Еве кој игра во четвртфиналето на Лигата на Европа


Познати се четвртфиналистите на УЕФА Лигата на Европа по завршувањето на реваншот од осминафиналето, а сега официјално е јасно како изгледа патот до финалето. УЕФА потврди дека четвртфиналето ќе се игра на 9 и 16 април 2026 година, а големото финале е закажано за мај. Двојки за четвртфиналето Брага – Реал Бетис Фрајбург – Селта […]

Билетите за гостински навивачи во Премиер лигата уште две години по иста цена


Клубовите од Премиер лигата денеска едногласно одлучија за уште две сезони да го продолжат постојното ограничување на цената од 30 фунти за билетите за гостински навивачи. Одлуката на англиските клубови значи дека оваа мерка ќе биде на сила вкупно 12 последователни сезони. Ограничувањето на цената на билетите за гостински навивачи беше воведено во 2016 година […]

Ова се двојките за четвртфиналето на Лигата на шампионите


Четвртфиналето на Лигата на шампионите е комплетирано. Откако Арсенал, ПСЖ, Реал Мадрид и Спортинг го обезбедија своето место во осминафиналето во вторник, во среда ги дознавме сите клубови кои ќе се борат за место во полуфиналето. Барселона, Баерн, Ливерпул и Атлетико Мадрид се приклучија на списокот. Двојки: ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Барселона […]

ФИФА ја објави првата песна од албумот за СП2026


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ја објави првата песна од официјалниот музички албум за Светското првенство кое oва лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. ФИФА на социјалните мрежи објави дел од песната, насловена, „Lighter“, во изведба од Карин Леон и Џели Рол. Песната комбинира елементи на кантри, рок и хип-хоп, што предизвика […]

ЛШ: Барселона со седум голови го декласира Њукасл и обезбеди четвртфинале


 Фудбалерите на Барселона се пласираа вечерва во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако го декласираа Њукасл на Ноу Камп со 7-2 и се пласираа меѓу осумте најдобри екипи со вкупен резултат од 8-3.. Двојни стрелци за Барселона беа Рафиња (6, 72) и Левандовски (56, 61), додека Бернал (18), Јамал (45+7/11 м) и Фермин Лопез (51) […]

Хаотични сцени во Бразил пред трката на Мото ГП, патеката целосно поплавена


  Караванот на Мото ГП се пресели во Јужна Америка за Големата награда на Бразил овој викенд, за прв пат по 22 години. Сепак, временските услови сериозно влијаеја на организацијата на трката на патеката во Гојанија. Обилните дождови што не престануваат од понеделник предизвикаа поплави на реновираниот автодром Аиртон Сена, каде што треба да се […]

Венецуела е светски шампион во бејзбол, го шокира Дрим тимот на САД


  Венецуела победи со 3-2 против репрезентацијата на САД во финалето на светското првенство во бејзбол, два и пол месеци по нападите на САД врз таа земја и киднапирањето на претседателот Николас Мадуро. Тимот на САД беше фаворит за освојување на Светскиот бејзбол класик, но нивниот ѕвезден состав беше неефикасен во поголемиот дел од натпреварот. […]

Артета: Против Баер го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона


Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде свое видување за триумфот од 2:0 над Баер Леверкузен остварен синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Арсенал се претстави одлично. Добро почнавме, целосно доминиравме и создадовме многу шанси пред голот на Баер. Голманот го држеше Леверкузен во игра долго време во првото полувреме. Игравме одлично […]

Шокантна одлука во Африка. На Сенегал му е одземен Купот на нации, Мароко е прогласен за шампион


Жалбениот комитет на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) пресуди дека репрезентацијата на Сенегал го загубила финалниот натпревар од овогодинешниот Африкански куп на нации против Мароко. Натпреварот беше регистриран со резултат 3:0 во корист на Мароко, кои со тоа беа прогласени за шампиони. Одлуката беше донесена по жалбата поднесена од Мароканската федерација, повикувајќи се на членовите […]

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров


Поранешните клубови на трагично загинатиот Андреј Лазаров во несреќата во дискотеката во Кочани, Работнички и Тиквеш ќе одиграат натпревар во негова чест. Двата клуба потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел, кој е закажан за 29.март во Кавадарци, со почеток во 13 часот. Натпреварот ќе има симболично значење и ќе биде посветен на споменот на Лазаров, […]

Очекувано: ФИФА ја отфрли единствената реална шанса на Иран да игра на Светското првенство


Светската управа на фудбалот, ФИФА, ја отфрли можноста за преместување на натпреварите на иранската фудбалска репрезентација на овогодинешното Светско првенство од САД во Мексико. Во текот на денот, првиот човек на Иранската фудбалска асоцијација изјави дека се во тек преговори за преместување на натпреварите од САД во Мексико, со цел да се обезбеди безбедноста на […]

Шпанија место со Аргентина во Финалисима, ќе игра пријателски натпревар со Србија


Шпанската фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Србија на 27 март, објави прес-службата на тамошната федерација. Првично беше закажано тимот да се соочи во Катар со победникот на Копа Америка и освојувачот на Светското првенство, Аргентина, во мечот познат како Финалисима. Сепак, натпреварот беше откажан поради неможноста да се гарантира безбедноста на учесниците поради […]

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027


Македонската женска кошаркарска репрезентација вечер од 18 часот во салата „Градски парк“ во Скопје ја пречекува Хрватска во квалификациите за Евробаскет 2027. Ова ќе биде натпревар од 6.коло во Ф-групата. Гостинките важат за големи фаворитки, но „црвено-жолтите“ ветуваат максимално залагање на својот последен меч од евро-квалификациите.  По гостувањата во Данска, потоа и Грција, нашиот женски […]

Дончиќ е во животна форма. Го наполни кошот и на Хјустон


  Лука Дончиќ ја потврди својата животна форма со настап за победата на ЛА Лејкерс против Хјустон Рокетс (100:92). Ова е шеста победа на Лејкерс по ред и деветта во последните десет натпревари. Дончиќ беше најефикасниот играч на натпреварот со 36 поени (14/27 шут од поле). Додаде шест скока, четири асистенции и две украдени топки. […]

Анчелоти: Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен, тоа не е случај во моментов


Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, одговори на прашањето за причините за изоставувањето на Нејмар од националниот тим. Нејмар не доби повик за настап на пријателските натпревари против Франција (26 март) и Хрватска (1 април). – Нејмар може да оди на Светското првенство ако е 100 проценти подготвен. Зошто не го повикав Нејмар сега? Затоа […]

Иран во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од СП 2026 година од САД во Мексико


Техеран – Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со […]

Победи за кошаркарите на МЗТ Скопје А. и Пелистер


Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер постигнаа победи на денешните дуели од 19.коло од МТел Супер лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада Тиквеш со 88:85, додека Пелистер беше подобар од Гостивар со 93:88. Првакот МЗТ Скопје А. потешко од очекуваното дојде до победата, а првиот и последниот период завршија нерешено, додека вториот им […]

Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Мајами


Мајами – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во […]

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. – Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што […]

Жоан Лапорта по трет пат избран за претседател на Барселона


Жоан Лапорта повторно победи на изборите за претседател на ФК Барселона, објави прес-службата на каталонскиот тим. Гласањето се одржа на 15 март. Конечните резултати беа објавени ноќеска. Лапорта доби 68,18 проценти од гласовите (32.934), лесно победувајќи го својот единствен ривал, Виктор Фонт, кој доби 29,78 проценти (14.385). Шеесет и тригодишниот Лапорта е претседател на ФК […]