Избори во Шведска: Подем на екстремната десница


Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“. Весникот наведува дека првичните резултати од вчерашните парламентарни избори покажуваат дека левицата и десницата се речиси изедначени, со тоа што екстремната десница ги подобри своите позиции што ќе и овозможи поголемо влијание во политиката во земјата. […]

Руската православна црква му се заканува на вселенскиот патријарх Вартоломеј


Руската православна црква се закани дека ќе му се одмазди на ривалот со седиште во Истанбул ако дозволи Украина да ги прекине духовните врски со Москва и со тоа да стави крај на руското религиско владеење во земјата. Метрополитот Хиларион, шеф на Одделението за односи со јавност на Руската православна црква, вчера изјави дека ако […]

Русија ја обвини САД за користење фосфорни бомби, Пентагон демантира


Русија ја обвини САД дека во воздушните напади на воени цели на истокот на Сирија користела фосфорни бомби, во зоната со цивили. Користењето фосфорни бомби е забрането согласно меѓународното хуманитарно право. „Два американски авиони Ф-15 во саботата, на 8 септември, го бомбардираа местото Хаџин на подрачјето Деир Езора, користејќи запалива фосфорна муниција“, се наведува во […]

Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет


Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет, соопшти германската компанија за реосигурување „Минхен Ре“. Во презентацијата на Септемвриските средби на реосигурителната бранша во Монако, компанијата истакна дека овој вид ризик би можел да достигне до 10 милијарди долари до 2020 година. – Да се обрне повеќе внимание на кибер-ризиците и кибер-штетите, што […]

Американскиот сенатор Рон Џонсон во посета на Приштина и Белград


Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека САД ги поддржуваат „сите напори за стабилен мир во регионот“. Тој ова го изјави за време на синоќешната средба во Приштин со косовскиот претседател Хашим Тачи, со кој разговараше и за дијалогот и јакнењето на мирот во регионот. Како што е објаено на интернет страницата на косовскиот претседател, Тачи […]

Владејачките социјалдемократи победија на изборите во Шведска


Шведската вкладејачка Социјалдемократска работничка партија победи на вчерашните парлементарни избори во Шведска, но заедно со нејзините коалициски партнери – социјалистичката Лева партија и еколошката Зелена партија, не успеа да обезбеди мнозинство во новиот Парламент. Според се уште неофицијалните изборни резултати, социјалдемократите освоија 28,4 отсто од гласовите и 101 место во 349-члениот шведски Риксдаг, пред конзервативната […]

Повторната изградба на вијадуктот во Џенова ќе чини околу 200 милиони евра


Повторната изградба на урнатиоут вијадукт во Џенева ќе чини од 150 до 200 милиони евра, соопштија локалните власти. Изградбата ќе ја изврши фирмата Финчантиери, во соработка со Италијански патишта, соопшти гувернерот на покраината Лигурија Џовано Тоти. При уривањето на мостот минатиот месец загинаа 43 лица. – Реконструкцијата ќе чини меѓу 150 и 200 милиони евра, […]

Вкупно седум лица повредени во напад со нож во Париз


Вкупно седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во напад со нож што синоќа се случил во Париз. Напаѓачот, кој е упасен, бил вооружен со нож и метална шипка. – Засега нема основи нападот да се окарактеризира како терористички, изјавил полициски претставник. Според истиот извор, напаѓачот веројатно е Авганистанец, кој нападнал непознати на улица […]

Барак Обама: „Што е многу – многу е“


  Барак Обама во саботата се обрати на преполниот митинг на симпатизери на Демократската партија во Јужна Калифорнија и им рече дека е време да ги собујат папучите и да се фрлат на работа за да се осигураат дека партијата ќе го врати мнозинството во Претставничкиот дом по изборите во ноември. Откако го сврти вниманието […]

Вучиќ: „Не сакам да ги менувам границите“


Вучиќ во многу напната ситуација во Косово, која почна уште од раните утрински часови во неделата, со блокада на улиците и истрели од оружје каде што требаше да помине, денеска одржа говор на главниот плоштад во Косовска Митровица. Говорот на Вучиќ беше главно насочен кон Србите што живеат во Косово, а српските медиуми веќе го […]

Околу 300 лица приведени во Русија на протестите поради пензиските реформи


Илјадници поддржувачи на рускиот опозиционер Алексеј Навални се приклучија денеска на протести ширум Русија против планираните владини пензиски реформи. Најмалку 290 демонстранти се уапсени од полицијата, тврди организација за заштита на човековите права. Протестите, од кои некои полицијата ги растури со палки и извлекување на учесниците, се предизвик за властите, кои се надеваат на голема […]

Стив Банон: На Трамп му се заканува преврат


Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со државен удар, изјави неговиот поранешен советник Стив Банон, имајќи ја предвид анонимната статија во весникот “Њујорк тајмс”, во која се наведува несогласувањето во претседателската администрација. – Тоа што го видовме минатиот ден, беше многу сериозно. Тоа е директен напад против институциите. Тоа е преврат, јасно?, истакна Банон за […]

Полицијата на Косово демантира дека имало пукотници во Дреница


Приштина – Полицијата на Косово (ПК) преку соопштение ја информира јавноста за завршувањето на дводневаната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ, а за денешните протести во областа Дреница, со кои Вучиќ беше спречен да го посети селото Бање, оцени дека поминаа на мирен начин и без ниту еден инцидент.. Српскиот претседател попладнево, по завршниот митинг […]

Турција, Русија и Иран ќе тргуваат со своите национални валути


Турција, Русија и Иран планираат да стават крај на хегемонијата на американскиот долар при тргувањето. Трите земји се договорија да ги спроведат меѓусебните трговско-економски операции преку плаќање со националните валути, изјави претседателот на иранската Централна банка, Абдуннасер Химети. Според него, во блиска иднина шефовите на централните банки ќе одржат заедничко советување, на кое ќе го […]

Полицијата во Перт откри пет безживотни тела во околината на градот


Австралиската полиција денеска откри пет безживотни тела, меѓу кои на жена и деца, во едно предградие во градот Перт. Полицијата сослушува момче на 20 годишна возраст, кое дошло денеска во полициска станица во Перт и соопштило за грозоморниот случај. Засега нема официјална потврда од страна на полицијата колку тела се пронајдени во куќата во предградието […]

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист


Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е оптимист по тоа прашање. Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите […]

ЕУ изрази жалење поради спречувањето на Вучиќ да го посети селото Бање


Шефицата на Канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Приштина Наталија Апостолова изјави дека ЕУ жали поради тоа што на српскиот претседател Александар Вучиќ не му беше дозволено да го посети селото Бање кај Скендерај (Србица), јави дописникот на МИА од Приштина. Апостолова во изјава за „Коха Диторе“ рече дека ѝ е жал поради блокадите поставени […]

Уапсени и повредени во вчерашните инциденти во Солун


Од 28 приведени, осум лица се уапсени, меѓу кои двајца малолетници. Повредени се 15 полицајци, а предизвикана е материјална штета на продавници, објекти, на канти за отпадоци и паркирани автомобили во синоќешните инциденти во центарот на Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што јави дописничката на МИА од Атина, маскирани лица палеа канти за […]

Парламентарни избори во Шведска


Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот. Право на глас имаат околу 7,5 милиони луѓе. По изборите составот на новата влада се […]

Загина премиерот на Абхазија во сообраќајна несреќа


Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија. Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија. При анализата не било откриено присуство на […]