КЛ: Рајо Ваљекано, Кристал Палас, Стразбур и Шахтјор полуфиналисти


Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со […]

Промоција на „Фудбал под сенка“ – биографската книга за Васил Рингов


Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана вечер со почеток во 20 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, соопштија од издавачката куќа „Арс Ламина“. – Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното […]

Англиско полуфинале во Лига Европа


Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа. Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0. Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со […]

Ристовски и Мицкоски на средба со Чеферин: Фокус на развојот на фудбалот во Македонија


Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Владата, оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е во официјална посета на Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ – соопштуваат од Министерството за спорт. На средбата, како што стои во соопштението, се разговарало за идните насоки за […]

СП2026: Алармантен раст на цените на транспортот, навивачите огорчени


Вашингтон – Вртоглавиот раст на билетите за подземната железница до одредени стадиони во САД, во комбинација со превисоките цени на влезниците, предизвикаа големо незадоволство кај фудбалските навивачи чии буџети за мундијалскиот турнир вртоглаво растат. Во Бостон, локалната транзитна управа објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, оддалечен 25 километри, ќе чини 80 долари. […]

Првиот човек на УЕФА во посета на ФФМ, ќе се сретне и со Мицкоски и со Ристовски


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на покана на првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ. Посетата, како што е соопштено, „претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво“. „ФФМ е […]

ЛШ: Баерн во спектакуларен реванш го елиминираше Реал, полуфиналист и Арсенал


Минхенски Баерн и лондонски Арсенал им се приклучија синоќа на ПСЖ и Атлетико Мадрид во полуфиналето во фудбалската Лига на шампиони. Во спектакуларен натпревар од првата до последната минута, Баерн во реваншот од четвртфиналето го совлада Реал Мадрид со 4-3 и со двојна победа го елиминираше Кралскиот клуб, откако и во првиот натпревар во Мадрид […]

Алкараз се повлече од турнирот во Барселона поради повреда


Барселона – Второрангираниот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз, се повлече од турнирот во Барселона поради повреда на десниот зглоб, објавија  организаторите. Алкараз се повреди за време на победата во првото коло над Финецот Ото Виртанен со 6-4, 6-2, но и покрај болката – успеа да го заврши натпреварот. Во второто коло требаше да игра против […]

Дончиќ и Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на НБА


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ и Остин Ривс нема да бидат подготвени за почетокот на првото коло од плејофот на Лејкерси против Хјустон рокетс. – Тие се надвор од терените на неодредено време. Немам вести за вас оваа недела, изјави главниот тренер на Лејкерси, Џеј Џеј Редик за „АП“. Дончиќ (27) има повреда […]

Маскерано поднесе оставка од тренерската функција во Интер Мајами


Интер Мајами објави дека главниот тренер Хавиер Маскерано поднесе оставка. Четириесет и едногодишниот Аргентинец објави дека го напушта клубот од лични причини. – Сакам да ги информирам сите дека, од лични причини, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на Интер Мајами. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам на клубот за […]

Европскиот шампион ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите


Ливерпул/Мадрид – Екипите на ПСЖ и Атлетико Мадрид изборија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите по синоќешните реванш четвртфинални дуели. Европскиот првак ПСЖ и во реваншот постигна победа против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:0 и со вкупни 4:0 го елиминираше англискиот првак. Стрелец на двата гола беше Усама Дембеле во 72 и 90+1 минута. […]

Американците ќе ги „дерат“ навивачите за време на Светското првенство. Еве колку ќе чини билет за воз од центарот на Њујорк до стадионот


   ФИФА веќе ги шокираше навивачите со екстремно високите цени на билетите за Светското првенство, а сега се придружија и градовите.   Додека цените за сместување во градовите домаќини се зголемија неколку пати како што се очекуваше, зголемувањето на цените за превоз во и меѓу градовите не беше очекувано. На Светските првенства во Русија и […]

Начевски – Николов добија две години суспензија од ЕХФ


 Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од страна на Европската ракометна федерација добија суспензија од две години, а ќе мора да платат и 5.000 евра парична казна поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство за мажи. Во соопштението од ЕХФ пишува: „Ракометниот суд на ЕХФ донесе одлука во случајот […]

УЕФА ја отфрли жалбата на Барселона за судењето во Лигата на шампионите


Прес-службата на Комисијата за контрола, етика и дисциплина на Унијата на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја прогласи жалбата на Барселона против судењето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид (0:2) за неприфатлива. -По првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, кој се одржа на […]

Палмер: Заминувањето на Верстапен од Ред Бул изгледа неизбежно, тоа е колапс на една империја


 Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот. – Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува […]

Поранешен германски фудбалер почина по чудна несреќа и судир со елен


Пoранешниот германски бундеслигашки фудбалер Рајнер Виршинг почина на 63-годишна возраст по бизарна несреќа во близина на неговиот дом во Бад Кисинген. Виршинг, кој одигра 72 натпревари во највисоката лига на германскиот фудбал, загина во судир со елен додека возеше велосипед. Неверојатна несреќа Несреќата се случила додека Виршинг бил на редовен тренинг за велосипедизам на федералниот […]

Левандовски би можел да ја напушти Барселона


Роберт Левандовски повторно е во центарот на вниманието во Барселона. Иако во последните недели шпанските медиуми пишуваа дека клубот е подготвен да му понуди нов едногодишен договор, сега од Италија доаѓаат информации што дополнително ја комплицираат целата приказна. Според неколку италијански медиуми, Роберт Левандовски и неговите претставници истовремено разгледуваат други опции за продолжување на неговата […]

ФИФА го отфрли клучното барање на Иран, учеството на Светското првенство под знак прашалник


Како што се приближува Светското првенство, тензиите во фудбалскиот свет растат поради ситуација што сериозно би можела да го загрози натпреварувањето. Учеството на Иран стана многу под знак прашалник откако ФИФА го отфрли нивното барање за преместување на натпреварите од групната фаза во Мексико поради политички тензии со САД. Според мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, светската […]

Индира Кастратовиќ е шеф на делегацијата на Македонија на Светското училишно првенство во ракомет


Легендарната поранешна македонска репрезентативка и ракометна икона, Индира Кастратовиќ е назначена за шеф на делегацијата на Македонија за претстојното Светско училишно првенство во ракомет кое ќе се одржи во Скопје од 21 до 29 април. Македонија за првпат е домаќин на едно вакво големо натпреварување, кое е во организација на Федерацијата на училишен спорт на […]

Познати двојките за плејофот и плејинот на НБА


По завршувањето на регуларниот дел од НБА-лигата, формирани се двојките за разигрувањето за шампионската титула. Победникот од Западната конференција, Оклахома Сити, и Сан Антонио (второпласиран) ќе ги добијат своите противници по плејин рундата. Сан Антонио ќе игра против победникот од плејин натпреварот помеѓу Феникс (7) и Портланд (8). Поразениот од овој натпревар ќе го одреди […]