Синер прв финалист на турнирот во Пекинг


Италијанскиот тенисер Јаник Синер го денес го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6:3, 4:6 и 6:2 во полуфиналето на турнирот во Пекинг. Натпреварот траеше 2 часа и 22 минути.  Дваесет и четиригодишниот Италијанец постигна седум аса и реализираше три од седум брејк топки. Во финалето, Синер ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу […]

Атаман со проблеми на стартот од Евролигата


Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман се соочува со сериозен проблем пред почетокот на годинашново издание на Евролигата. Сезоната стартува утре (30.септември), а токму тимот на Атаман е еден од фаворитите за освојување на шампионскиот пехар.  Во првото коло Панатинаикос го пречекува тимот на Баерн. Тимот од Атина беше активен во летниот период и донесе неколку […]

Одложен натпревар во Примера поради лошо време


Натпреварот од седмото коло од шпанската Примера е одложен. Причината се лошите временски услови, а дуелот меѓу Валенсија и Овиедо е преместен за утре. Дуелот требаше да се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Местаља“, а новиот термин е утре во 20 часот. Информацијата ја објави клубот домаќин на своите социјални мрежи. […]

Синер во три сета обезбеди четвртфинале во Пекинг


 Италијанецот Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 500 на тврда подлога во кинеската престолнина Пекинг, откако денеска во второто коло го совлада Французинот Теренс Атма со 6:4, 5:7, 6:0 за два часа и 22 минути игра. Синер, кој е прв носител, ја освои титулата во Пекинг во 2023 година. Негов […]

Бугарија прв финалист на СП во одбојка


Бугарија е првиот финалист на Светското првенство (СП) за одбојкари, откако претпладнево во првиот полуфинален дуел во филипинскиот град Пасај сити триумфираше над Чешка со 3:1 (25:20, 23:25, 25:21, 25:22). Противник на Бугарија во борбата за златниот медал ќе биде победникот од денешното второ полуфинале меѓу светскиот шампион Италија и европскиот првак. Ова е второ […]

Турција побара од УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел


Турција официјално стана првата членка на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која јавно повика на суспензија на Израел од меѓународниот фудбал, оценувајќи ја ситуацијата во Газа како „нехумана и неприфатлива“. Агенцијата Анадолија јави дека претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу, испратил во петокот писмо до лидерите на светскиот фудбал, пред седницата на Извршниот комитет […]

Тотенхем планира да го задржи Палиња


Премиерлигашот од Лондон Тотенхем планира по секоја цена да го задржи Жоао Палиња. Клубот е сè поблиску до одлуката да го откупи договорот, откако Португалецот за кус период стана еден од главните играчи. Палиња во Тотенхем дојде минатиот месец како позајмен играч од Баерн Минхен, а веќе ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и на […]

Шампионот на Англија потпиша прв договор со талентот од своите редови


 Големиот талент на англискиот фудбал Рио Нгумоха го потпиша првиот професионален договор со актуелниот првак на Англија – Ливерпул. Крилниот напаѓач кој во академијата на клубот дојде минатата година откако наполни 17 години потпиша договор со „црвените“ на три години. Младиот играч беше дел од младинските екипи на Челзи У18; У19 и У21, но минатата […]

Јоаким Лев за Светското првенство со 64 репрезентации: Бесмислено


Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации. „Тотално преувеличено“, изјави Лев за телевизиската станица „Нитро“, пренесува Топ спорт. „Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за ова и дека ги туркаат таквите планови. Првенство со 48 репрезентации го намалува квалитетот. Здравјето […]

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води


На петката „Матка“ крај Скопје, на 26 и 27 септември (петок и сабота) ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води. Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“. Како што информира за МИА, кајакарот и организатор на натпреварите, […]

Суспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија


Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија. Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ. Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од […]

АБА лигата ќе има нов тим – доаѓа од Саудиска Арабија


Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим. Според порталите од соседна Србија, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување. Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја […]

Германија ќе одржи два референдума за организирање на Олимписките игри во 2036 година


Властите во Хамбург најавија локален референдум на 31 мај 2026 година, во врска со кандидатурата за Летните олимписки игри во 2036, 2040 или 2044 година. Ова ќе биде второ јавно гласање во Германија за овие Игри. Жителите на Минхен ќе гласаат на 26 октомври 2025 година.  Берлин и регионот Северна Рајна-Вестфалија исто така учествуваат во […]

Жуниор Тузолана нов ракометар на Вардар


По неколкудневни тренинзи со екипата, Вардар го ангажираше 30-годишниот Жуниор Тузолана кој игра на позицијата лево крило. Тој доаѓа како замена за Махамаду Кеита кој во следните месеци ќе биде надвор од теренот поради операција на рамото. Ангажманот на Тузолана е до крајот на полусезоната, со можност соработката да продолжи до крајот на оваа натпреварувачка […]

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.  Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер […]

Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“


 Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“ за 2025 година. Дембеле стана шестиот Французин во историјата што ја добил престижната награда. Претходни освојувачи на „Златната топка“ од Франција се Рејмон Копа (1958), Мишел Платини (1983, 1984, 1985), Жан-Пјер Папен (1991), Зинедин Зидан (1998) и Карим Бензема (2022). Франција сега е лидер во светот […]

Медиуми: Реал ќе ја бојкотира церемонијата на доделување на „Златната топка“


Шпанскиот гигант Реал Мадрид донесе одлука да ја бојкотира вечерашната церемонија во Париз за доделување на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер играч во изминатата сезона, објави денеска „Атлетик“. Според истиот извор, одлуката ја донел претседателот на шпанскиот клуб Флорентино Перез, а се поврзува со фактот дека напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор не ја доби […]

Фудбалска револуција, промена на правилото за пенали? „Ќе полудите“


Едуардо Итуралде Гонзалез, поранешен шпански судија, откри во емисијата на „Карусел Депортиво“ дека начинот на изведување на пеналите може да се промени засекогаш. „Еве нешто што може да се случи веќе следната година… Ќе полудите… Едно од најважните фудбалски правила може да се промени – она ​​за изведување пенали“, рече 58-годишниот Итуралде. Според него, новата […]

Вечер доделување на Златната топка, двајца фаворити


Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечер во Париз со почеток во 20 часот. Името на победникот сè уште строго се чува во тајност и е познато само на едно лице. Имено, по минатогодишната церемонија, беше активирано правилото победникот да не биде известен пред самото објавување, а главниот уредник […]

Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“


Македонската ракометна репрезентација е победник на турнирот „Трофеј Македонија“ одржан во Охрид. „Црвено-жолтите“ на крајот го освоија првото место, откако Тунис и Египет денес одиграа 25:25. Нерешениот исход ѝ одговараше на македонската репрезентација. Нашите ракометарки во првото коло го победија Тунис, потоа загубија од Египет, а со Грција не играа поради вирусна инфекција кај гостинките.