Синер триумфираше во Париз и се врати на врвот на АТП рангирањето


Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Париз, откако вечерва во финалето, во два сета, го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим (АТП – 10), со 6:4, 7:6. Синер до победата дојде за еден час и 53 минути и од понеделник повторно ќе биде тенисер број еден во светот, бидејќи со овој триумф го […]

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет


Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска […]

Баерн минатата сезона заработи рекордни една милијарда евра


 Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона. Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот. Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за […]

Мбоко триумфираше во Хонг Конг


Канадската тенисерка Викторија Мбоко го освои ВТА турнирот од серијата 250 во Хонг Конг, совладувајќи ја попладнево Шпанката Кристина Буска со 7-5, 6-7 (9), 6-2 во финалето кое траеше речиси три часа. Деветнаесетгодишната Мбоко, чии родители се преселиле во Канада од Демократска Република Конго на нејзини два месеци, ја освои својата втора титула во своето […]

Синер противник на Оже – Алијасим во финалето во Париз


Италијанецот Јаник Синер и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим ќе играат во финале на тенискиот АТП турнир од серијата Мастерс 1000 во Париз. Синер обезбеди место во финалето, откако вчера во второто полуфинале без поголеми проблеми го совлада Германецот Александар Зверев од Германија со 6-0, 6-1, кој одлучи да игра и покрај проблемите со глуждот. За 24-годишниот […]

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување


Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) објави денеска дека суспендирала 149 судии за период од осум до 12 месеци поради обложување на натпревари, додека против уште тројца се во тек дисциплински постапки. Со истрагата на ТФФ е откриено дека од 571 судии лиценцирани за судење натпревари во професионалните фудбалски лиги во Турција, 371 […]

Барселона се враќа на „Камп Ноу“ на 7 ноември, но само за отворен тренинг


Повеќе од две години по почетокот на реновирањето на „Камп Ноу“, играчите на Барселона ќе се вратат на својот стадион на 7 ноември, но само за тренинг кој ќе биде отворен за јавноста, објави денеска каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница (fcbarcelona.com). „Првиот тим на ФК Барселона официјално ќе се врати на стадионот „Камп Ноу“ […]

Мечот Ѓоковиќ – Циципас во Атина откажан од безбедносни причини


Атина – Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер на сите времиња, нема да игра против Стефанос Циципас пред почетокот на турнирот во Атина, иако натпреварот беше планиран. Пред почетокот на турнирот од серијата 250 во Атина, Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас требаше да се натпреваруваат на мини терен во натпревар кој ќе беше забавен, но грчките […]

НБА одобри продажба на ЛА Лејкерс за 10 милијарди долари


Управниот одбор на НБА лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на милијардерот Марк Волтер. „Се очекува трансакцијата да се комплетира наскоро“, се вели во соопштението на НБА. Претходно, американските медиуми објавија дека Лос Анџелес Лејкерс ќе бидат продадени на Марк Волтер за приближно 10 милијарди долари. Волтер е извршен […]

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија


 Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат. Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1.ноември […]

Неизвесно продолжението на Светскиот куп во скијање – нема снег


 Неочекувани проблеми на стартот од сезоната во Светскиот куп во скијање. Изминатиов викенд се одржаа првите две трка – велеслалом (мажи и жени). Како што е познато стартот на сезоната е во Зелден и тоа е последниот викенд во октомври. Но, по трките во Зелден неизвесно е како ќе продолжи сезоната. Планирани се трки во […]

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика


Македонските ракометни легенди и гостите од Европа синоќа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“. Ракометните легенди беа на сцена, а целиот настап беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“, кое слеваше 20 години од своето постоење. Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и […]

Доживотна суспензија за фудбалерите насилници од Слупчане


Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на групата Север од третата лига донел одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот Беса – Аеродром, одигран во рамки на […]

Ракометен ревијален спектакл во Скопје: Македонски легенди против европски


Под мотото „Легендите на сцена“, денеска (од 19 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијален ракометен спектакл во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кое годинава слави 20 години од своето постоење. За таа пригода, тие одлучија да организираат ревијален ракометен натпревар на македонските легенди против европските, со многу поранешни познати […]

Спалети се согласи да го води Јувентус


Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо. Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите. Последната тренерска позиција на Спалети беше во […]

Нори го елиминираше Алкараз на Мастерсот во Париз


Париз – Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, синоќа загуби од Британецот Камерон Нори, рангиран на 31. место во светот, во второто коло од Мастерсот во Париз, со 6:4, 3:6 и 4:6. Натпреварот траеше 2 часа и 25 минути. Алкараз сервираше осум аса, направи две двојни грешки и реализираше една од пет брејк топки. Нори сервираше […]

Евролига: Баерн го победи Реал, Ѕвезда ја продолжи победничката серија


Минхен – Осум натпревари од 7.коло во кошаркарската Евролига се одиграа вчеравечер.  Баерн Минхен од голема негатива с еврати на средбата со Реал Мадрид и на крај славеше победа.  Црвена ѕвезда немаше проблеми со Лион и ја оствари петтата победа во низа. Постигнати резултати: Црвена ѕвезда – Лион Вилербан 79:65 Жалгирис – Виртус Болоња 86:65 Баерн […]

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина


Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига. Тетовскиот клуб соопшти вечерва дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и […]

Роџерс поднесе оставка на клупата на Селтик


Оставка на клупата на Селтик поднесе Брендан Роџерс, а на негово место шкотскиот шампион привремено ги назначи поранешниот тренер Мартин О ’Нил и поранешниот клупски играч Шон Малони. Оставката на 52-годишниот северноирски стратег дојде поради лошите резултати во домашното првенство и елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони од казахстанскиот Каират Алмати. Во неделата, Селтик […]

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ


Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска го најавија стартот на проектот за изградба на нова современа спортска сала во општина Аеродром, во вредност од над 1 милион евра. Изградбата на овој нов спортски објект ја реализираат Министерството […]