Единствената Супер Златна Топка во историјата беше доделена пред 36 години


Единствената Супер Златна Топка во историјата беше доделена на Бадник во 1989 година. Ја освои Алфредо ди Стефано, кој ги победи играчите како Јохан Кројф и Мишел Платини. Супер Златната Топка беше наградата за најдобриот добитник на Златна Топка до тој момент. Франс Фудбал ќе ја додели повторно во 2029 година. Алфредо ди Стефано го […]

Прогласени најдобрите атлетичари за 2025


Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите за 2025 година, а кај сениорите признанијата им припаднаа: Адријана Попарсова и Андреас Трајковски. Адријана Попарсова (Атлетски Клуб Делта) и Андреас Трајковски (Атлетски Клуб Работнички), се атлетичарите кои со своите настапи, резултати и континуитет ја одбележаа сезоната и поставија високи стандарди за идните генерации. Во младинските категории, признанијата […]

Масар Омерагиќ: Да се обединиме пред баражот со Данска


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на средбата со медиумите порача дека ФФМ во 2025 ја исполнила целата програма што ја најави на почетокот на неговиот мандат. Тој зборуваше за изборот на нов селектор, реформите во младинските категории, стабилизацијата на финансиското работење, судиските стандарди, инфраструктурните проекти и понатамошната реорганизација. Омерагиќ истакна дека во […]

Дончевски и Панчев се простија од Васил Рингов


Веста за заминувањето на Васил Рингов длабоко го потресе фудбалскиот свет, а денес со емотивно писмо се огласи и човекот кој најдобро го познаваше неговиот карактер и лидерство, неговиот тренер и пријател, Андон Дончевски. „Повеќе од големо фудбалско име“ За Дончевски, Рингов не беше само играч во формацијата, туку десната рака на теренот во времињата кога Вардар […]

Венус Вилијамс се омажи за актерот Андреа Прети: Две свадби во Италија и на Флорида


Венус Вилијамс му кажа „Да“ на Андреа Прети. Според Vogue, Венус и Прети официјално се венчаа, прославувајќи ја својата љубов со две одделни свадбени церемонии во Италија и Флорида. Првата свадба на двојката се одржа на 18 септември во Искија, Италија, а Венус за публикацијата забележа дека: „Имавме сон да ја направиме нашата свадба во […]

Марта Стјуарт стана малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси


Свонси – Американската милијардерка Марта Стјуарт (84) му се придружи на својот пријател, раперот Снуп Дог како малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси. Клубот не ги објави финансиски детали, а сопствениците на Свонси доцна синоќа ја пречекаа Стјуарт. „Со задоволство потврдуваме дека Марта, која изгради долга и успешна кариера како водечки американски експерт за […]

Арсенал последен полуфиналист во Лига купот


Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали. Трагичар во редовите на Кристал Палас беше […]

Заминувањето на Васил Рингов: Крај на една ера за македонскиот фудбал


Смртта на Васил Рингов на 70-годишна возраст означува крај на една од најзначајните епохи во македонскиот фудбал. Како легенда на ФК Вардар и поранешен југословенски репрезентативец, неговото наследство ги надминува границите, симболизирајќи го златниот период на скопскиот клуб и неговото меѓународно влијание во осумдесеттите години. Повеќе за Васил Рингов тука

Трагична несреќа во Црна Гора. Поранешен германски фудбалер (34) почина при пад од ски-лифт


Фудбалскиот свет е потресен од тажната вест за смртта на поранешниот германски професионален фудбалер Себастијан Хертнер. 34-годишниот спортист почина во неделата во тешка несреќа во ски-центарот Савин Кук во Црна Гора, откако падна од висина од околу 70 метри од ски-лифт. Трагедијата се случила додека Хертнер и неговата 30-годишна сопруга користеле двосед ски-лифт во ски-центарот […]

Евролигата им изрече високи парични казни на Партизан и Црвена ѕвезда


Минхен – Парични казни во вкупен износ од 87.000 евра им изрече денеска кошаркарската Евролига на белградските ривали Партизан и Црвена Звезда за инцидентите на натпреварот од 15. коло во елитното натпреварување. Во натпреварот, одигран на 12 декември, Партизан ја победи Црвена Звезда со 79:76, а Евролигата објави дека „црно-белите“ се казнети со 59.000 евра, а […]

Почина Васил Рингов, легендарниот македонски и југословенски фудбалер


Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно. По кратко боледување, на 70-годишна возраст почина Васил Рингов, едно од најголемите имиња во историјата на македонскиот и поранешниот југословенски фудбал, објави „Слободен печат“. Рингов беше поранешен македонски и југословенски репрезентативец, а најдлабока и најпрепознатлива трага остави настапувајќи во дресот на ФК Вардар. Во црвено-црниот дрес одигра повеќе […]

Линдзи Вон објави вест што милиони фанови ширум светот ја чекаа


Светот на скијањето конечно ја доби потврдата што со нетрпение ја очекуваше. Линдзи Вон (41), легендарната американска скијачка, ја објави веста со која го отстрани последниот сомнеж за нејзината спортска иднина Иако ја изненади јавноста пред две години враќајќи се од пензија, денес е јасно дека потегот бил целосен успех. На 41 година, Линдзи Вон […]

Претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид ќе одговараат кривично поради фалсификувања


Кривични пријави против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“ Како што информираат од МВР, СВР Охрид поднело кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а […]

Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар


Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски. – Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да […]

Елмас и Наполи го освоија Супер купот на Италија


Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута. Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68.минути. […]

Реал лидер според заработката од телевизиски права


Мадрид – Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид е водечки клуб во Ла Лига според остварени приходи од телевизиските права минатата сезона, објави весникот Марка. Вкупниот износ распределен меѓу шпанските прволигашки клубови во минатата сезона изнесувал 1,29 милијарди евра, од кои Кралскиот клуб инкасирал 157,92 милиони. На второто место е актуелниот шампион Барселона со 156,45 милиони […]

Нејмар успешно опериран


Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар го оперираше левото колено, соопшти денеска неговиот клуб Сантос. Нејмар беше подложен на артроскопија за лекување на скинат медијален менискус. „Операцијата беше успешна и играчот се опоравува добро“, се наведува во клупското соопштение. Операцијата ја изврши лекарот на бразилската репрезентација Родриго Ласмар, кој и претходно го оперираше Нејмар. Бразилецот наскоро ќе […]

Алвеш купува португалски третолигаш


Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ги договори сите детали за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао де Вер, јави денеска ЕСПН. Според истиот извор, Алвеш, воедно, ја разгледува можноста да потпише шестмесечен договор и да настапува за португалскиот нисколигаш. За клубот во моментов настапуваат тројца бразилски фудбалери. Алвеш последен пат се најде на теренот во […]

Пешиќ официјално на клупата на Баерн


Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен. Како што вечерва е објавено на веб-страницата на Баерн, 76-годишниот Пешиќ ќе го предводи германскиот тим до крајот на сезоната. Баерн го раскина договорот на Гордон Херберт со заедничка согласност во саботата. Пешиќ во својата кариера веќе беше […]

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место


Македонската фудбалска репрезентација е на 66. место на најновата ранг-листа на ФИФА, последна за 2025 година. Македонските фудбалери на декемвриската ранг-листа, објавена денеска, назадуваа едно место со идентичен број бодови (1378.57) како и на претходното рангирање. Шпанија остана на првото место, пред Аргентина, Франција и Англија. Од последното рангирање објавено на 19 ноември, одиграни се […]