(Видео) Горат две големи руски рафинерии


Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта, „Сизрање“ во регионот Самара и „Иљск“ во регионот Краснодар. Пожари избувнаа во двата објекти, а нападите се дел од поширок бран напади врз цели во Русија во текот на ноќта. Пожар од големи размери избувна во рафинеријата во Сизрање откако локалните жители пријавија десетина […]

(Видео) Тајфун со налети на ветер до 216 км/ч ја погоди Јапонија. Кина се подготвува за удар


Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што шест лица беа повредени, а повеќе од 50.000 згради останаа без струја. Во меѓувреме, Кина ги затвори пристаништата и го прекина фериботскиот сообраќај пред очекуваното пристигнување на бурата на нејзиниот источен брег. Во Окинава, пет постари лица, од кои тројца паднаа поради силни ветрови, претрпеа […]

Американски функционер тврди дека на повидок е договор за Ормуската Теснина


Американски функционер вчера објави напредок во разговорите меѓу Иран и Оман, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормуската Теснина и потенцијално да го обнови извозот на нафта прекинат за време на петмесечната војна на САД со Иран. Американскиот функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Вашингтон очекува наскоро договор […]

Повеќе од 240 заразени со вирусот Западен Нил во Европа


Оваа година е потврдено дека повеќе од 240 луѓе низ Европа се заразени со вирусот Западен Нил. Според неделниот извештај објавен во петок од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на инфекција се регистрирани од почетокот на сезоната на пренос на вирусот до среда. ECDC вели дека 139 случаи […]

Русија повторно изврши ноќни напади врз Киев, и дете меѓу тројцата убиени (видео)


Најмалку три лица, вклучувајќи едно дете, беа убиени во ноќните руски напади во близина на Киев. Во раните утрински часови во саботата, ракети паднаа источно од главниот град, а сведоците рекоа дека слушнале гласни експлозии само неколку дена откако нападите низ Украина во кои загинаа 21 лице. Станбени згради и автомобили беа оштетени, додека пожарот […]

Апелациониот суд пресуди дека Трамп не може да гради сала за балови во Белата куќа без одобрение од Конгресот


Поделениот федерален апелационен суд во петокот пресуди дека администрацијата на Доналд Трамп мора да ја запре изградбата на балската сала во Белата куќа, вредна 400 милиони долари, бидејќи Конгресот не го одобри проектот, одлука што тој ја оцени како „неправедна“, додека ветуваше дека ќе поднесе жалба до највисокиот суд во земјата, пренесува Асошиејтед Прес. Трамп […]

Шпанија од денеска воведува гранични контроли за патници од Италија


 Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот […]

Пратеникот на ОН за Јемен предупредува на ризик од обновен конфликт од големи размери


Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Јемен, Ханс Грундберг, синоќа предупреди за нова ескалација на насилството во Јемен, пренесува ДПА. „Јемен денеска се соочува со поголем ризик од обновен конфликт од големи размери отколку во кој било момент од примирјето посредувано од ОН во април 2022 година“, напиша тој на Икс. Грундберг рече дека неодамнешните […]

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли


Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Италија го отфрла ултиматумот на Шпанија за прекин на граничните проверки по воздушен и поморски пат до 9 август, јави АНСА. Рим ја суспендираше примената на Шенгенскиот договор кон Шпанија по навлегувањето на илјадници мигранти во шпанската енклава Сеута во Северна Африка минатата недела. – Италија не прифаќа […]

Сенатот на САД со големо мнозинство изгласа нови санкции против Русија


Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо мнозинство усвои пакет нови санкции против Русија. За мерките гласаа 86 сенатори, додека 11 беа против. Новите санкции пред сè се насочени кон рускиот сектор за јаглеводороди. Пакетот предвидува санкции против држави кои продолжуваат да купуваат руска нафта, природен гас и други руски суровини, со цел да се […]

Рускиот Врховен суд ќе одлучува за забрана на „Јаблоко“: Притисок врз единствената антивоена партија пред изборите


Рускиот Врховен суд на 10 август ќе ја разгледува тужбата на партијата „Родина“ за поништување на регистрацијата на кандидатската листа на „Јаблоко“ за изборите за Државната дума, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на судот. – Врховниот суд на Русија закажа разгледување на административниот предмет за поништување на регистрацијата на федералната кандидатска листа на партијата […]

Системот ЕЕС прави метеж и доцнења на летовите: Аеродромите принудени повремено да ги исклучуваат контролите


Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги – објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога […]

И Спајдермен во служба на Белата куќа


Вашингтон – Белата куќа ги налути фановите на Марвел со објава на Инстаграм откако го искористи Спајдермен за промоција на Службата за имиграција и царина (ICE). На официјалниот профил беше објавена монтажа со опис „Вашите пријатели од соседството – агенти на ICE“, што предизвика остри критики на интернет, пишува Euronews. Кампања со Спајдермен Објавата се […]

Шпанија ѝ даде рок на Италија да ги укине граничните контроли


Мадрид – Шпанија ѝ постави рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли наметнати на патниците од Шпанија, што Мадрид го смета за неправедно, дискриминаторско и спротивно на интересите на Европската Унија. Доколку Рим не ја повлече одлуката, администрацијата на премиерот Педро Санчез најави „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на своите граѓани, […]

Русија ги отфрла обвинувањата за мешање на Москва во изборите во Франција


Руската амбасада во Париз ги отфрли обвинувањата за наводно мешање на Москва во претстојните претседателски избори во Франција, откако париското обвинителство започна истрага за обвинувањата. – Русија, за разлика од западните земји, нема практика да се меша во внатрешните работи на други држави. Во Франција, за жал, стана вообичаено неосновано да се обвинува Русија за […]

Нов сојуз на регионални сили: Турција, Пакистан и Саудиска Арабија ја зајакнуваат воената соработка


Саудиска Арабија, Турција и Пакистан денес потпишаа договор за колективна одбрана, објави пакистанското Министерство за надворешни работи, пишува АП, со оценка дека ова дополнително ја продлабочи соработката меѓу трите регионални сили во услови на растечки безбедносни предизвици. Во заедничката изјава од трите земји се нагласува дека договорот има за цел да го зајакне колективното одвраќање […]

Германија активира вонредни мерки: Префрлете го товарот на патишта наместо на реки


Германската влада објави вонредни мерки за ублажување на прекините во синџирите на снабдување поради ниските нивоа на реките, сигнализирајќи префрлање на товарот на патишта и железница и долгорочни прилагодувања на инфраструктурата. Мерките треба да ѝ помогнат на економијата да ги зачува синџирите на снабдување на важните водни патишта како што се Рајна, Дунав и Елба, […]

Најмалку седум мртви во пукотница во тајландско училиште (видео)


Најмалку седум лица се убиени, а уште неколку се повредени во пукотница во училиште во Тајланд, објавија локалните медиуми во петокот. Според весникот „Каосод“, повикувајќи се на локалните власти за управување со катастрофи, меѓу загинатите веројатно се тројца наставници, тројца ученици и еден малолетник напаѓач. Мотивот за нападот сè уште не е познат. Се верува […]

Ова се најголемите градови во светот: Девет од десет се наоѓаат на истиот континент


Според најновите податоци од Обединетите нации, Џакарта е најголемата урбана агломерација во светот, со речиси 42 милиони жители. По индонезиската метропола следат Дака, Токио, Њу Делхи и Шангај, а меѓу десетте најголеми градови во светот, само еден се наоѓа надвор од Азија Најновото издание на извештајот на ОН „Перспективи за светска урбанизација 2025“ значително ја […]

Музејот на Жак Ширак ограбен по трет пат за една година


Саран – Музејот на поранешниот француски претседател Жак Ширак во Саран, Корез во централна Франција, е ограбен по трет пат за една година, објавија денес француските медиуми, повикувајќи се на канцеларијата на францускиот обвинител. Последната кражба се случила помеѓу среда вечерта и четврток наутро кога главниот влез во музејот, кој беше отворен во 2000 година […]