се подготвува за голема бура


Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот – српскиот Хидрометеролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина. Под портокалова трегова се регионот на главниот град Белград, потоа Срем, Шумадија и долината на реката Морава, додека југот на Србија е под жолта тревога. Метеролозите предупредуваат на опасност од интензивни […]

Скот: Можно е годинава да биде постигнат компромисот помеѓу Белград и Приштина


Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скoт денеска изјави дека дијалогот Белград – Приштина треба да влезе во поинтензивна фаза и изрази надеж дека компромисот ќе биде постигнат „можеби дури и годинава“. Тој за Радио-телевизија Србија (РТС) нагласи дека е јасно дека ниту Белград ниту Приштина нема да добијат се што сакаат, туку дека е важно […]