ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци


Милано– Со церемонии што ќе се одржат на четири локации, во Милано, Кортина д’Ампецо, Предацо и Ливињо, вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. На ЗОИ 2026 ќе настапат околу 2.900 спортисти од над 90 земји, а четиричлениот македонски олимписки тим го сочинуваат скијачите Јана Атанасовска […]

Македонската олимписка делегација пристигна во Милано


Македонската делегација во чиј состав има четири спортисти, а предводена од Цветанка Макаровски, шеф на делегација пристигна во Милано, каде денес ќе биде Свеченото отворање на 25.Зимските Олимписки игри. Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Милано и Кортина ќе се одржи денес (петок), 6 февруари на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано. Натпреварувањата ќе […]

ЗОИ: Натпреварот Финска – Канада одложен поради случаи на норовирус кај финските хокеарки


Натпреварот од групната фаза помеѓу женските хокеарски репрезентации на Финска и Канада на Олимписките игри е одложен поради случај на вирус кај финскиот тим, објави прес-службата на Организацискиот комитет на Олимписките игри во 2026 година. – Одлуката е донесена по консултација со медицински специјалисти по откривањето на случаи на норовирус кај финскиот тим. Таа е […]

Верстапен со најголема плата помеѓу Ф1 возачите во 2026 година


Порталот „RacingNews365“ ги објави платите на возачите во Формула 1 во 2026 година. Рангирањето не ги вклучува бонусите или договорите со лични спонзори. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е прв на листата, пред Хамилтон, Леклер и Расел. Рангирање на основните плати на возачите во Формула 1 во 2026 година според „Рејсингњуз365“: 1. Макс Верстапен […]

ЗОИ 2026: Канадскиот сноубордер МекМорис хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот


Канадскиот сноубордер Марк МекМорис беше хоспитализиран со хеликоптер по несреќа за време на тренингот пред неговото учество на Олимписките игри во 2026 година. Триесет и двегодишниот спортист тренираше утрово во пресрет на официјалното натпреварување. МекМорис е трикратен освојувач на бронзен олимписки медал во слоупстајл (2014, 2018 и 2022 година). Во 2021 година, Канаѓанецот стана светски […]

Далас го размени Дејвис за кого се откажа од Дончиќ


 Далас маверикс го „трејдуваше“ Ентони Дејвис во Вашингтон, објави инсајдерот Шамс Чаранија на социјалната мрежа X. Токму Дејвис е кошаркарот кој дојде во Далас на местото на Лука Дончиќ. Маверикс ги добија Крис Мидлтон, Еј Џеј Џонсон, Малачи Бранхам и Марвин Бегли од Визардс во замена за 10-кратниот НБА Ол-стар Ентони Дејвис, Џејден Харди, Д’Анџело […]

Клиперси го разменија Харден со Кливленд


Лос Анџелес клиперсе се согласија да го разменат крилниот центар Џејмс Харден со Кливленд Кавалирс за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“. Триесет и шестгодишниот Американец очекува продолжување на договорот. Тој ќе заработи 39,3 милиони долари оваа сезона и има 49,2 милиони долари загарантирана за следната сезона. Дваесет и […]

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска


Македонската фудбалска репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за македонските навивачи обезбеди 1.750 влезници по цена од 3.650 денари, како и дополнителни шест билети за корисници на инвалидски колички. Навивачите на македонскиот национален тим можат […]

Македонските фудбалерки ги почнуваат подготовките за мундијалските квалификации


 Македонската женска фудбалска репрезентација во периодот од 4. до 8. февруари во Дојран ќе одржи тренинг камп со кој официјално ќе ги почне подготовките за настап во квалификациите за пласман на Светското првенство. Избраничките на селекторот Александар Андов ќе ги стартуваат мундијалските квалификации на 3. март со дуелот против Азербејџан на гостински терен, а четири […]

Срамен напад врз Ѓоковиќ од прорежимските луѓе во Србија


  Откако уште лани на почетокот на годината Новак Ѓоковиќ ги поддржа студентите во нивните протести тој се најде на удар на властите во Србија и провладините медиуми. Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, неодамна блесна во Мелбурн каде што загуби во финалето на Австралија Опен од Карлос Алкараз (3:1). Главниот уреднк на режимскиот „Информер“ […]

НФЛ доаѓа во Европа – еве каде ќе биде првиот натпревар следната сезона


НФЛ објави дека првиот натпревар од регуларната сезона на северноамериканската професионална фудбалска лига ќе се игра во Париз следната сезона, а Њу Орлеанс Сеинтс ќе бидат именувани како еден од учесниците. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Стад де Франс“, кој беше домаќин на церемониите на отворање и затворање на Олимписките игри во Париз во […]

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026


 Составот на македонската репрезентација која ќе настапи на Зимската олимпијада претрпи измени. На местото на Мирко Лазаревски, во Италија ќе патува Виктор Петков. За промената информираат од Македонскиот олимписки комитет. – Во интерес на објективното и вистинито информирање на граѓаните и спортската јавност, а со цел да се испочитува во целост законската процедура која не […]

Карим Бензема е новиот фудбалер на Ал Хилал


Ријад – Францускиот фудбалер Карим Бензема е новиот фудбалер на Ал Хилал, објави клубот од Ријад вечерва. Искусниот Французин пристигна од Ал Итихад како слободен играч и потпиша договор на година и пол. Овој трансфер на Бензема во редовите на лидерите во првенството крена голема бура бидејќи Кристијано Роналдо е незадоволен од тоа како се […]

Невидена почит! Јапонски одбојкар „одлизга“ за да се извини (видео)


Потегот на јапонски одбојкар стана вирален, по неговата реакција, откако не сакајќи со топката погоди членка на линиските спортски работници.  Тој, веднаш се затрча и на стомак се лизна под мрежата, пред нејзините нозе, за да се поклони и да ја наведне главада за да искаже колку му е жал.  Коментарите од цел свет изразуваат […]

Хрватските ракометари во Загреб пречекани со песните на Томпсон, во публиката контроверзното знаме и усташки поздрав


Загреб – Хрватската влада синоќа организираше прием за хрватските ракометари на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, а на барање на Хрватскиот ракометен сојуз настапи контроверзниот хрватски пејач Марко Перковиќ Томпсон, кој во своите песни ги промовира усташите и усташтвото, додека во публиката можеа да се видат знамиња од времето на НДХ и шалови со усташкиот […]

Инфантино најави можно укинување на санкциите кон рускиот фудбал


Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања. Ова, денеска во интервју за британскиот телевизиски канал Скај, го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доведувајќи ги во прашање придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал. „Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против […]

Алкараз го откажа настапот во Ротердам поради замор


Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор. „По консултациите со мојот тим, морав да донесам тешка одлука да се повлечам од „ABN AMRO Open“. Ми треба повеќе време да се опоравам од долгиот престој во […]

МОК ги претстави македонските скијачи кои ќе настапат на ЗОИ 2026


Македонскиот олимписки комитет денес им посака успешни настапи на нашите скијачи кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026 Македонските скијачи во Италија ќе заминат со новата официјална опрема на брендот „JOMA“, изработена за потребите на тимот во зимски услови. На денешната прес-конференција, претседателот Даниел Димевски изрази задоволство поради тоа што македонската репрезентација […]

Ѓоковиќ трет на АТП листата, Алкараз убедливо прв


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за една позиција на најновата АТП листа, која беше објавена денес, и моментално е трет играч во светот со 5.280 поени. По освојувањето на Австралија Опен, Шпанецот Карлос Алкараз ја зголеми својата предност на врвот на АТП листата во однос на другите тенисери и сега има 13.650 поени. Алкараз […]

Владата ја презеде организацијата за дочек на хрватските ракометари – Томпсон ќе пее


Владата, во соработка со Хрватската ракометна федерација, ќе организира прием за ракометарите кои освоија бронзен медал на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб во 18 часот и ги покани сите граѓани да се приклучат, потврди министерот Тончи Главина. „Градот Загреб рече не на дочекот, не на ракометарите, не на спортот, владата вели да“, рече Главина. Кога […]