Ја лажирал сопствената смрт за да земе пари од осигурување, сопругата од тага ги убила децата и себеси


Кинеската полиција уапсила маж што ја лажирал својата смрт за да добие пари од осигурување. Мажот имал сопруга и две деца, а со жена си не го споделил планот за лажирање на сопствената смрт. Три недели по лажната смрт на сопругот, жената ги убила нивните две деца по што си пресудила и себеси. Полицијата сметала […]

Во Русија се урна авион за обука, пилотите се катапултираа


Во јужниот руски регион Краснодар се урна авион за обука Л-39, а двајцата пилоти се катапултираа, соопшти регионалната Служба за вонредни ситуации. Во несреќата нема повредени лица. Според руските медиуми во леталото биле само двајцата пилоти кои се катапултирале.

Ѕанакопулос: Грчката влада останува посветена на Договорот од Преспа


Договорот од Преспа не само што е жив, туку е и централна политичка цел за нас, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за државната телевизија ЕРТ. Во него тој објаснува дека политичката порака од завчерашната владина седница е дека грчката Влада е посветена на Договорот од Преспа. – […]

Оставката на Коѕијас главна тема во Грција


Обвинувањата од Панос Каменос до Никос Коѕијас за лошо водење на тајните фондови, се чини, било тоа што ја прелеала чашата и го натера, сега веќе поранешниот, министер за надворешни работи на Грција да си поднесе оставка. Грчките медиуми, детално ги анализираат причините за повлекувањето на Коѕијас, а несогласувањата на завчерашната владина седница, како за […]

Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул


Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги, турските истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија. Турските експерти од заедничката работна група за истрага на случајот „Кашоги“ рано утрово ја напуштија резиденцијата на саудискиот конзул. Во текот на синоќешната истрага, истражителите извршија детален преглед на објектот […]

Керч: Бројот на убиени порасна на 20, од кои 11 се малолетни


Бројот на жртвите во вчерашниот напад во колеџ во Керч на Крим, се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова. – Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа. Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен […]

Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит


Белгија– Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ. -Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на  работната вечер на […]

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат


САД – Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале  од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“. Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз. -Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите […]

Осомничен за убиството на Кашоги студирал медицина во Австралија


Австралија- Доктор осомничен дека бил дел од наводниот саудиски тим кој е виновен за убиството на новинарот Џамал Кашоги, студирал во Австралија, објави телевизијата Еј-Би-Си. Турските власти утврдија дека докторот Салах ал-Тубаигу бил меѓу 15-те мажи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, кога саудискиот дописник на „Вашингтон пост“ наводно е убиен, а неговото тело […]

Трамп: Спречив војна помеѓу САД и Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за мрежата Си-Би-Ес изјави дека спречил војна помеѓу САД и Северна Кореја, како и дека Кина е поголема закана за САД отколку Русија. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп ова го изјави гостувајќи во шоуто „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес, која е една од најгледаните контактни емисии во […]

Осомничениот за убиството на новинарката Маринова екстрадиран во Бугарија


Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова од бугарскиот град Русе, Северин Красимиров денеска беше екстрадиран од Германија во Бугарија. Како што јави БТА, Красимиров со редовен лет од Германија пристигна на аеродромот во Софија, каде го пречека тим на затворската стража, која ќе го префрли во градот Русе. Се очекува по пристигнувањето во Русе, Красимиров да […]

Меј: Се уште е можен договор за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј изрази уверување дека договорот за Брегзит е остварлив, и покрај ќор-сокакот околу северноирската граница. -Верувам дека сите што се на масата сакаат да се постигне договор и со интензивно работење можеме да го постигнеме тој договор. Верувам дека договорот е можен и сега е време да се случи тоа, рече Меј […]

Коѕијас на Твитер: Сакаа да ме закопаат, заборавија дека сум семе


Никос Коѕијас, кој денеска си поднес еоставка од функцијата министер за надворешни работи на Грција, се огласи и на социјалната мрежа „Твитер“. „Доаѓа моментот, како што вели поетот, кога мораш да одлучиш каде ќе одиш и кого ќе напуштиш. Работната група и повеќе министри ги донесоа своите одлуки вчера, а јас ја донесов својата. Како […]

Саудискиот конзул во Истанбул разрешен


Генералниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мохамад ал Отајби е разрешен и против него ќе биде покрената истрага, објавија саудиските медиуми. Ал Отајби е разрешен и ќе биде под истрага поради исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, кој последен пат на 2 октомври е виден како влегува во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и […]

(ВИДЕО) Бомба на Техничкиот факултет во Керч на Крим, десетина загинати


Експлозијата на Техничкиот факултет во Керч на Крим е предизвикана од рачно изработена експлозивна направа, изјави првиот заменик на шефот на Националната гарда на Русија, Сергеј Меликов. Тој нагласи дека се работи за терористички напад. – Причина за експлозијата е рачно направена експлозивна направа, изјави Меликов. Деканката на факултетот, Олга Гребењикова изјави дека непознат напаѓач […]

Неформална средба Коѕијас – Павлопулос


За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, шефот на грчката дипломатија често го информира грчкиот претседател за […]

Грчки медиуми: Коѕијас се заканил со оставка на вчерашната седница на грчката Влада


Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми. Несогласувањата меѓу двајцата министри Каменос и Коѕијас, како што вчера […]

Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија


Турската православна црква ја тужи Цариградската патријаршија и патријархот Вартоломеј заради одлуката да и даде автокефалност на Црквата во Украина, изјави портпаролката на патријаршијата на Турската православна црква Севги Еренерол. – Поднесовме тужба во која укажавме на тоа дека ова е политички случај, кој не е поврзан со верата. Вартоломеј нема надлежност да испрати свои […]

Опаѓа бројот на браковите во Албанија


Податоците објавени од Државниот институт за статистика на Албанија,ИНСТАТ потврдуваат дека во земјата опаѓа бројот на браковите евидентирани во матичната книга на венчани. – Албанските граѓани се поретко се одлучуваат на брак,што се гледа и од податоците објавени од ИНСТАТ. Тоа се гледа од објавените податоци за 2017 година при што најголем пад на бројот […]

Половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно


И покрај напредокот во намалување на екстремната сиромаштија, речиси половина од светската популација живее со помалку од 5,50 долари дневно. Тенденцијата на пораст на сиромашните продолжува во богатите светски економии, објави Светската банка. Во својот полугодишен извештај, Банката објави широка анализа за сиромаштијата, со цел да покаже заостанување на некои држави, иако делот од нив, […]