Почна релито Дакар – годинава тргна од Саудиска Арабија


Швеѓанецот Матијас Екстром (Форд) меѓу возачите на автомобили и младиот Шпанец Едгар Канет (КТМ) меѓу мотоциклистите победија во саботата на прологот на овогодинешното рели Дакар во Јанбу, Саудиска Арабија. Матијас Екстром и неговиот совозач Емил Бергквист го престигнаа вториот екипаж на Форд со Американецот Мич Гатри, трет беше Белгиецот Гијом де Мевиус (Мини). Двата екипа […]

Реал со голем пресврт до триумф над Дубаи во натпревар од Евролигата


 Шест натпревари од  Евролигата беа одиграни вчеравечер, а впечатлива е победата на Реал над Дубаи на свој терен. Шпанскиот великан иако на полувреме губеше со 14 разлика, сепак на крајот се радуваше. Резултати: Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда 65:87 Басконија – Фенербахче 93:108 Панатинаикос – Олимпијакос 82:87 Виртус – Милано 97:85 Реал Мадрид – Дубаи […]

Руските спортисти на ЗОИ во Милано-Кортина ќе бидат без знаме и обележја дури и во случај на мир со Украина


Руските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина нема да можат да ја претставуваат својата земја дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им […]

Венус Вилијамс со 45 години ќе учествува на Австралија опен


Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс доби специјална покана од организаторот за настап на претстојниот Грен слем турнир. Поранешната најдобра тенисерка на светот со ова ќе стане највозрасната тенисерка учесничка на турнирот во Мелбурн. Венус на 17 јуни наполни 45 години. Рекордерка досега беше Кимико Дате која во 2015 година настапи на истиот турнир со 44 […]

Француски фудбалер се здоби со тешки изгореници во пожар во Швајцарија


Францускиот фудбалер Тахирис Дос Сантос е сериозно повреден во пожар што избувна во неговиот стан во Швајцарија. Според локалните медиуми, 19-годишниот Дос Сантос претрпел сериозни изгореници и моментално е во болница, каде што се бори за закрепнување. Дос Сантос е играч на прволигашкиот клуб Мец и игра за Б-тимот. Пожарот избувнал во утринските часови во […]

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките


Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките за претстојното Европско првенство. Националниот тим во првата фаза тренираше во Скопје и Пореч, каде одигра и еден контролен дуел со Хрватска. Во оваа фаза селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани играчи, а тоа значи дека и голманот Мартин Томовски, кој брани во Бундес […]

Премиерлигашите со слаба ефикасност го завршија новогодишното коло


На четирите последни натпревари од 19.коло од Премиер лигата одиграни синоќа беа постигнати само два. Три дуели завршија без голови, што значи дека шест екипи не постигнаа гол. Единствено голови имаше во дуелот на лондонските екипи Кристал Палас – Фулам, а дуелот заврши 1:1. Без голови 0:0 завршија натпреварите Ливерпул – Лидс, Сандерленд – Манчестер […]

Превц, по Оберсдорф, победи и на скокалницата во Гармиш – Партенкирхен


Гармиш Партенкирхен – Словенецот Домен Превц триумфираше денеска на скокалницата во Гармиш Партенкирхен, која беше втора станица од Новогодишната серија во рамки на Светскиот куп во скијачки скокови. По воведниот триумф во Оберсдорф, словенечкиот ски-скокач ја потврди одличната форма и во Гармиш – Партенкирхен, остварувајќи победа со скокови од 143 и 141 метар за кои […]

Малезискиот милијардер се повлече од ФК Сараево


Големи земјотреси го погодија фудбалскиот гигант во соседството. ФК Сараево, предводен од хрватскиот експерт Марио Цвитановиќ, е во тешка финансиска ситуација, а малезискиот инвеститор Винсент Тан сега официјално го напушти клубот. Мирвиќ го презема клубот Клубот потврди дека процесот на консолидација на управувачката структура е успешно завршен, со што формално е заклучена улогата на Винсент […]

Македонски спортисти кои ја одбележаа 2025 година, ракометарите на „Алкалоид“ на врвот на Европа


Македонскиот спорт и оваа година ги одбележа речиси стандардните резултати на меѓународен план, иако може да ги потенцираме резултатите и успесите кои ги постигнаа дел од екипите во екипните спортови. Тука пред се се однесува на ракометот. Ракометниот клуб Алкалоид успесите од 2024 година во ЕХФ Европскиот куп ги комплетираа со освојувањето на пехарот во […]

Ѓоковиќ: Кога Федерер и Надал ги завршија кариерите, си замина и дел од мене


Новак Ѓоковиќ сподели како пензионирањата на Роџер Федерер и Рафаел Надал влијаеле врз него. – Животот е прекрасно патување и мислам дека секој од нас треба да ја раскаже својата единствена приказна и да не копира никого друг. Го велам ова затоа што се обидував да бидам некој поинаков кога се обидував да успеам. Се […]

Роналдо не постигна хет-трик во една година, за прв пат од 2009 година


Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не успеа да постигне хет-трик во една календарска година, за прв пат по 16 години. Последниот пат кога ова се случи беше во 2009 година, кога Португалецот играше за Реал Мадрид. Во 2025 година, Роналдо постигна 41 гол. На 28 декември, напаѓачот беше прогласен за најдобар фудбалер на Блискиот Исток […]

Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен, Канингем и Дончиќ постигнаа дабл-дабл


Детроит ги победи Лејкерси на гостински терен во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата со 128:106. Најдобар стрелец на натпреварот кошаркарот на домашниот тим Лука Дончиќ, кој имаше дабл-дабл со 30 поени, 5 скока и 11 асистенции. За гостите, бекот Кејд Канингем имаше дабл-дабл со 27 поени, 5 скока и 11 асистенции. Детроит е лидер […]

Артета: Арсенал знае што сака во 2026 година и ќе мора да работи напорно за тоа


Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги сумираше впечатоците за постигнатото во 2025 година. „Топчиите“ синоќа ја победија Астон вила со 4:1 во 19. коло од Премиер лигата.  – Годинава беше одлична и лично и професионално. Начинот на кој овие играчи, Арсенал и персоналот ме тераат да уживам во мојата работа секој ден е фантастичен. Знаеме […]

Вардар договори шест натпревари на подготовките во Турција


Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Вардар своите подготовки за настап на вториот дел од сезоната ќе ги одржи во Турција каде ќе одигра шест контролни натпревари. Тренерот Гоце Седлоски ќе го означи стартот на подготовките по новогодишните и божиќните празници, по што тимот на 13 јануари ќе замине за Анталија. Предвидено е […]

Јокиќ избегна посериозна повреда


Повредата на коленото на српскиот кошаркар Никола Јокиќ „не е толку сериозна како што изгледаше на почетокот“, објави денеска Денвер. Во клупското соопштение се прецизира дека станува збор за хиперекстензија на левото колено. Сепак, српскиот центар ќе биде надвор од терените најмалку четири недели, што значи дека Денвер ќе биде без својот најдобар играч околу […]

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти денеска дека ќе формира комисија која ќе спроведе ревизија на едукативниот процес за носителите на тренерски лиценци издадени од Едукативниот центар на ФФМ. Во рамки на ревизијата ќе се утврдува и начинот на кој со ПРО лиценца се стекнал и поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски, „Ревизијата ќе опфати проверка […]

ФФМ со постапка против Сејдини, се сомничи за финансиска измама тешка 700 илјади евра


Според ФФМ, ќе се испита и начинот на кој поранешниот селектор Игор Ангеловски ја добил својата ПРО лиценца Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија на ФФМ против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини. Постапката се покренува поради основано сомнение за измама и […]

ФИФА ќе додели нови награди во Дубаи: „Тоа е град кој живее и дише за фудбал“


ФИФА и Спортскиот совет на Дубаи (DSC) започнаа нова церемонија за доделување фудбалски награди, а официјалното соопштување ќе се одржи на Светскиот спортски самит во Дубаи. На потпишувањето на Меморандумот за разбирање присуствуваа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и претседателот на DSC, шеикот Мансур бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, објави официјалната веб-страница на ФИФА. […]

Де Роси: Не ми се допадна настапот против Рома


Тренерот на Џенова, Даниеле Де Роси, го критикуваше својот тим за прикажаното на синоќешното гостување во Рим. Џенова загуби со 3:1 од Рома во 17. коло од шампионатот во Серија А. – Лут сум и разочаран бидејќи не ми се допадна претставата што ја одигравме. Ова чувство останува и покрај поддршката од моите навивачи, моите […]