Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија


Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и […]

Лавров: САД ги поткопуваат напорите во сите процеси


САД ги поткопуваат напорите да се постигнат меѓународни договори во врска со Блискиот исток, Иран, климата и трговијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН. Лавров истакна и дека Москва ќе направи „се што е можно“ меѓународниот нуклеарен договор на големите сили со Иран да биде зачуван, […]

Вучиќ: Не отидов во Њујорк, не можам да ги слушам истите приказни


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не сакал да оди во Обединетите нации во Њујорк, затоа што таму би морал да разговара и со албански и со светски претставници, со кои, како што рече, не знае за што веќе да разговара, затоа што тој сака суштински напредок во однос на Косово, „а тие не сакаат“. […]

САД го затвораат конзулатот во Ирак


САД одлучија да го затворат конзулатот во ирачкиот град Басра поради безбедносни причини, соопштија американски високи претставници кои барале да останат анонимни. Одлуката следува по ракетниот напад и насилните протести во Басра.

Трамп му нареди на ФБИ да спроведе истрага за обвиненијата против Кавано


Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на ФБИ да ги испита обвиненијата за сексуално злоставување против кандидатот за врховен судија Брет Кавано. – Му наредив на ФБИ да спроведе дополнителна истрага, за да го обнови досието на судијата Кавано, изјави Трамп и додаде дека согласно барањето на Сенатот, исрагата треба да биде ограничена по обем […]

Грција зафатена од медитеранскиот циклон „Зорбас“


Силен ветер и обилни врнежи од дожд носи медитеранскиот циклон кој во Грција го доби името „Зорбас“ и зафати големи делови од земјата. Од Јонското море се движи кон полуостровот Пелопонез, а според прогнозите ќе продолжи кон островот Крит, континентална Грција и областа Атика. Според грчката метеоролошка служба се очекува ветерот да достигне и до […]

Силен тајфун ја погоди Јапонија, има повредени


Неколку лица се повредени откако силниот тајфун Трами го погоди југозападниот јапонски остров Окинава. Се очекува тајфунот викендов да предизвика уште штети, додека поминува низ архипелагот. Според прогнозите, Трами ќе трге кон островот Кјошу, а утре претпладне ќе стигне и до главниот остров Хоншу каде ќе донесе поројни дождови во многу региони, кои ќе траат […]

Најмалку 48 жртви во земјотресот во Индонезија


Индонезиските власти соопштија дека по силниот земјотрес и цунами на брегот кај градот Палу на островот Сулавеси пронајдени се многу тела и оти бројот на жртви се зголемил на 48. Локалните власти информираа дека и утрово продолжиле силни афтершокови, откако градот, кој живее од туризам, го погодија бранови повисоки од три местри кои ги предизвика […]

Без возачка дозвола возел 338 километри на час


Маж од австрискиот град Санкт Пелтен е фатен како со своето „порше 911 ГТЗ“ на автопат го преминува ограничувањето на брзината за 200 километри на час. Полицискиот мерач регистрирал 338 километри на час. Полицијата се обидела да го запре возилото, но не успеала во тоа се дури не добила засилување од повеќе патроли. Тие направиле препрека […]

Девојка тужи авиокомпанија поради сексуален напад


Американката Дилејни Ла тврди дека на лет со авиокомпанијата Делта Ерлајнс седела до пијан патник кој ја допирал непристојно додека спиела, и откако се пожалила, и понудиле ваучер од 200 долари. Девојката сега ја тужи авиокомпанијата за навредливата понуда, како и затоа што непрекинато му служеле алкохол на пијаниот патник, а кога се случил сексуалниот напад, […]

(ВИДЕО) Авион ја промаши пистата и слета во море


Патнички авион ја промашил пистата и слетал во лагуна до меѓународниот аеродром Чук во Микронезија , соопштија официјалните претставници на аеродромот. Само чудо ги спасило 35-те патници и 12 членови на екипажот на авионот на Ер Ниугини од Папуа Нова Гвинеја. Никој од патниците и екипажот на авионот не е сериозно повреден. „Авионот слета во лагуна, 160 метри од пистата. […]

(ВИДЕО) Цунами ја погоди Индонезија


Силниот земјотрес  што денеска го погоди островот Сулавеси сепак предизвика цунами, иако Индонезиската агенција за метеорологија претходно го повлече предупредувањето за можно цунами. – Цунами ги погоди градовите Палу и Донгала  по земјотресот од 7,5 по Рихтер. Во ударот уништени се куќи и семејства се во неизвеснот, соопшти портпарол на националната Агенција за борба со […]

Гутереш: За ОН, Косово не е држава


Српската премеирка Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во Њујорк на маргините на заседанието на Генералното собрание на Светската организација, се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што соопшти српската Влада, Гутереш во разговорот истакнал дека „за Обединетите нации, Косово не е држава“, додавајќи дека ОН ќе го поддржат можниот […]

САД ги бомбардираше Талибанците со „невидлив авион“


Американската војска вчера првпат во борба го употреби својот нов „недвидлив“ авион Ф-35. Најмалку еден од тие нови летала што се сметаат за драгоценост на технологијата, полета од амфибискиот број УСС Есекс и ги бомбардираше талибанските цели во авганистанската покраина Кандахар, соопшти неименуван американски функционер. „Нападот успеа“, додаде тој. Станува збор за авион Ф-35Б на […]

Јапонскиот вселенски брод „Конотори-7“ се поврза со МВС


Јапонија– Јапонскиот беспилотен вселенски брод „Конотори-7“ („Штрк-7″) успешно се поврза со Меѓународната вселенска станица (МВС), соопшти Јапонската воздухопловна вселенска агенција Јакса. Товарниот брод беше лансиран на 23 септември со помош на ракета Х2Б од космодромот Танегашима. На платформата на бродот има нешто над шест тони товар, меѓу кои и залихи за екипажот и литиум-јонски батерии […]

Бангкок е најпосетен град во светот


Бангкок, Лондон и Париз се најпосетените туристички дестинации во светот според бројот на меѓународни посетители како што покажуваат резултатите од годинашната анализа Mastercard Global Destination Cities Index, која донесува листа со 162 најпосетени светски градови. Бангкок трета година по ред е лидер на листата со најпосетени градови во светот. Таму во 2017 година отишле 20,5 […]

Борис Џонсон ја повика Меј да се откаже од предлозите за Брегзит


Англија- Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон ја повика премиерката Тереза ​​Меј да се откаже од нејзините предлози за Брегзит, со што го зајакна притисокот врз неа, во пресрет на годишната конференција на нејзината поделена партија која треба да се одржи за два дена. – Сега е време да се промени курсот на преговорите […]

Трамп побара Сенатот конечно да го избере Кавано за врховен судија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го повика Сенатот да го одобри именување на судијата Брет Кавано на испразнетото место во Врховниот суд на САД. Повикот на Трамп уследи по сослушувањето во Сенатот на Кавано и на докторката Кристин Блејзи Форд, која го обвинува за сексуален напад пред три и пол децении, при што, според американскиот претседател, судијата […]

(ВИДЕО) Лигава шлаканица: Фока удри кајакар со октопод по лице


Неверојатен момент се случи во водите на Каиокура, Нов Зеланд, кога кајакар доби лигава шлаканица по лицето од фока! Фоката веројатно се борела со октоподот за да го улови за ручек кога наишол кајакот во кој веслал изненадениот кајакар. „По забавното веслање околу полуостровот кој го заплискуваа бранови, забележавме огромна машка фока која се бореше […]

Научници тврдат дека откриле како да го сузбијат ХИВ вирусот


Безбеден, проверен третман на антителата може да отвори нови можности за пациентите што живеат со ХИВ вирусот, изјави директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести во американската сојузна држава Мериленд, Ентони Фауци. Бројот на заразени со ХИВ кои користат лекови, на светско ниво постојано расте, но тие мораат да почитуваат строги правила за да […]