Клејтон е нов директор на американското Национално разузнавање


Вашингтон – Џеј Клејтон денеска положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот […]

Трамп сака да смени близок сојузник поради скандалот со базенот во Вашингтон


  Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ја отпушти американската обвинителка Џанин Пиро откако нејзината канцеларија отфрли случај против човек обвинет за вандализирање на базенот пред Линколн меморијал, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два извори запознаени со размислувањето на Трамп. Еден извор рече дека Трамп бил бесен на Пиро и постојано ја критикувал нејзината одлука […]

Опозицискиот политичар Борис Надеждин ја напушти Русија


  Поранешниот руски претседателски кандидат и опозициски политичар, Борис Надеждин, објави дека ја напуштил Русија. Тој објави видео од Париз на својот Телеграм канал. „Има добри вести. Жив сум и слободен. За жал, не сум во Русија. Сега треба да направам преглед на околината и да сфатам како да продолжам понатаму. Ќе пишам за моите […]

Во последните три години 270.000 луѓе се отселиле од Израел


  Ви последните три години, околу 268.000 жители го напуштиле Израел, што е рекорден број на долгорочни заминувања. Студија на истражувачи од Универзитетот во Тел Авив сугерира дека овој тренд може сериозно да им наштети на економијата и безбедноста на земјата. Податоците беа објавени во понеделник од израелските медиуми, а ги објави и агенцијата Анадолија. […]

Фон дер Лајен го пофали Санчез за справување со мигрантската криза во Сеута


  Урсула фон дер Лајен го пофали Педро Санчез за справувањето со 60.000 пристигнувања на мигранти во Сеута и истакна дека епизодата ја истакнува потребата од зајакнување на миграциската политика на ЕУ. „И шпанските и мароканските власти го управуваа ова ефикасно и ефективно, успешно спречувајќи го нелегалното движење кон континентална Шпанија и Европа“, напиша Фон […]

Германскиот канцелар Мерц би можел да ја изгуби функцијата по септемвриските покраински избори


  Внатрешните политики на германскиот канцелар Фридрих Мерц доведоа до низа оставки и назначувања во владата и во парламентарната група, пад на довербата на гласачите и сојузниците и влошување на изборните перспективи на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Раководството на партијата со збунетост гледа како Мерц го поткопува и троши својот авторитет, објавува „ Шпигел“, врз […]

Дрон падна на плажа на руско летувалиште на Црното Море. Тројца загинати многу повредени


  Три лица загинаа, а неколку други се повредени откако делови од дрон паднаа на плажа во туристичкото одморалиште Архипо-Осиповка во близина на Геленџик на брегот на Црното Море во Русија, објавија руските власти. Градот Архипо-Осиповка е административен дел од Геленџик, едно од најпопуларните одморалишта во Краснодарската територија. Гувернерот Венијамин Кондратјев изјави дека украинските беспилотни […]

Загубите на руската армија во јули достигнаа рекордни нивоа за целата војна


  Во јули 2026 година, руските војници имаа 42.860 убиени и ранети, според Генералштабот на вооружените сили на Украина. Ова е највисоката месечна бројка за целата војна, што укажува на постојан пораст на руските загуби од февруари 2026 година, кога тие беа проценети на 26.090, според аналитичарите на Институтот за прочување на Војната (ИСВ). Украинскиот […]

За една недела Русија лансираше 1.900 дронови, 1.600 проектили и 144 ракети во Украина


Руските сили лансираа приближно 1.900 борбени дронови, 1.600 наведувани воздушни бомби и 144 ракети од различни видови против Украина во текот на изминатата недела, насочени кон 16 различни региони. Претседателот Володимир Зеленски ги даде статистичките податоци во изјава во недела, 2 август, истакнувајќи дека интензивното бомбардирање резултирало со оштетување на повеќе од 1.500 објекти, вклучувајќи […]

Руските елити стануваат нетрпеливи, пропагандистите се во паника


Рускиот претседател Владимир Путин се соочува со невиден внатрешен притисок бидејќи неговата владејачка елита станува сè понетрпелива со траекторијата на војната и колапсот на економијата, објавија The Sun и AOL. Видливи личности во внатрешниот круг на Путин наводно ги преместуваат финансиските средства во странство бидејќи кохезијата во Кремљ се распаѓа, предизвикувајќи страв од потенцијален бунт.Герман […]

Блумберг: Пазарот на храна во „совршена бура“


Ескалацијата на војната во Украина, продолжениот топлотен бран во Европа и климатската аномалија во Тихиот Океан ја загрозуваат стабилноста на глобалниот пазар на храна, што потенцијално доведува до забрзана потрошувачка инфлација, открива агенцијата Блумберг. Русија и Украина сочинуваат повеќе од една четвртина од глобалната трговија со пченица, речиси две третини од извозот на сончогледово масло […]

Самоубиствен напад врз полициска станица во Пакистан – најмалку 14 мртви


Најмалку 14 лица загинаа во самоубиствен напад пред полициска станица во северозападен Пакистан, соопштија спасувачките екипи и претставник на регионалната полиција, додека земјата се бори со растечки бунт. Експлозијата се случи во областа Кабал во округот Сват, покраината Хајбер Пахтунхва. Во истата област во недела се одржуваше митинг во поддршка на полицијата, на кој присуствуваа […]

Шпанската влада со денови била предупредувана дека е можен мигрантски бран во Сеута


Повеќе воени и цивилни разузнавачки неименувании извори тврдат дека владата на Шпанија со денови била предупредувана на ризик од масовно доаѓање на мигранти во северноафриканската енклава Сеута, објави „Евроњуз“. Разузнавачките служби алармирале дека кралот на Мароко, Мухамед VI, по повод Денот на тронот би можел да биде „великодушен“. Веднаш потоа пристигнале извештаи дека луѓе со […]

Унгарија и Србија во струјна криза, апели до граѓаните да штедат


Унгарија се соочува со критичен период во следните пет дена, бидејќи најавениот топлотен бран ќе се совпадне со целосното исклучување на единствената нуклеарна централа во земјата за прв пат по речиси половина век, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар изјави на „Фејсбук“ дека електричната мрежа и јавните услуги ќе бидат под голем притисок во […]

Жена самоубиец донела бомба пред луксузен ресторан во Москва


Импровизирана бомба, што жена ја носела, е причината за експлозијата во близина на луксузниот ресторан во центарот на Москва вчеравечер, соопштија властите. Во експлозијата загинаа тројца, а беа повредени најмалку 21 човек.Експлозијата се случила непосредно пред 20 часот по локално време, блиску до италијански ресторан сместен во еден од седумте облакодери од времето на Сталин, на […]

Немилосрдните топлотни бранови во Велика Британија ја претворија „зелената земја“ во кафеава


Половина од Англија и целиот Велс официјално се во суша, а јули се очекува да биде најсувиот месец досега, бидејќи екстремната топлина, интензивирана од климатската криза, продолжува да ги зафаќа Велика Британија и Европа ова лето. Најавите оваа недела од Агенцијата за животна средина на Англија и Природни ресурси Велс го означуваат третиот ваков настан […]

ЕУ ќе одржи итен состанок за Сеута


ЕУ ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи во вторник, поради континуираните поделби во блокот околу пристигнувањето на повеќе од 50.000 мигранти на шпанската територија Сеута во северна Африка. Одлуката ја донесоа претставници на земјите-членки на ЕУ и експерти на граничната агенција Фронтекс на она што беше опишано како „отрезнувачки“ состанок во саботата. […]

Шпанија ќе гради 500 метри заштитна бариера на морската граница


Шпанија најави поставување бариера од 500 метри на морската граница помеѓу шпанската енклава Сеута во Северна Африка и Мароко по масовниот прилив на мигранти оваа недела, објави Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Според шпанската влада, помеѓу 50.000 и 60.000 мигранти ја преминале границата. Бројот на жртви се искачи на 67, но властите во Сеута изјавија  дека […]

Трамп го ставил „на чекање“ најавениот напад врз Иран


 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го ставил на чекање планираниот нов бран воени напади врз Иран поради, како што опиша, напредокот кон дипломатски договор. Трамп на Трут Соушл наведе дека суспензијата е условена со брзо постигнување договор. Тој рече дека американската војска е подготвена да удри со сета своја сила, но дека Иран и […]

Црвен метеоаларм во голем дел на Италија


Топлотниот бран продолжува ширум Италија, а бројот на градови за кои е издаден црвен метео-аларм е значително зголемен, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Како што се наведува, црвеното предупредување денеска важи за 19 од вкупно 27 следени градови, вклучувајќи ги Фиренца, Болцано, Перуџа, Рим, Торино, Болоња, Бреша, Неапол, Венеција и Верона, пренесува „Кориере дела […]