„Вашингтон Пост“: Турција поседува докази дека Кашоги е убиен


САД – Турската Влада информирала високи американски претставници дека поседува видео и аудио записи, кои докажуваат дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, тврди весникот „Вашингтон Пост“. Весникот, чиј соработник беше Кашоги, наведува дека снимките укажуваат оти припадници на судиските безбедносни служби го привеле Кашоги по неговото пристигнување во […]

Цариградската патријаршија и даде автокефалност на црквата во Украина


Цариградската партијаршија денеска соопшти дека го почна процесот за давање на независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква. Цариградската патријаршија по денеска одржаниот редовен Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага […]

Ќе се формира турско-саудиска работна група за Кашоги


На предлог на Саудиска Арабија одлучено е да се формира заедничка работна група за расветлување на случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калан. Претходно, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар на на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги. […]

Чавашоглу: Турција очекува целосна соработка од Ријад за Кашоги


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека очекува целосна соработка од Саудиска Арабија за исчезнатиот саудиски новинар на на „Вашингтон Пост“, Џамал Кашоги. Чавушоглу, кој е во посета на Ирак, истакна дека турското обвинителство води „интензивна и сеопфатна истрга“ за случајот. – Сакаме да соработуваме со Саудиска Арабија, бидејќи тоа се случи во саудискиот Генерален конзулат. […]

Во Египет осудени 17 лица на смрт поради напади врз цркви


Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради вмешаност во бомбашки напади врз три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што загинаа повеќе од 80 луѓе. Покрај тоа, осудени се и 19 лица на доживотен затвор поради напади врз цркви во Каиро, во Александрија и во Танта. […]

Ќе се дислоцираат казината и обложувалниците од албанските градови


Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувачници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, посебно во Тирана. Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека до 31 декември сите игри на среќа ќе мора да бидат дислоцирани надвор од […]

Ураганот Мајкл пустоши на Флорида, ги зеде и првите жртви


Околу 320.000 луѓе не се евакуирале на брегот на Мексиканскиот Залив на Флорида пред ударот на ураганот Мајкл, соопшти синоќа официјален претставник на американскиот Црвен крст. Иако државните и локалните претставници издадоа наредба за евакуација за околу 325.000 лица, Управата за вонредни ситуации соопшти дека не е познато колку луѓе ја напуштиле областа, но наведува […]

Данска и Израел одбележуваат 75 години од спасување на Евреите


Израелски и дански претставници денеска одбележаа 75-годишнина од спасување на повеќе од 7.000 Евреи од окупираната Данска, кои со брод беа префрлени во соседна Шведска за време на Втората светска војна. Израелскиот претседател Рувен Ривлин и данскиот премир Ларс Расмусен положија венци во рибарското место Гилелеја, а потоа присуствуваа на церемонија во црква. Околу 7.200 […]

Циклонот Титли усмрти осум луѓе во Индија


Осум лица загинаа откако циклонот Титли ги погоди индиските сојузни држави Андра Прадеш и Ориша. Сите жртви се во Андра Прадеш, а засега нема информации за загинати во Ориша. Шест од жртвите биле рибари. Титли ги погоди источните делови на Индија, корнејќи дрвја, далноводи и уништувајќи куќи, поради што речиси 300.000 луѓе се евакуирани. Циклонот […]

„Газета Експрес“: Брисел нема датум за следна средба Тачи-Вучиќ


Неуспешното продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 7 септември во Брисел, односно одбивањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, го одбележа почетокот на блокадата на неколкугодишниот процес на дијалог за постигнување договор за споровите меѓу Косово и Србија, објави денеска „Газета Експрес“. Освен тоа, […]

За девет месеци убиени се 56 новинари


Во првите девет месеци од годината поради нивната професионална дејност убиени се 56 новинари, што е повеќе од целата 2017 година, се наведува во соопштението на невладината организација Репортери без граници. Организацијата посочува дека 2017 беше година со најмал број на убиства на новинари во последните 14 години, но 2018 година не продолжува таквиот надолен […]

(ВИДЕО) Тепачка во маркет во Лесковац за евтини пилиња


Социјалните мрежи денеска беа преплавени со фотографии и видео-снимки од отворањето на продавниците на „Лидл“ во Србија, а во една од нив речиси избувна и тепачка. На порталот „Југмедија“ беше објавена видоео-снимка од отворањето на „Лидл” во Лесковац, на видеото може да се забалежи дека како луѓето се караат и туркаат кој да земе повеќе […]

(Во живо) Драма во вселената: Двајца космонаути принудно слетаа на земјата по неуспешното лансирање на ракетата „Сојуз“


Руската ракета „Сојуз“ со двајца членови на екипажот имаше дефект за време на лансирањето на патот до Меѓународната вселенска станица. Ракетата беше лансирана од космодромот Бајконур, во Касахстан. „Моторите од втората фаза на ракетата се исклучија“, изјавија од космодромот Бајконур за новинската агенција „Интерфакс“. „Членовите на екипажот се живи. Во моментов се врши принудно слетување“, […]

Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток


Постои доказ дека НАТО му ветил на претседателот на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов дека нема да се шири кон исток, иако генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг го тврди спротивното, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. – Нема пишани гаранции и ништо не е потпишано, но се случил „џентламенски договор“. Друго […]

Објавена снимка како саудискиот новинар влегува во конзулатот во Истанбул


Турската приватна телевизија 24 ТВ денеска емитуваше видеоснимка на која се гледа како исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и како подоцна оттаму излегува црно возило што се упатува кон домот на конзулот. Телевизијата изнесува претпоставка дека Кашоги бил во возилото „мерцедес вито“, кое се потоа се упатило […]

РПЦ: Во Украина ќе избијат протести ако се признае независноста на Украинската патријаршија


Руската православна црква (РПЦ) денеска предупреди дека во Украина можат да избијат протести ако Вселенскиот патријарх ја признае Украинската патријаршија за независна од Москва. Митрополитот Иларион, кој го води одделот за надворешни работи во Москвовската патријаршија, предупреди дека ако украинските власти дозволат конфискување на православните цркви од автокефалната црква, луѓето ќе излезат на улиците за […]

Двајцата осомничени за случајот „Скрипаљ“ биле во Чешка во 2014 година


Двајцата Руси, осомничени од Лондон за обид за труење на Сергеј Скрипал, ја посетиле Чешка во 2014 година, кога таму бил и поранешниот руски двоен шпион, јавува чешкото радио „Радиожурнал“. – Русите најверојатно формирале оперативна група, која го следела Скрипал многу пред обидот за атентат, посочи радиото, цитирајќи „доверлив извор од тајните служби. Според истражувачкиот […]

Се урна словачки воен авион, двајцата пилоти се катапултираа


Во централна Словачка денеска се урна воен тренажен авион, а двајцата пилоти безбедно се катапултираа. Портпаролката на словачкото Министерство за одбрана Данка Цапакова изјави дека авионот Л-39 Албатрос се урна во ненаселена област северно од градот Зволен. Таа додаде дека двајцата пилоти безбедно се катапултирале.

Франс Тимерманс ќе се кандидира за претседател на Европската Комисија


Сегашниот прв потпретседател на Европската Комисија од редовите на холандските социјалдемократи попладнево официјално ќе најави дека се кандидира за претседател на Европската Комисија, објавија медиумите. Тимерманс веќе ја има поддршката на повеќе европски социјалдемократи, меѓу кои и германските, за да биде следниот “шпиценкандидат“ на оваа политичка група на следните избори за Европски Парламент во 2019. […]

Почина „херојот на Егејот“ кој спаси 5.000 мигранти


Капетанот на грчката крајбрежна стража, Киријакос Пападопулос, кој стана познат по пожртвуваноста во спасување животи на илјадници мигранти за време на бегалската криза 2015-16 година, денеска почина од срцев удар. Грчкиот портал „Грик репортер“, во написот под наслов „Почина херојот на Егејот, кој спаси илјадници луѓе, пишува дека 44-годишниот Пападопулос се придружил на грчката крајбрежна […]