Стефановиќ: Барањето за апсење на Вучиќ е повик за пуч


Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работа Небојша Стефановиќ изјави дека барањето на опозицијата за апсење на претседателот на Србија, Александар Вучиќ претставува „повик за пуч“. – Не сакам да се мешам во работата на Обвинителството и на судовите. Но, тука јасно се препознава кривично дело и повик за уривање на уставниот поредок и […]

Пожарот на грчкиот остров Евија ставен под контрола


Големиот пожар што избувна вчера во централниот дел на грчкиот остров Евија, поради кој беше спроведена евакуација на околу 500 лица од две села и еден манастир, денеска е ставен под контрола. Регионалниот управник на Евија, Костас Бакојани соопшти дека „повеќе не постојат активни фронтови на пожарот“ и дека тој е целосно под контрола. Поради […]

ЕК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон


Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романскиот власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата. Таа коментирајќи ги протестите истакна дека би било „корисно“ романската Влада да го „ревидира“ предлог-законот. Демонстрантите во Романија, кои три дена протестираат […]

Голем пожар на грчкиот остров Евија


Во централниот дел на грчкиот остров Евија од вчера бесне голем пожар, поради што власите спроведоа евакуација на две села и еден манастир. Поради пожарот затворен е и дел од главниот пат што минува низ остров, а со цел да овозможат побрзо заминување на оние што сакаат да ја напуштат Евија, властите наредија траект линиите […]

Уапсено едно лице поради закани кон семејството на косовскиот претседател


Приштина – Едно лице од село Јабланица кај градот Клина е уапсено пред два дена поради тоа што упатило закани врз членови на семејството на косовскиот претседател Хашим Тачи во селото Буроја, близу Скендерај. Според косовските медиуми, жителот на Јабланица отишол во семејниот дом на братот на Тачи, каде што им се заканувал на неговите […]

Ердоган:Тие имаат долари, ние го имаме Алах


„Тие ги имаат своите долари, но ние го имаме својот народ, своите права, својот Алах“. Со овие зборови претседателот Реџеп Таип Ердоган им порача на Турците да ги продадат своите долари и злато за да ја поддржат турската лира, чија вредност драматично падна откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во конфликт со својот НАТО-сојузник, удвојувајќи […]

Поради 5 кокошки убил 8 роднини


Албанската полиција рано утрово го уапси Ридван Зикај (24), осомничен дека убил осум члена на своето семејство. Осомничениот Зикај е уапсен километри подалеку од селото Ресуљај, а на 90 километри јужно од Тирана. Потерата за масовниот убиец траела повеќе од 12 часа.Полицијата  го пронајде и калашниковот со кој е извршен масакрот во семејството. Ккао што […]

Грција годинава протерала над четири илјади албански граѓани


Грчките власти во текот на месец јули,поради нелегален престој во земјата, протерала 841 странски државјанин,од нив 377 албански. Полициската статистика потврдува дека во изминатите седум месеци од годинава,пак, протерани се вкупно 7.959 странски државјани од нив 4.267 албански. Остантите странски државјани се од Ирак, Пакистан, Грузија, Бангладеш,Турција, Алжир и Иран. Што се однесува до албанските […]

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос


Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари. Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден […]

Амбасада на САД: Белград и Приштина да предложат свое решение


Американската Амбасада во Белград нагласува дека е време учесниците во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни. Според нив, Белград и Приштина мора да предложат решение кое нема да дојде од страна. САД се подготвени да се вклучат во преговорите за да се изнајде заеднички договор, наведуваат од Амбасадата за српски […]

Грција: Маж крадел од пакетите со донации наменети за погодените од пожарите


Грчката полиција уапси 37-годишен маж додека се обидувал да украде пакети со храна наменета за погодените од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика. Како што јави дописничката на МИА од Атина, чуварот на спортската сала во која се собира хуманитарна помош во населбата Неа Макри забележал две сомнителни лица и веднаш ја известил […]

Вучиќ: Сакаме јасни граници, но успехот на таа идеја не зависи од Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ за Новости и за Блиц даде изјави во кои го објасни неговиот став за разграничување со Косово, кој го изнесе вчера за медиумите во Шид. Тој за Новости изјави дека Србија „сака јасни граници, а не провизорни како што се денес, „во кои едно пишува, а сосем друго е на теренот.“ […]

САД воведува нови санкции кон Русија


Стејт департментот соопшти дека САД ќе воведат нови санкции кон Русија поради употреба на хемиско оружје во обидот за атентат на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Велика Британија. Скрипал и неговата ќерка Јулија на 4 март беа пронајдени во бессознание во англискиот град Солзбери и повеќе недели беа во критична здравствена состојба. По излегувањето […]

Каменос: „Независни Грци“ ќе ја напуштат владата


Пред Договорот од Преспа да дојде во грчкиот парламент, Независни Грци ќе ја напуштат владата, а земјата ќе оди на избори, вели лидерот на партијата Панос Каменос, коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција. Во интервју за радиото „Реал фм“, тој уште еднаш го повтори ставот дека неговата партија нема да […]

Москва забрани влез во Русија за шефот на политичката канцеларија на Коѕијас


Забрана за влез во Русија за директорот на политичката канцеларија на Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати се „контра мерките“ на Москва, откако Атина протера двајца руски дипломати, а за двајца забрани влез. – Како лична порака до министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, би требало да се карактеризира одлуката на Москва да […]

Од Западен Балкан на аџилак во Мека ќе заминат 4.212 верници


Од земјите од Западен Балкан на аџилак во светите муслимански места Мека и Медина ќе заминат 4.212 верници, од коиј најголем број се од Босна и Херцеговина и Косово. Годинава од Македонија на аџилак во Саудиска Арабија ќе патуваат 672 верници, од Албанија 470, од Косово 1.080, од Босна и Херцеговина 1.680, од Србија 235, […]

Русија најголем инвеститор на Западен Балкан


Западен Балкан може да стане алтернативна локација за странски директни инвестиции, објави Виенскиот институт за меѓународни истражувања (WIIW) во извештај, наведувајќи дека причините за ова се недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура. Во извештајот на WIIW за регионален бизнис се вели дека приливот на странски директни инвестиции во 2018 година е под влијание на […]

Весели: Нема да разговараме за поделба на Косово


Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели тврди дека поделба на Косово под ниту едни околности нема да биде тема на дијалогот, и истакна дека финалниот дел од преговорите ќе донесат признавање на Косово и членство во ОН. – Косово ќе учествува во дијалогот, така што финалниот дел од преговорите ќе обезбедат меѓународно обврзувачки договор, што […]

Земјотрес во Индонезија, загинаа 82 лица


Најмалку 82 лица загинаа во силниот земјотрес со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала, кој вчера го погоди индонезискиот остров Ломбок. Илјадници лица се евакуирани од зградите и префрлени во засолништа на отворено. Земјотресот беше почуствуван и на соседниот остров Бали. Индонезиската Влада потврди дека 82 лица загинаа во земјотресот и дека стотици лица […]

Во Грција сменети началниците на полицијата и на противпожарната служба


Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе. Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас. Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.