УЕФА го казни Реал Мадрид за нацистички поздрав


УЕФА во петокот објави дека го казнила Реал Мадрид откако еден од неговите навивачи упати нацистички поздрав пред почетокот на нивниот реванш натпревар од плејофот на Лигата на шампионите против Бенфика минатата недела. Дисциплинската комисија на европската фудбалска федрација го казни шпанскиот клуб со 15.000 евра „за расистичко и/или дискриминаторско однесување од страна на навивачите“ […]

Ракометарите на Еурофарм Пелистер први изборија полуфинале во Купот


Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи денеска против Прилеп и вчера против Струга со 44:19. Дуелот против Прилеп беше „финале“ […]

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1


Манама – Неизвесно е одржувањето на трките во формула 1 во Бахреин и во Саудиска Арабија поради војната на Блискиот исток меѓу Израел и САД против Иран. Трката во Бахреин треба да се одржи викендот од 10-12.април, а во Саудиска Арабија една седмица подоцна. Бахреин и Саудиска Арабија со почетокот на војната се на мета на […]

Леброн Џејмс – „човек рекорд“ во НБА лигата


Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс ги поместува границите во НБА лигата и поставува нови рекорди. На дуелот против Денвер, кој неговата екипа го загуби (113:120) постави нов рекорд. Во финишот на првата четвртина успеа да реализира шут. Тоа беше негов 15.838 погоден шут од игра во кариерата, со што го мина легендарниот Карим […]

Натпреварите од Светското првенство ќе бидат прекинати поради реклами


Секоја половина од Светското првенство во 2026 година ќе биде накратко прекината. ФИФА потврди дека ќе бидат воведени паузи од три минути за време на натпреварите, официјално заради хидратација на играчите, но тие исто така ќе им дозволат на радиодифузерите да емитуваат реклами. Одлуката важи за Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Канада […]

Трамп и Меси се запознаа во Белата куќа. Потоа следеше говор за нападот на САД врз Иран


Вашингтон – Претседателот на САД, Доналд Трамп, го искористи приемот во Белата куќа за фудбалерите на Интер Мајами за да се пофали со „тоталното уништување“ на иранските воени сили, додека светски познатиот фудбалер Лионел Меси и неговите соиграчи стоеја зад него. Трамп ги даде своите изјави на почетокот на настанот организиран во чест на победата […]

Британската Влада ќе го бојкотира отворањето и затворањето на ЗПОИ2026


Британската Влада објави синоќа дека ќе ги бојкотира церемониите на отворање и затворање на Зимските параолимписки игри (ЗПОИ), кои ќе се одржат во Милано и Кортина од 6 до 15 овој месец, во знак на протест против враќањето на руските и белоруските натпреварувачи на меѓународните натпревари под своите национални симболи. „Јасно ставивме до знаење дека […]

Македонија назадуваше за две места на ФИБА ранг-листата


Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави најновата ранг-листа на машките сениорски репрезентации. Репрезентацијата на Македонија, по двете победи над Луксембург и Азербејџан во претквалификациите за Евробаскет 2029, назадуваше за две позиции, односно моментно се наоѓа на 62. позиција со 220 поени. Соединетите Американски Држави се на првото место со 893,8 поени, додека Германија го задржа второто […]

УЕФА не се откажува од одржувањето на натпреварот во Доха


Европската фудбалска унија (УЕФА) сè уште планира Доха да биде домаќин на натпреварот меѓу Шпанија и Аргентина, познат како Финале, и покрај конфликтот на Блискиот Исток, објави денес АП. „Во моментов не се разгледуваат алтернативни места за натпреварот. Конечната одлука се очекува на крајот од следната недела“, објави УЕФА за натпреварот закажан за 27 март […]

Колина за новите правила и VAR: Тоа е како брак во криза


Легендарниот судија Пјерлуиџи Колина даде остра проценка за моменталната состојба на VAR, споредувајќи ги проблемите на технологијата со брак во криза. Додека фудбалот се подготвува за серија радикални промени во судиските правила, човекот од кој некогаш се плашеа најдобрите светски играчи сугерира дека почетната лудост за технологијата наиде на сериозни тешкотии, објавува Goal.com. Споредбата на […]

„Макпетрол“ е клуб со најмногу освоени медали на Балканските карате-првенства


    Карате клубот „Макпетрол“ го заокружи билансот од настапите на Балканските првенства во периодот 1999 – 2026 година со вкупно 213 освоени медали: 41 златен, 64 сребрени и 108 бронзени. Овој резултат дополнително ја потврдува позицијата на клубот како најуспешен македонски спортски карате-колектив по број на одличја од Балканските првенства.    Последен придонес во […]

Еурофарм Пелистер и ПСЖ еднакви во ракометен спектакл 34:34


Македонскиот и францускиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и ПСЖ синоќа во Битола приредија спектакл со подеднаков влог кој резултираше со поделба на бодовите. Во натпревар без калкулации, дуелот заврши нерешено 34:34, иако со повеќе спортска среќа битолчани можеа да слават во последниот настап од лигата на шампионите во оваа сезона. Гостите од Париз беа поснаодливи […]

Сабаленка се сврши со бразилски бизнисмен


АРИНА Сабаленка, победничка на Гренд слем турнирите и тенисерка број еден во светот, се сврши со својот партнер Георгиос Франгулис. Франгулис, бразилски бизнисмен, ѝ предложи брак во среда во романтична атмосфера со цвеќе и свеќи и ѝ подари дијамантски свршенички прстен. Сабаленка на почетокот изгледаше целосно изненадена – го покри лицето со рацете пред да […]

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина


Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар. Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот […]

Досега продадени близу два милиони билети за СП2026


Цирих– ФИФА соопшти денеска дека во првите две фази од продажбата на билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико се продадени речиси два милиони влезници. Побарувачката е огромна, а според ФИФА, само апликациите за купување билети се за 3,4 пати поголеми од вкупниот број гледачи […]

Морничави снимки од ОАЕ. Тенисери избегаа среде меч откако дрон предизвика пожар


Тениски меч во Обединетите Арапски Емирати беше прекинат откако остатоците од пресретнат дрон предизвикаа пожар во непосредна близина на теренот. Настанот на АТП Челинџер турнирот во Фуџаира следува по ескалацијата на конфликтот во регионот, каде што ОАЕ е една од земјите цел на иранските напади по воздушните напади на САД и Израел.     Прекин […]

Во Битола гостува францускиот ракометен гигант ПСЖ


Битолската спортска јавност утревечер ќе го проследи ракометниот дуел меѓу македонскиот и францускиот шампион Еурофарм Пелистер и ПСЖ. Во пресрет на натпреварот кај домашниот тим се подгреваат надежите дека последниот настап пред своја публика може да заврши со успех бидејќи, како што велат, против французите секогаш добро и успешно играат. -Ова е последен домашен меч […]

Роналдо ја напушти Саудиска Арабија


Ријад- Приватниот авион на Кристијано Роналдо ја напушти Саудиска Арабија среде ноќ, поттикнувајќи шпекулации дека фудбалската ѕвезда ја напушта земјата поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Ријад, градот каде што 41-годишниот Роналдо живее со својата партнерка Џорџина Родригез и нивните пет деца, беше погоден од ирански бомби за време на четвртиот ден од борбите. […]

Евролигата одложи два натпревари поради воените дејствија на Блискиот исток


Кошаркарската Евролига објави денеска натпреварите од 30 коло меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хапоел Тел Авив се одложени. Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради моменталната безбедносна состојба на Блискиот исток и неможноста за патување по привременото затворање на воздушниот простор. Евролигата објави дека, во соработка со засегнатите клубови, ќе […]

Во напад на Иран убиени одбојкарки. Се огласи Светската одбојкарска федерација


Во напад врз спортска сала во градот Ламерду на југот на Иран, 20 одбојкарки и нивниот тренер беа убиени, а околу 100 лица беа повредени. Според извештаите, меѓу жртвите има и деца кои биле во салата во тој момент, објавува иранскиот телевизиски канал Ал Мајадин. Споменатата телевизија наведува дека Израел е одговорен за нападот што […]