Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл


Денвер нагетс ноќеска го победи Мемфис во натпревар од регуларната сезона на НБА со 136:119.  Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл со 14 поени, 15 скока и 10 асистенции. Најефикасен во победничката екипа беше Џамал Мареј со 26 поени. Во поразениот тим се истакнаа Кауард со 27, Хендрикс и Вилијамсон со по 16 поени. […]

Дали Барселона беше оштетена: Еве што велат Флик и поранешен судија


Атлетико ја победи Барселона со 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите на Камп Ноу. Мадридскиот тим ја постигна победата со головите на Хулијан Алварез и Александар Сорлот. Дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, доби директен црвен картон поради прекршок врз Џулијано Симеоне во првото полувреме, а тимот на Диего Симеоне го искористи […]

Атлетико ја победи Барселона со играч повеќе. ПСЖ убедлив против Ливерпул


Одиграни се два натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона – Атлетико Мадрид 0:2 (Алварез 45′, Сорлот 70′) ПСЖ – Ливерпул 2:0 (Дуе 11′, Кваратскелиа 65′) Барселона – Атлетико 0:2 Барселона започна офанзивно од самиот почеток. Во првите минути, Маркус Рашфорд се закани двапати, но голманот на Атлетико, Хуан Мусо, беше сигурен. Домаќините продолжија […]

Македонските ракометарки поразени од Германија во евроквалификациите


Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската […]

Кугларите на „Макпетрол“ ја освоија 25 титула на шампионатот на Македонија


Кугларски клуб „Макпетрол“ испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата […]

Битката за титулата во македонскиот одбојкарски шампионат почнува на 16 април


Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари. Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност […]

Четири каратисти на „Макпетрол“ меѓу најдобрите спортисти на Град Скопје за 2025


Карате клубот „Макпетрол“ има четири свои претставници во изборот за најдобри спортисти за 2025 година, што традиционално го организира Град Скопје.  Во женска конкуренција, во категоријата сениорки, се најдоа Ангела Мојсовска и Викторија Јовановска. Меѓу најдобрите јуниорки беше вброена Јована Мицовска. Стефан Стојановиќ, пак, во машка конкуренција, исто така, влезе меѓу најдоброрангираните јуниори за минатата […]

Лига на шампиони: Баерн го победи Реал, Арсенал поуспешен од Спортинг


Баерн Минхен го победи Реал Мадрид со 2:1 синоќа на првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Гостите го отворија резултатот со голот на Луис Дијаз кон крајот на првото полувреме. Хари Кејн го дуплираше водството во 46. минута. Домаќините намалија во 74. минута преку […]

Макпетрол најуспешен клуб на Државното карате првенство за сениори


Најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа изминатиот викенд во Скопје е Макпетрол.  Каратистите на Макпетрол првенството го завршија со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени. Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0). Третото место им припадна на Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0). Тренерот на Макпетрол Бошко […]

Јувентус лесно до бодовите против Џенова


Фудбалерите на Јувентус ја постигнаа 16.та победа во шампионатот откако попладнево ја совлада Џенова во дуел од 31.коло со 2:0. Двата гола беа постигнати на почетокот на дуелот, а стрелци беа Бремер во 4.минута и Вестон Мекени во 17.минута. Јувентус со 57 бодови се наоѓа на петтото место на табелата. Денеска се одиграа уште два […]

ШК Алкалоид славеше со играчите, пехарите за Николовски и Георгиев


Полувековниот јубилеј клубот ШК Алкалоид го одбележа викендот со организација на шаховски фестивал, во чии рамки се одиграа два турнира – во забрзан и во брзопотезен шах – а на кој имаше играчи од десет европски земји. Отворањето беше збогатено со мала церемонија, на која низ поздравен говор беше потсетено дека овој клуб има 27 […]

Алонсо ги критикува новите болиди: Крајот на херојот зад воланот


Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, продолжува да ги критикува модерните автомобили. Алонсо не се двоуми да го каже своето мислење. Никогаш не го сторил тоа, а во оваа фаза од кариерата сигурно нема да започне. Возачот на тимот на „Астон Мартин“ повторно го посочи проблемот анализирајќи го однесувањето на новите автомобили според […]

Интер ја прекина серијата од три натпревари без победа


Интер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А. Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол. За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) […]

Легендата на Ливерпул Џон Барнс во Македонија


Во организација на Здружението на навивачите на Ливерпул од Македонија големата ѕвезда на Ливерпул Џон Барнс во деновите на викендот ќе биде гостин во Македонија. Главниот настан ќе се одржи во сабота во Битола во „Клуб Расчекор“, каде настанот почнува во 12 часот, а ќе има и заедничко гледање на дуелот од четвртфиналето од ФА […]

Гана ќе го ангажира Јоаким Лев за селектор на претстојниот Мундијал?


Германскиот фудбалски тренер Јоаким Лев е фаворит за преземање на селекторското место на Гана. Фудбалската федерација на Гана на 72 дена пред Мундијалот го отпушти досегашниот селектор Ота Ада и сега се наоѓа во „временски теснец“. Преговорите за Лев биле во завршна фаза и се очекува да биде потпишан во следните денови. Тоа би значело […]

Салах станува најплатен фудбалер на светот


По девет сезони со трофеи и индивидуални признанија Мохамед Салах на крајот од оваа сезона го напушта Ливерпул. За време на репрезентативната пауза Салах објави дека една година пред истекот на договорот ќе го напушти Енфилд. 33-годишниот фудбалер има понуди од неколку клубови од Европа (Италија пред сè), но најверојатно негова следна дестинација ќе биде […]

Оклахома го надигра Лос Анџелес Лејкерс, Дончиќ се повреди


Екипата на Оклахома Сити оствари убедлива победа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс со 139:96, а првиот играч на „езерџиите“ Лука Дончиќ натпреварот го заврши порано поради повреда. Во историјата на НБА лигата ЛА Лејкерс има само шест поубедливи порази од ноќешниот со 43 разлика. Одличната игра на Оклахома во одбраната го ограничи Дончиќ на […]

Лего лансира сетови посветени на Роналдо, Меси и Мбапе. Сплиќанец работеше на нив


Пред Светското првенство во 2026 година, Лего лансираше кампања која ги собра најголемите ѕвезди на денешницата – Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Винисиус Џуниор. Во новата реклама, која брзо стана вирална, четирите фудбалски великани наизменично го составуваат официјалниот Лего сет на трофејот на Светското првенство, а на крајот се натпреваруваат кој ќе ја […]

Уште една оставка во Италија – Буфон замина од репрезентацијата


Рим – Легендарниот голман на Италија Џанлуиџи Буфон потврди дека поднесе оставка на позицијата шеф на националниот тим, по заминувањето на претседателот Габриеле Гравина. Серијата откази доаѓа по непријатниот пораз и елиминацијата од БиХ во баражот, односно неучество на Светското првенство. Италија загуби на пенали и третпат не успеа да избори пласман на Мундијалот. Буфон […]

Прва оставка во фудбалска Италија


Рим– Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина поднесе оставка, пренесуваат медиумите во Италија. Тој на ваков чекор се реши откако фудбалската репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство. Италија во финалето од баражот загуби на гостувањето во Зеница од Босна и Херцеговина по изведување на пенали. Ова ќе биде трето Светското […]