Реконструкција на француската Влада


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изврши реконструкција на Владата, именувајќи го шефот на неговата партија „Република во движење“ Кристоф Кастане за министер за внатрешни работи. Министрите за финансии и надворешни работи Бруно Ле Мер и Жан-Ив ле Дриан останаа на своите позиции. Елисејската палата денеска соопшти дека Кастане, кој досега беше државен секретар задолжен за […]

Нападната полициска станица во Атина – повредени четворица полицајци


Група од околу 50 маскирани лица, синоќа со молотови коктели, камења и разни предмети ја нападна полициската станица Омонија во центарот на Атина, а полесно беа повредени четворица полицајци. Според грчките медиуми, групата, прво фрлила молотов на паркирано полициско комбе, а потоа и на полициската станица, по што исчезнале во непознат правец. Двајца полицајци имале […]

За 15 години затворени петтина од весниците во САД


Повеќе од 1.800 американски весници се затворени од 2004 година, зголемувајќи ги „информативните пустини”, каде има мало или никакво локално известување за јавните работи, се наведува во истражувањето на Школата за медиуми и новинарство на Универзитетот во Северна Каролина. Студијата, ажурирана со податоци до 2016 година, покажа дека повеќе од една петтина од локалните дневни […]

Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола


Во Конго за една недела официјално се потврдени 33 случаи на ебола, од кои 24 резултирале со смрт на пациентот, соопшти Министерството за здравство на таа држава. Во текот на изминатата седмица регистрирани се три нови случаи на ебола. Најновите случаи се потврдени меѓу 8 и 14 октомври. Локалните медиуми известуваат дека за уште 200 […]

Се урна саудиски воен авион, нема преживеани


Авион на саудиските Кралски воздухопловни сили се урна за време на обука во северозападниот дел на земјата, при што загинаа сите членови на екипажот. Саудиските медиуми, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана денеска соопштија за вчерашниот инцидент, но без да наведат колку членови на екипажот имало во авионот. Истражители се обидуваат да ја […]

Брегзит, главна тема на разговори на претстојниот ЕУ Самит


Белгија – Преговорите за напуштањето на ЕУ од страна на Велика Британија ќе бидат главна тема на разговорите на шефовите на држави и влади на ЕУ на самитот в четврток и петок. Британската премиерка е поканета на вечера со останатите 27 лидери и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск во среда вечер. Преговорите стануваат сѐ помакотрпни и […]

Сенаторка го докажа потеклото, Трамп должи еден милион долари


САД- Американската демократска сенаторка Елизабет Ворен направила ДНК анализа, со која докажала дека има индијанско потекло, откако претседателот на САД Доналд Трамп повеќе пати ја обвинувал дека лаже. Трамп всушност долги години ја обвинува Ворен дека лаже оти има индијанско потекло, а на неговите митинзи ја нарекуваше и „лажна Покахонтас“. Американскиот претседател во јули оваа година […]

Коѕијас: Без Договорот од Преспа не постои решение


Грција- Без прифаќање на Договорот од Преспа не постои никакво решение, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по состанокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Луксембург и додаде дека дури и со едноставна математика од основно училиште не е можно да се постигне подобар договор за секоја страна, „како што тврдат опозициите во […]

Верниците на РПЦ нема да можат да се молат на Атос


Русија-Верниците на Руската православна црква нема да може да се молат и причестат во црквите и манастирите на полуостровот Атос во Грција поради расколот на РПЦ со Вселенската патријаршија, соопшти портпаролот на рускиот патријарх Кирил, Александар Волков. – Планинатата Атос е (административна) територија на Вселенската патријаршија и се што оди со тоа, изјави Волков за […]

Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае за убиство на Кашоги


САД – Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги по грешка е убиен за време на информативен разговор во Конзулатот на таа држава во Истанбул, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори. Според медиумот, во извештајот се вели дека смртта на Кашоги е резултат на „испрашување што тргнало наопаку“, а […]

Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека 27 земји членки на ЕУ кои ќе останат во Унијата по излезот на Велика Британија, мора да бидат подготвени на тоа дека нема да има договор за Брегзит, што е „најверојатно сценарио“. – Да бидам апсолутно јасен. Фактот дека се подготвуваме да нема договор, не води […]

Бугарската опозиција бара гласање недоверба за Владата


Главната опозициска бугарска Социјалистичка партија поднесе барање за гласање недоверба на Владата на премиерот Бојко Борисов. Социјалистите како причина го наведуваат фактот дека Владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптеретен со многу проблеми. Ова е трето барање на социјалистите за гласање недоверба на Владата, а светските меидуми коментираат дека веројатно и […]

РПЦ ја прекинува евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија


Светиот синодот на Руската православна црква (РПЦ) на денешното заседание во белорускиот главен град Минск, донесе одлука за целосен прекин на евхаристичката комуникација со Цариградската патријаршија. – На заседанието на Светитиот синод беше донесено решение за целосен прекин на комуникацијата со Цариградската патријаршија, изјави по седницата раководителот на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ, митрополитот волоколамски […]

Меркел: Сакаме договор за Брегзит, но не по секоја цена


Германија сака истапувањето на Велика Британија од ЕУ на 29 март следната година да биде уредно со договор, но не по секоја цена, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Говорејќи на Конференцијата на германските извозници во Берлин, Меркел истакна дека се надева оти ЕУ и Велика Британија ќе постигнат договор за Брегзитот, иако во овој […]

Тивката американска граѓанска војна


Румена Бужаровска Специјално за „Независен весник“ Ајова сити, САД – Во екот на скандалот околу изборот на новиот американски врховен судија Брет Кавано, кој е предложен од претседателот Доналд Трамп, во Ајова Сити осамнуваат испечатени листови залепени на бандери на кои пишува „Кавано е силувач“. Покрај декорациите за празникот за Ноќта на вештерките, на прозорците […]

Полицијата стапи во контакт со киднаперот


Германската полиција стапи во конатакт со мажот, кој зеде една жена како заложник на главната железничка станица во Келн. Полицијата се обидува да преговара жената да биде ослободена. Поради заложничката криза затворена и евакуирана е железничката станица, која е една од најголемите во Германија, како и плоштадот зад станицата. – Во контакт сме со мажот. […]

И саудискиот крал нареди истрага за исчезнатиот новинар Кашоги


Саудискиот крал Салман денеска нареди истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги откако турксите власти најавија претрес на саудискиот Конзулат во Истанбул, каде на 2 октомври влезе Кашоги и потоа му се губи трагата. Според турската телевизија НТВ, која се повикува на дипломатски извори, турските власти денеска попладне ќе извршат претсрес во Конзулатот на […]

Северна и Јужна Кореја наскоро ќе се поврзат со железничка и патна мрежа


Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор да започнат со повторно воспоставување железнички и патни мрежи меѓу двете земји. Договорот беше постигнат по дискусијата за акциските планови за изградба на меѓукорејски односи на ново, повисоко ниво, се вели во заедничко соопштение објавено од Министерството за обединување на Јужна Кореја. Јужна и Северна Кореја се согласија […]

Турција ќе изврши претрес на саудискиот конзулат во Истанбул


Турција ќе изврши попладнето претрес во саудискиот Конзулат во Истанбул во обид да пронајде докази за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави дипломатски извор за турски медиуми. Кашоги, кој ја критикуваше политиката на Ријад, исчезна пред речиси две недели откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул. Турција верува дека бил убиен и неговото тело […]

Хант: Се уште без конечен договор за Брегзит


Секретарот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека и натаму има отворени прашања околу договорот за Брегзит. Сепак, тој оцени дека со добра волја е можно постигнување договор кој ќе ги задоволи сите страни. Хант, при доаѓањето на денешниот состанок на министри за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, оцени дека и […]